ЖС „Јегуновце“
железничка станица во Македонија
Железничка станица Јегуновце — железничка станица во селото Јегуновце на надморска височина од 389 метри. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на два спрата. Во зградата има мала чекална и билетарница. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје-Кичево.
ЖС „Јегуновце“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица | |
Општи информации | |
Место | Јегуновце Општина Јегуновце Македонија |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Скопје — Кичево |
Местоположба
уредиСтаницата се наоѓа на железничката пруга Скопје-Кичево, во близина на селото Јегуновце и е една од позачуваните и одржуваните железнички станици на оваа пруга, поради што се користи и како крстосница за разминување на возовите. Станицата се наоѓа во северниот дел на Долни Полог на 42,4 километри оддалеченост од главната Железничка станица - Скопје и на 14,7 километри од Тетово.
Галерија на слики
уреди-
Куќи на железничката станица
Надворешни врски
уреди- ЖС „Јегуновце“ на Ризницата ?