Западно Каванго (Kavango West) е еден од четиринасетте региони во Намибија. Административен центар на регионот е Нкуренкуру. Овој регион бил создаден во 2013 година, со поделбата на поранешниот регион Каванго на два дела: Источно Каванго и Западно Каванго.

Западно Каванго
Kavango West
регион
Реката Окаванго
Реката Окаванго
Западно Каванго во Намибија
Западно Каванго во Намибија
ДржаваНамибија
СедиштеНкуренкуру
Управа
 • ГувернерСирка Аусику[1] (СВАПО)
Час. појасUTC+2

Географија

уреди

На север регионот се граничи со Ангола, поточно со покраината Куандо Кубанго. Источно се граничи со регионот Источно Каванго, јужно со Очозондјупа, западно со Ошикото и северозападно со Охангвена.

Овој регион, за разлика од голем дел од Намибија, е релативно повлажен и има пообилни врнежни во текот на годината. Поради тоа, регионот е погоден за развој на земјоделието, стопанисување со шуми и слични активности.

Административна поделба

уреди

Регионот е поделен на осум административни единици:[2][3]

Население

уреди

Регионот не е подеднакво населен. Внатрешноста на регионот е слабо населена, а северниот дел покрај реката Каванго има висока стапка на населеност.

Наводи

уреди
  1. „President announces governors“. The Namibian. 10 April 2015. Архивирано од изворникот на 14 April 2015. Посетено на 14 April 2015.
  2. Haufiku, Mathias (22 August 2013). „Kavango awaits second governor“. New Era. Архивирано од изворникот на 31 August 2013. Посетено на 27 August 2013.
  3. Nakale, Albertina (9 August 2013). „President divides Kavango into two“. New Era. allafrica.com. Архивирано од изворникот на 22 October 2014. Посетено на 16 August 2013.

Надворешни врски

уреди

18°15′S 18°55′E / 18.250° ЈГШ; 18.917° ИГД / -18.250; 18.917