Виндхук (англиски и африкаанс: Windhoek, херерски: Otjomuise, намански: ǀAi-ǁGams) е главниот и најголемиот град во африканската држава Намибија. Градот се наоѓа во средишниот дел на државата, во висорамнината „Комас“ на надморска висина од 1700 метри. Според податоците од 2020 година Виндхук имал население од околу 431,000 жители.[4] Градот е во постојан раст, и територијално и во демографска смисла поради бројот на Намибијци кои се доселуваат во Виндхук.

Виндхук
Windhoek(африкаанс/ англиски)
ǀAi-ǁGams (намански)
Otjomuise (херерски)
Windhuk (германски)
Грб на Виндхук
Гесло: Suum Cuique
„За секој негов“
Држава Намибија
РегионКомас
Прво населување1840
Второ основање18 октомври 1890
Управа
 • ГрадоначалникФрансина Кахунгу[1]
 • ЗаменикИјан Субасубани[2]
Површина
 • Вкупна5.133 км2 (1,982 ми2)
Надм. вис.&100000000000016550000001.655 м
Население (2011)[3]
 • Вкупно325,858
 • Густина62,8/км2 (1,630/ми2)
Час. појасSAST (UTC+2)
Поштенски код10005
Тел. код061
Мреж. местоwindhoekcc.org.na

Градот се развил на местото на топли извори, кои пак биле доста познати за локалните народи со векови. Првичната населба нагло почнала да се развива откако Јонкер Африканер се доселил тука во 1840 година и изградил камена црква за неговата заедница која го следела при доселувањето. Следните години биле исполнети со голем број вооружени битки, немири и судири што резултирало со разрушување на населбата. По втор пат градот бил основан во 1890 година од страна на германскиот воен мајор Курт фон Франсоа, во периодот кога Намибија била колонизирана од Германската Империја.

Денес Виндук е социјален, економски, политички и културен центар на Намибија. Скоро секоја општествена, владина или приватна организација има седиште во Виндхук.

Потекло на поимот

уреди

Има повеќе теории за потеклото на името на градот. Повеќето веруваат дека името на градот потекнува од африкаанс, односно холандскиот wind-hoek што значи „ветров агол“. Според друга теорија, капетанот Јонкер Африканер го именувал градот како „Виндхук“ по планините „Виндхук“ во Јужноафриканската Република, каде живееле неговите предци. Прв пат името се споменува во писмото испратено до Џозеф Тиндал од страна на Јонкер на 12 август 1844.[5]

Географија

уреди
 
Поглед кон околината на Виндхук.

Поради географската положба на градот, покрај финансиските рестрикции, ширењето на градот е отежнато. Во јужните, источните и западните предели Виндхук е опколен од карпести и планински предели, со што растот на градот во тој правец е многу скап и отежнат. Јужните предели не се погодни за индустриски развој поради подземни водостои. Поради сето ова, само северниот дел кај Бракватер е погоден за ширење на Виндхук.[6]

Градските власти на Виндхук планираат драстично да ги прошират градските граници па така вкупната површина на градот би била 5133.4 квадратни километри. По површина градот би бил трет по големина во светот, иако бројот на жители е многу помал од другите големи градови по површина во светот.[7]

Населби

уреди
 
Карта на населбите во Виндхук.

Виндхук е поделен на следните населби:[8]

  • Академија
  • Ауасблик
  • Авис
  • Биг Бенд
  • Кимбебасија
  • Дорадо Парк
  • Донкерхук
  • Елисенхајм
  • Ерос
  • Ерос Парк
  • Фридом Ленд
  • Грот Ауб (од септември 2017)[9]
  • Гринвел Матонго
  • Гореангаб
  • Хакахана
  • Хавана
  • [Хохланд Парк
  • Катутура
  • Комасдал
  • Клајде Купе
  • Клајн Виндхук
  • Лафренц Индустриска Област
  • Лудгвигсдорф
  • Луксузхигел
  • Максуилили
  • Северна Индустриска Област
  • Окурјангава
  • Олимпија
  • Омбили
  • Отјомуисе
  • Пионорспарк
  • Просперита
  • Роки Крест
  • Јужна Индустриска Област
  • Судерхоф
  • Таубен Глен
  • Ванахеда
  • Централен Виндхук
  • Северен Виндхук
  • Западен Виндхук

Клима

уреди

Виндхук има над 300 сончеви дена годишно.[10] Градот има топла полупустинска клима со просечна годишна температура од 18 степени. Сепак, температурата годишно е поумерена поради високата надморска висина. Најладен месец е јули со просечна температура од 13 степени, додека пак најтопол е декември со просечна температура од 23 степени. Поради близината на пустината Калахари, има доста сончеви периоди.[11]

Климатски податоци за Виндхук, Намибија
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 36.0
(96.8)
35.8
(96.4)
34.9
(94.8)
31.3
(88.3)
31.8
(89.2)
26.1
(79)
25.7
(78.3)
30.0
(86)
33.2
(91.8)
35.0
(95)
36.5
(97.7)
36.6
(97.9)
36.6
(97.9)
Прос. висока °C (°F) 30.0
(86)
28.6
(83.5)
27.2
(81)
25.6
(78.1)
22.7
(72.9)
20.2
(68.4)
20.5
(68.9)
23.4
(74.1)
26.5
(79.7)
29.1
(84.4)
29.6
(85.3)
30.7
(87.3)
26.1
(79)
Сред. дневна °C (°F) 23.3
(73.9)
22.1
(71.8)
21.0
(69.8)
18.9
(66)
15.8
(60.4)
13.2
(55.8)
13.1
(55.6)
15.8
(60.4)
19.3
(66.7)
21.7
(71.1)
22.5
(72.5)
23.5
(74.3)
19.1
(66.4)
Прос. ниска °C (°F) 17.2
(63)
16.5
(61.7)
15.4
(59.7)
12.8
(55)
9.2
(48.6)
6.7
(44.1)
6.3
(43.3)
8.6
(47.5)
11.9
(53.4)
14.6
(58.3)
15.6
(60.1)
16.9
(62.4)
12.7
(54.9)
Најниска забележана °C (°F) 7.5
(45.5)
6.8
(44.2)
3.7
(38.7)
2.4
(36.3)
−1.6
(29.1)
−2.8
(27)
−2.6
(27.3)
−3.9
(25)
−1.1
(30)
1.6
(34.9)
0.4
(32.7)
3.3
(37.9)
−3.9
(25)
Прос. врнежи мм (ин) 78.1
(3.075)
80.3
(3.161)
78.7
(3.098)
37.7
(1.484)
6.6
(0.26)
1.2
(0.047)
0.7
(0.028)
0.9
(0.035)
2.8
(0.11)
11.8
(0.465)
26.9
(1.059)
41.7
(1.642)
367.4
(14.464)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 11.1 10.7 10.5 5.5 1.9 0.7 0.5 0.3 0.9 2.8 5.3 7.5 57.7
Прос. релативна влажност (%) 42 56 51 44 37 32 27 19 17 22 30 34 34.3
Сред. бр. сончеви часови месечно 288 254 282 273 310 309 326 341 321 319 297 285 3.605
Извор бр. 1: Deutscher Wetterdienst[12]
Извор бр. 2: Danish Meteorological Institute (само сонце)[13]

Демографија

уреди
 
Херерците се забележителни во Виндхук поради својот моден изглед.

Во 1971 година во Виндхук имало само 26,000 белци кои живеат во Винхук, со што ги надминале во број црнците кои биле 24,000 на број. Околу една третина од белците во тоа време, од прилика 9000 жители, биле Германци.[14] Според податоците од 2010, Виндхук имал 325,858 жители, од кои 65% црнци; 17% белци и 18% други.

Во секојдневниот живот на Виндхук најчесто се користи африкаанс, а во помала мера и германскиот, како „лингва франка“. Сепак, владата користи англиски како работен јазик.[15]

Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
198196,057—    
1991147,056+4.35%
2001233,529+4.73%
2011325,858+3.39%
2016395+3.92%
source:[16]

Политика

уреди

Виндхук е единствена самоуправувачка населба во регионот Комас. Градот е управуван од повеќепартиски општински совет која има 15 члена.[17] Советот се состанува еднаш месечно. Членовите немаат административна власт, односно неможат да даваат наредби или да вршат контрола на градскиот персонал.

Меѓународни односи

уреди

Виндхук е збратимен со:[18]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. City of Windhoek, 2019-12-16
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-16. Посетено на 2020-07-09.
  3. „Table 4.2.2 Urban population by Census years (2001 and 2011)“ (PDF). Namibia 2011 – Population and Housing Census Main Report. Namibia Statistics Agency. стр. 39. Посетено на 24 August 2016.
  4. „Windhoek, Namibia Population 1950-2020“. www.macrotrends.net. Посетено на 2020-03-14.
  5. Dierks, Klaus. „The History of ǁKhauxaǃnas. Introduction“. Посетено на 9 July 2010.
  6. "Windhoek's battle for land" Архивирано на 9 декември 2012 г., by Desie Heita; New Era, 10 Feb 2010
  7. Retief, Christo (2 July 2013). „Windhoek slaan Afrika-rekord“ [Windhoek beats Africa record]. Die Republikein. Архивирано од изворникот на 2016-03-24. Посетено на 2020-07-09.
  8. „The Windhoek Structure Plan“ (PDF). City of Windhoek. 1996. стр. 11–12. Посетено на 2 July 2013.[мртва врска]
  9. Ngatjiheue, Charmaine (11 September 2017). „Groot Aub incorporated into Windhoek“. The Namibian. стр. 5.
  10. „Climate and average monthly weather in Namibia“. weather-and-climate.com.
  11. Menges, Werner; Oliveira, Yokany (23 May 2019). „Khomas faces worst drought in 90 years“. The Namibian. стр. 1.
  12. „Klimatafel von Windhuk (Windhoek) / Namibia“ (PDF). Federal Ministry of Transport and Digital Infrastructure. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 May 2019. Посетено на 2 November 2016.
  13. „Stationsnummer 68110“ (PDF). Ministry of Energy, Utilities and Climate. Архивирано од изворникот на 16 јануари 2013. Посетено на 2 ноември 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Reading Eagle - Google News Archive Search“. news.google.com.
  15. Thomas Schoch. 2003. Visit Windhoek, People and languages Архивирано на 22 февруари 2013 г.
  16. Namibia: Administrative Division population statistics
  17. „Know Your Local Authority“. Election Watch (3). Institute for Public Policy Research. 2015. стр. 4.
  18. „Status of Cooperation Agreement“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 16 февруари 2012. Посетено на 1 октомври 2009.
  19. „Berlin – City Partnerships“. Der Regierende Bürgermeister Berlin. Архивирано од изворникот на 21 May 2013. Посетено на 17 September 2013.
  20. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-02-13. Посетено на 2020-07-09.
  21. „Windhoek becomes first San Antonio Sister City in Africa, 10th total“.

Надворешни врски

уреди