ЖС „Ѓорче Петров“

Железничката станица „Ѓорче Петров“железничка станица во Република Македонија, со следниве географски координати: СГШ 42o 01' 04'', ИГД 21o 21' 53''. Се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина веднаш од десната страна на реката Лепенец помеѓу селото Бардовци и населбите Ѓорче Петров, Даме Груев (Геге) и фабриката „Карпош“. Железничката станица Ѓорче Петров е оддалечена 14,2 километри[1] од главната централна железничка станица Скопје и претставува железничка крстосница за пругите кон Кичево и Косово. Станицата е трета постојка и втора железничка станица на пругите кон Кичево и Косово и воедно една од 5-те железнички станици во потесното градско подрачје на Скопје. Пругата и колосеците на железничката станица Ѓорче Петров не се електрифицирани. На железничката станица Драчево, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Кичево и Приштина (Косово).

ЖС „Ѓорче Петров“
ЖС Ѓорче Петров.JPG
Координати42°01′04″N 21°21′53″E / 42.01778° N; 21.36472° E / 42.01778; 21.36472
Колосеци4
Место
Ѓорче Петров is located in Република Македонија
Ѓорче Петров
Ѓорче Петров
Ѓорче Петров (Република Македонија)
Железничката станица „Ѓорче Петров“ погледната од надвозникот за населбата Даме Груев, Скопје

Возен редУреди

НаводиУреди

  1. http://www.mz.com.mk/uploads/Objava%20na%20mreza%202011%20rvi%20izmeni.pdf
  2. Извод од возен редМакедонски железници