Овамбоанци

јужноафриканска етничка група
(Пренасочено од Овамбо)

Овамбо или Овамбоанци, а познати и како Авамбо, Амбо или Овавамбојужноафрикански банту-народ. Овамбоанците се најголема етничка група во Намибија. Народот исто така живее и во покраината Кунене во Ангола.[3][4] Во Намибија околу 50% од вкупното население на државата се Овамбоанци,[1] а во Ангола се малцинство и се околу 2% од вкупното население на Ангола.[5]

Овамбо
Овамбоанци во 20 век
Вкупен број
~1.6 милиони
Подрачја со значајно население
 Намибија~1.2 милиони[1][2]
 Ангола425,000[2]
Јазици
овамбоански јазик
Вероисповед
христијанство (лутеранство)[2]
Сродни народи
други банту-народи

Овамбоанците мигрирале во јужните предели на Намибија од првичната населена област во регионот околу реката Замбези во 14 век. Современото овамбаоанско население брои околу 1,6 милиони луѓе и воглавно се Христијани.[6] Мајчин јазик на Овамбоанците е овамбоанскиот јазик, јазик кој припаѓа на јужната подгрупа на нигер-конгоанските јазици.[7]

Подрачје

уреди

Овамбоанците живеат во северните предели на Намибија, но и во покраината Кунене во Ангола. Оваа територија понекогаш се именува како Овамболенд.[6] Оваа област е релативно рамна, без карпи, со ниска вегетација и со релативно повисока надморска височина.[8]

Во северните делови на Овамболанд има тропска вегетација, каде има обилни сезонски врнежи кога регионот се поплавува и се формираат привремени езерца и острови. За време на сушниот период овие водени површини се исушуваат. Така, луѓето се адаптирале на ваквите временски услови.[9]

Религија

уреди

Овамбоанците денес се воглавно Христијани, поточно лутеранци. Христијанството во Овамболанд пристигнало во 19 век. Првите христјански мисионери биле од Финското мисионерско друштво и дошле во регионот во 1870 година. Така, Овамбоанците го прифатиле Лутеранството. Влијанието на Финското друштво не било само врз религијата, туку и врз културните навики. Така на пример денешниот стил на облекување на жените со марами и долги фустани потекнува од стилот на облекување на финските мисионери од 19 век.[10]

Помалку од 3% од Овамбоанците се следбеници на традиционалната овамбоанска вера. Според традиционалната вера, врховен бог или дух е „Калунга“. Нивните ритуали се сконцентрурани околу свет оган, ритуали слични на останатите африкански религии.[6][11] Калунга ги создал првите маж и жена, кои пак имале една ќерка и два сина. Овамбоанците се потомци на ќерката, според традиционалните митолошки верувања.[12]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Namibia: People and Society Архивирано на 23 април 2020 г., CIA Factbook, United States; "about 50% of the population belong to the Ovambo tribe", total population: 2.4 million
  2. 2,0 2,1 2,2 „The Ambo, Ndonga people group are reported in 2 countries“. Посетено на 25 December 2014.
  3. Ambo people, Encyclopædia Britannica
  4. John A. Shoup (2011). Ethnic Groups of Africa and the Middle East: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 235–236. ISBN 978-1-59884-362-0.
  5. Adebayo Oyebade (2007). Culture and Customs of Angola. Greenwood. стр. 7. ISBN 978-0-313-33147-3.
  6. 6,0 6,1 6,2 Victor L. Tonchi; William A. Lindeke; John J. Grotpeter (2012). Historical Dictionary of Namibia. Scarecrow. стр. 330–331. ISBN 978-0-8108-7990-4.
  7. Ndonga, A language of Namibia; Oshiwambo, A language of Angola, Ethnologue
  8. Jamie Stokes (2009). Encyclopedia of the Peoples of Africa and the Middle East. Infobase. стр. 530. ISBN 978-1-4381-2676-0.
  9. Molefi Kete Asante; Ama Mazama (2008). Encyclopedia of African Religion. SAGE Publications. стр. 717. ISBN 978-1-5063-1786-1.
  10. Anene Ejikeme (2011). Culture and Customs of Namibia. ABC-CLIO. стр. 9–10. ISBN 978-0-313-35891-3.
  11. Harding, J. R. (1968). „Interpreting the 'White Lady' Rock-Painting of South West Africa: Some Considerations“. The South African Archaeological Bulletin. 23 (90): 31. doi:10.2307/3887746.
  12. Anene Ejikeme (2011). Culture and Customs of Namibia. ABC-CLIO. стр. 9–10, 44–45. ISBN 978-0-313-35891-3.

Литература

уреди
  • (германски) Karl Angebauer, Ovambo : Fünfzehn Jahre unter Kaffern, Buschleuten und Bezirksamtmännern, A. Scherl, Berlin, 1927, 257 p.
  • (германски) P. H. Brincker, Unsere Ovambo-Mission sowie Land, Leute, Religion, Sitten, Gebräuche, Sprache usw. der Ovakuánjama-Ovámbo, nach Mitteilungen unserer Ovambo-Missionare zusammengestellt, Barmen, 1900, 76 p.
  • (германски) Wolfgang Liedtke & Heinz Schippling, Bibliographie deutschsprachiger Literatur zur Ethnographie und Geschichte der Ovambo, Nordnamibia, 1840–1915, annotiert, Staatliches Museum für Völkerkunde Dresden, Dresde, 1986, 261 p.
  • Teddy Aarni, The Kalunga concept in Ovambo religion from 1870 onwards, University of Stockholm, Almquist & Wiksell, 1982, 166 p. ISBN 91-7146-301-1.
  • Leonard N. Auala, The Ovambo : our problems and hopes, Munger Africana Library, California Institute of Technology, Pasadena (Cal.), 1973, 32 p.
  • Allan D. Cooper, Ovambo politics in the twentieth century, University Press of America, Lanham, Md., 2001, 350 p. ISBN 0-7618-2110-4.
  • Gwyneth Davies, The medical culture of the Ovambo of Southern Angola and Northern Namibia, University of Kent at Canterbury, 1993 (thesis)
  • Patricia Hayes, A history of the Ovambo of Namibia, c 1880-1935, University of Cambridge, 1992 (thesis)
  • Maija Hiltunen, Witchcraft and sorcery in Ovambo, Finnish Anthropological Society, Helsinki, 1986, 178 p. ISBN 951-95434-9-X
  • Maija Hiltunen, Good magic in Ovambo, Finnish Anthropological Society, Helsinki, 1993, 234 p. ISBN 952-9573-02-2
  • Matti Kuusi, Ovambo proverbs with African parallels, Suomalainen Tiedeakatemia, Helsinki, 1970, 356 p.
  • Carl Hugo Linsingen Hahn, The native tribes of South-West Africa : The Ovambo - The Berg Damara - The bushmen of South West Africa - The Nama - The Herero, Cape Times Ltd., Le Cap, 1928, 211 p.
  • Seppo Löytty, The Ovambo sermon : a study of the preaching of the Evangelical Lutheran Ovambo-Kavango Church in South West Africa, Luther-Agricola Society, Tampere (Finland), 1971, 173 p.
  • Giorgio Miescher, The Ovambo Reserve Otjeru (1911–1938) : the story of an African community in Central Namibia, Basler Afrika Bibliographien, Bâle, 2006, 22 p.
  • Ramiro Ladeiro Monteiro, Os ambós de Angola antes da independência, Instituto Superior de Ciências Sociais e Políticas, Lisbon, 1994, 311 p. (thesis, in (португалски))

Надворешни врски

уреди