ЖС „Гостивар“
Ова е статија за железничка станица. Статијата за истоименото археолошко наоѓалиште се наоѓа тука.
ЖС „Гостивар“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица со колосеците | |
Општи информации | |
Стопанисувач | Македонски железници |
Линии | 6903: Скопје - Кичево (Коридор 8) |
Растојание | 81,5 km (од Скопје) |
Перони | 2 |
Колосеци | 6 |
ЖС „Гостивар“ — железничка станица во градот Гостивар. Се наоѓа на пругата Скопје - Кичево, односно на меѓународниот железнички коридор 8 на линијата која треба да ги поврзува Македонија и Албанија. Таа е 7. станица и 14. постојка на овие пруги. Железничката станица е сместена на самиот источен крај на градот Гостивар, непосредно на левиот брег на реката Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 81,5 километри[1]. Поседува 6 неелектрифицирани колосеци од кои 4 во редовна и 2 за сервисна употреба, како и 2 перони за патници. Шините од индустрискиот колосек кој од станицата водел кон фабриката „Силика“ во градското подрачје на еден дел се демонтирани, при што тој е надвор од секаква употреба. На неа сообраќаат патничките возови за Скопје и Кичево, а поретко минуваат и товарни возови. Станицата е најмногу користена од жителите на Гостивар најбилиските околни села и соседни градови, од ученици, студенти, пензионери кои патуваат на настава или пазар во Тетово, Кичево и Скопје, а во пролетниот и летниот период станицата често се користи и од велосипедисти кои одат кон Маврово и Шар Планина.
Возен ред
уреди- Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[2]
Галерија
уреди-
Влезот на железничката станица во Гостивар
-
Поглед одблизу на станичната зграда
-
Поглед на колосеците кон југ, во правец на Кичево
Наводи
уреди- ↑ „МЖ Инфраструктура - Објава на мрежи“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2016-01-13.
- ↑ Извод од возен ред — Македонски железници
„ЖС „Гостивар““ на Ризницата ? |
Оваа статија за железничка станица во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |