Отвори го главното мени

Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави. Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство. Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.


Африканска Унија
الاتحاد الأفريقي
Union africaine
Unión Africana
União Africana
Umoja wa Afrika
Химна
Let Us All Unite and Celebrate Together
Административен центарАдис Абеба, Етиопија
Работни јазици арапски
англиски
шпански
француски
португалски
свахили
Членство 55 африкански земји
Лидери
 •  Претседател Џакаја Киквете
 •  Претседател на комисија Жан Пинг
Основана
 •  како Организација на африканско единство 25 мај 1963 
 •  како Африканска Унија 9 јули 2002 
Површина
 •  Вкупна 29.757.900 км2 (1 ва1)
Население
 •  проценка за 2005 г. 850 милиони 
 •  Густина 25.7 жит/км2 (177 та1)
БДП (ПКМ) проценка за 2003 г.
 •  Вкупен US$ 1.515 трилиони (16 та1)
 •  По жител $1,896 
БДП (номинален) проценка за 2003 г.
 •  Вкупно $514 милијарда 
 •  По жител $643 
Часовен појас (UTC-1 to +4)
1. Ако се смета за една држава.

Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.

ЧленствоУреди

Проблеми на УнијатаУреди

Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.

ЕкономијаУреди

Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.

Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарна унија а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година.[1].

Јазици на Африканската УнијаУреди

Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите.[2] Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како официјални јазици. [3] Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од официјалните јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.

ГеографијаУреди

 
Карта на Африканската Унија.

Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.

Африканската Унија има површина од 29,922,059 km² со 24,165 km² брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.

СимболиУреди

Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.

Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.

Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Profile: African Union“, BBC News, 1 јули 2006 (посет. 10 јули 2006 г).
  2. Article 25, Constitutive Act of the African Union.
  3. Article 11, Protocol on Amendments to the Constitutive Act of the African Union