Најдолгиот пат (филм)

филм
(Пренасочено од Најдолгиот пат)

„Најдолгиот пат“ — македонски игран филм по сценарио на Петре М. Андреевски, а во режија на Бранко Гапо. Монтажер бил Димитар Грбевски, а музиката ја компонирал Томислав Зографски. Премиерата е одржана во 1976 година. „Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери.[1]

„Најдолгиот пат“
Плакатот на филмот
РежисерБранко Гапо
СценаристПетре М. Андреевски
Главни улогиРисто Шишков
Дарко Дамески
Шишман Ангеловски
Петар Темелковски
Душан Јаниќиевиќ
Мето Јовановски
Ненад Милосављевиќ
Петре Арсовски
Мери Бошкова
Ристо Стефановски
Данчо Чевревски
Панче Васоски - Камџик
Фехми Груби
Рамадан Махмут
Борис Чоревски
Кирил Псалтиров
Сузан Максут
Мите Грозданов
МузикаТомислав Зографски
ДистрибутерВардар филм
Премиера1976
Времетраење126 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Кратка содржина

уреди

Март, 1903 година. Отоманското Царство е во распаѓање. На Балканот уште единствено Македонија не е слободна. Македонското револуционерно движење е во полн растеж. Османлиите прават сè за да го задржат своето последно упориште во Европа. Македонскиот народ е изложен на разни репресии, како што е и одмаздата за укажување заштита и помош на комитите. Во еден таков случај Турците го опколуваат селото во кое е во тек свадбарската свеченост. Пукаат во селаните, ги собираат и повеќето од нив ги одведуваат. Меѓу нив е и младоженецот. Заробените селани, повеќе од двесте, се затворени во тврдина. Ги има од повеќе македонски села. Тука веднаш се изрекуваат пресудите. Најмалата казна е 15, а најдолгата 101 година затвор. Меѓу осудените се и попот и учителот од Врбјани. Селаните ги пренесуваат со воз до Солун. За нивниот транспорт до таму, како и до Турција, е овластен чаушот. Некои од заробениците се подготвуваат за бегство, но тоа е оневозможено заради засилените мерки на претпазливост по повод тукушто извршените акции на гемиџиите во Солун. Следи патување со брод. Целта е Мала Азија. Учителот се обидува да бега, но не успева во тоа. Потоа Македонците повторно се во окови. По пристигнувањето на брегот, чаушот им соопштува на заробениците дека од таму бегањето е невозможно. Пределот низ кој се движат е пустински суров. Македонците се изложени на најразлични понижувања по патот, еден од нив е и начинот на кој се добива храна. По патот се судираат и со курдските племиња кои овие предели ги контролираат како свои. Нападот е одбиен и со помош на затворениците, кои добиваат пушки за да им помогнат на - инаку, малубројните - турски војници. На овој мачен пат и турските војници, кои ги водат затворениците до крајното одредиште ја делат нивната судбина. Еден од затворениците е Синан, Турчин чие присуство на многумина не им е јасно. Тој се спријателува со чаушот, а и по пристигнувањето во една оаза, исто како и другите приложува еден златник за чаушот таа ноќ да може да биде со гостилничарката. На долгиот пат многумина од селаните остануваат боси и нозете им се во рани. По патот пристигнуваат до големата река, Еуфрат, која ја минуваат со чунови. Во блискиот град заробениците имаат можност да купат храна. Многумина се прејадуваат и умираат. Престојот во градот го искористува даскалот и бега, со помош на месното турско население, кое смета дека на овие страдалници треба да им се помогне. Патувањето продолжува. Пристигнуваат до еден антички театар каде што умира попот. Чаушот му ја соопштува на Синан причината за своите ноќни стравувања. Тој го убил својот најдобар пријател поради неговата љубов кон жената на чаушот. Сега чаушот се плаши од одмаздата на неговите браќа. Секула се обидува да побегне. Го фаќаат и за казна му ги засекуваат табаните. Од така осакатениот Секула Турците бараат да игра. Тој го започнува Тешкото. Му се прудружуваат и другите страдалници. Во октомври 1908 година, осудените пристигнуваат на местото каде што ќе ја издржуваат казната. Кога веќе сè е готово, и чаушот е задоволен поради извршената работа, Синан му приоѓа и го убива. Тој е братот на убиениот пријател на чаушот. Осудените ги пречекува грчкиот поп кој им ја соопштува амнестијата. Сите се ослободени и можат да се вратат дома. Осудените тргнуваат повторно на пат. Овој пат тие се сами. Нив нема кој да ги води. Од далечината им се приближува даскалот. Ги очекува пат исполнет со низа опасности. Сите селани пристигнуваат во своите села.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Ристо Шишков Чауш
Дарко Дамевски Секула
Шишман Ангеловски Поп
Петар Темелковски Дуко
Петре Арсовски Јован
Душко Јаниќијевиќ Синан
Данчо Чевревски Стеван
Мето Јовановски Коста
Ненад Милосављевиќ Крсте
Панче Васоски-Камџик Џевдет
Љутви Сејфула Клисар
Гојко Митиќ Омер
Фирдаус Неби Муљезим
Рамадан Махмут Трпе
Џемаил Максут Јоргос
Борис Чоревски Сеиз
Кирил Псалтиров Бегалец
Фехми Груби Хасан
Николина Гравчева Анџика
Сузан Максут Була
Салаетин Билал Кајмакан
Енвер Беџет Писар
Чедо Христов Стојан
Мери Бошкова Мајка
Ристо Стефановски Татко
Крум Стојанов Анџија
Ацо Јовановски Трифун
Димитар Гешоски Солунчанецот
Јанез Врховец Кади аскер

Награди

уреди
  • 1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм
  • 1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера на Киро Билбиловски
  • 1976 ФЈИФ, Пула, Диплома за успешна дебитантска улога на Петар Темелковски
  • 1976 ФФ, Ниш, Награда за најхумана улога за Петар Арсовски
  • 1976 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога за Ристо Шишков
  • 1977 ФЕСТ, Диплома за најдобра камера на Киро Билбиловски

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди