Железнички пруги во Македонија

Железнички линии во Република Македонија се распространети кон сите географски правци во државата, од кои една железничка линија е меѓународна, а уште 2 се меѓудржавни.

Извештај за состојбата на железничките линии во Македонија во 1930 г.

Ширината на колосекот е нормална 1 435 мм, а просечната брзина со која се движат возовите на железничките линии во Република Македонија е 80 км/ч. На меѓународната железничка линија од коридор Х, овозможена е брзина до 100 км/ч, а поради дотраеноста и лошата состојба на пругата Скопје - Кичево брзината на возовите е ограничена до 60 км/ч (на еден дел и до 70 км/ч).

Единствена електрифицирана железничка линија во Република Македонија е меѓународната пруга од коридор Х, на потегот од Табановци до Гевгелија.

Детален преглед на железничките линии во Република Македонија, со сите железнички станици и стојалишта: