Намибиски долар
Намибискиот долар (NAD) е службената валута на Намибија од нејзиното воведување во 1993 година па сè до денес. Еден намибиски долар е поделен на 100 намибиски центи.
Намибиски долар | |
---|---|
10 центи, 50 центи, 1 долар и 5 долари | |
ISO 4217 | |
Код | NAD |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | центи |
Симбол | $, N$ |
Банкноти | 10 долари, 20 долари, 30 долари, 50 долари, 100 долари, 200 долари |
Монети | 5, 10, 50 центи, 1 долар, 5 долари, 10 долари |
Демографија | |
Корисник/ци | Намибија (заедно со јужноафрикански ранд) |
Издавач | |
Централна банка | Банка на Намибија |
Мреж. место | bon.com.na |
Вредност | |
Инфлација | 6.8% |
Извор | The World Factbook, 2016 est. |
Врзан со | јужноафрикански ранд, сооднос 1:1 |
Историја
уредиДоларот го заменил јужноафриканскиот ранд, кој пак била службена валута во Намибија за време на јужноафриканската управа на земјата (тогаш именувана како Југозападна Африка). Денес сè уште рандот се користи во Намибија, и службено е прифатлив како валута за трговија во земјата бидејќи намбискиот долар е врзан со рандот. Еден намибиски долар е еден јужноафрикански ранд. Првично постоеле различни имиња за именување на идната намибиска валута (меѓу кои и „Намибиски калахар“), но намибиската влада се одлучила за името „долар“. Првите банкноти се издадени на 15 септември 1993 година.[1]
Монети
уредиМонети во промет
- 5 центи
- 10 центи
- 50 центи
- 1 долар
- 5 долари
- 10 долари
Години на ковање се 1993, 1996, 1998, 2000, 2002, 2008, 2009, 2010, 2012, 2015.
Банкноти
уредиБанкноти во промет се:
- 10 долари
- 20 долари
- 30 долари
- 50 долари
- 100 долари
- 200 долари
Наводи
уреди- ↑ NAMIBIA CURRENCY SPOTLIGHT Архивирано на 26 септември 2020 г. blog.continentalcurrency.ca. Retrieved 2019-06-30.
Надворешни врски
уреди- Heiko Otto (уред.). „The banknotes of Namibia“ (англиски и германски). Посетено на 2017-05-19.
Претходник: јужноафрикански ранд Причина: независност Сооднос: at par |
Валута на Намибија 1993 – Заедно со: јужноафрикански ранд |
Следбеник: Моментална |