Корисник:Braun100/Граматика на бугарскиот јазик
Оваа статија дава општ преглед на граматиката на бугарскиот јазик. Бугарскиот јазик како мајчин го говорат околу 9 милиони луѓе кои главно живеат во Бугарија. Бугарскиот јазик е јужнословенски јазик и како таков, има граматички сличности со останатите јазици кои припаѓаат на истата јазична фамилија.
Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службен јазик во Република Бугарија. Во бугарскиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации. Старобугарскиот разликувал 7 падежи: номинатив, акузатив, датив, генитив, локатив, инструментал и вокатив. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на среднобугарскиот јазик. Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот систем кај заменките. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенските јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми, а од нив останат е само вокативот. Исто така карактеристична особина на бугарскиот и македонскиот јазик е употребата на постпозитивен определен член, што ги разликува од другите словенски јазици. Во другите словенски јазици вакви не постојат.
Азбука
уредиСовремениот бугарски јазик го користи кириличното писмо. Биле користени неколку азбуки кои имале од 28 до 44 букви на почетокот и кон средината на XIX век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878-1879 година. Буквите Јат (ѣ) и јус (Ѫ) станале непотребни поради гласовните промени низ времето затоа биле исфрлени во 1945 година. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:
Големи букви (македонска азбука) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
А | Б | В | Г | Д | Ѓ | Е | Ж | З | Ѕ | И | Ј | К | Л | Љ | М | Н | Њ | О | П | Р | С | Т | Ќ | У | Ф | Х | Ц | Ч | Џ | Ш | - | - | - | - | - |
Големи букви (Бугарска азбука) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
А | Б | В | Г | Д | - | Е | Ж | З | - | И | Й | К | Л | - | М | Н | - | О | П | Р | С | Т | - | У | Ф | Х | Ц | Ч | - | Ш | Щ | Ъ | - | Ю | Я |
Мали букви (македонска азбука) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
а | б | в | г | д | ѓ | е | ж | з | ѕ | и | ј | к | л | љ | м | н | њ | о | п | р | с | т | ќ | у | ф | х | ц | ч | џ | ш | - | - | - | - | - |
Мали букви (бугарска азбука) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
а | б | в | г | д | - | е | ж | з | - | и | й | к | л | - | м | н | - | о | п | р | с | т | - | у | ф | х | ц | ч | - | ш | щ | ъ | ь | ю | я |
Во бугарската кирилица има некои букви, кои не постојат во македонската. Тие се изговараат:
- Й = ј: Той / Тоj;
- Щ = шт: Щъркел (дијал. Щрък) / Штрк; Защо / Зошто;
- Ъ = [ə]: Ъгъл / Агол (и ќоше);
- ь = j (по согласки): Бельо / Долна облекла; (постои само мала буква „ь“)
- Ю = jу: Юнак / Jунак;
- Я = ja: Ябълка / Jаболко;
Во бугарската азбука има шест самогласки. Тие се: а, ъ, о, у, е, и. Другите 24 букви (гласови) се согласки. Во бугарскиот јазик, зборовите се пишуваат како што и се изговараат, и секоја буква претставува еден глас (со исклучок на: щ, ю, я, дз и дж). Овој фонетички принцип е претставен во поговорката: „Пишувај како што зборуваш, читај како што е напишано“, принцип користен во повеќето балкански јазици.
Именки
уредиИменките се менливи зборови со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими. По традиција, именките се делат на општи и сопствени. Секоја именка во бугарскиот јазик има род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина). Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот падежен систем кај заменките. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози.
Определеност
уредиЧленот служи да ја означи именката како позната. Членот во бугарскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката. Членовите во бугарскиот јазик се само определени. Нечленуваните именки се неопределени.
Повеќето словенски јазици немаат членови и не разликуваат, на пример, татко од таткото; истиот збор значи и едното и другото. Определениот член има број и род.
Основната разлика меѓу бугарскиот и македонскиот јазик постои во машки род, еднина:
машки род еднина |
машки род множина |
женски род еднина |
женски род множина |
среден род еднина |
среден род множина | |
---|---|---|---|---|---|---|
определеност (бугарски) | - а (-ът); - я (- ят) | - те | - та | - те | - то | - та |
определеност (македонски) | - от | - те | - та | - те | - то | - та |
- -ът, -ят: се нарекуваат „Пълен член“ / „полн член“ и се користат ако именката е подмет.
- -а,-я: се нарекуваат „Непълен (кратък) член“ / „краток член“ и се користат ако именката не е подмет.
- Стандардниот бугарски јазик нема членови за укажување на блиски/пооддалечени предмети (-он, -ов, ...). Но, во некои бугарски дијалекти постојат вакви членови.
|
Род
уредиСекоја именка во бугарскиот јазик има род: машки (завршуваат на согласка), среден (-о,-е) или женски (-а,-я). Граматичкиот род на именките не секогаш одговара со природниот род на именката. Така на пример, во бугарскиот јазик зборот 'съдия' е именка од женски граматички род, но од машки природен род.
Машки род:
|
Женски род:
|
Среден род:
|
Број
уредиВо бугарскиот јазик се разликуваат еднината и множината.
еднина
|
множина
|
Падеж
уредиВо бугарскиот јазик не постојат падежи. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози. Некои примери се дадени подолу:
- Бугарски: Съществителни от мъжки род (предлог) / Македонски: Именки од машки род (предлог) / Српски: Именице мушког рода (падеж: генитив)
- Бугарски: ... уча сръбски всеки ден / Македонски: ... учам српски секоj ден / Српски: ... учим српски сваког дана (падеж: генитив)
- Бугарски: Всеки ден не е Великден. / Македонски: Не е секоj ден Велигден. / Српски: Није сваки дан Ускрс (Великден). (падеж: номинатив)
Бугарски: Уикипедия, свободната енциклопедия. Добре дошли в Уикипедия, свободната енциклопедия, която всеки може да редактира. От Уикипедия, свободната енциклопедия.
Македонски: Википедиjа, слободна(та) енциклопедиjа. Добре дојдовте на Википедија, слободната енциклопедија што може секој да ја уредува. Од Википедија, слободната енциклопедија.
Српски: Википедиjа, слободна енциклопедиjа. Добро дошли на Википедију, слободну енциклопедију коју свако може да уређује. С Википедије, слободне енциклопедије
Образување на именките
уредиЗа образувањето на именките во бугарскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Наставките може да се додадат на именки, глаголи, придавки и броеви.
Образување на именките:
од глаголи:
- -ец: борец/борец, ловец/ ловец, стрелец/стрелец;
- -ик, -ник: галеник/галеник, затворник/затвореник, историк/историчар, побойник/тепач;
- -тел: родител/родител, учител/учител, приятел/пријател, писател/писател;
- -не,-ние: викане/викање, ходене/одење, стоене/стоење, състояние/состојба, представление/приредба, хвалене/фалење; (глаголска именка)
- -ба: молба/молба, хвалба/пофалба(фалење), сватба/свадба;
- -ач: купувач/купувач, водач/водач, минувач/минувач;
- -еж: грабеж/грабеж, палеж/палеж, гърмеж/грмеж, метеж/метеж, градеж/изградба;
- -а: работа/работа, врява/врева, игра/игра, покана/покана, мъка/мака;
- -ях: смях/смеа, грях/грев;
од придавки:
- -ец : старец / старец, хубавец / убавец, слепец / слепец;
- -ство : богатство / богатство, майчинство / мајчинство;
- -ина : широчина / широчина, височина / височина, тежина / тежина, светлина / светлина;
- -ост : милост / милост, старост / старост, гордост / гордост;
- -та : самота / самотија;
- -ия : беднотия(сиромашия) / сиромаштија;
од броеви:
- -ица : единица / единица, десетица / десетка, петица / петка, шестица / шестка, седмица / седумка;
- -ка : двойка / двојка, тройка / тројка, десятка / десетка;
- -ина : половина / половина, третина / третина.
од именки:
- -ник : пътник / патник, любовник / љубовник;
- -ар : обущар / чевлар, овчар / овчар, рибар / рибар;
- -ка : овошка/ овошка;
- -ец, -анец, -анин : Македонец / Македонец, скопянин/скопјанец, битолчанин / битолчанец, римлянин / римјанин.
Заменки
уредиЗаменките се зборови кои ги заменуваат именките споменати во претходните реченици од текстот. Заменките во бугарскиот јазик имаат род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина).
Лични заменки
уредиЛичните заменки во бугарскиот главно се однесуваат на лица. Овие заменки разликуваат три лица (прво, второ и трето лице), два броја (еднина и множина), три рода во трето лице еднина (машки, женски и среден род) и четири падежи (номинатив, акузатив, датив и предлошки падеж). Личните заменки имаат долга (мене) и кратка форма (ми). Во современиот бугарски јазик употребата на дативната форма (нему, неа, нам ...) е крајно ретка. Наместо тоа се користи комбинација на предлог со заменка (на него, на неа, на нас...).
Следува табеларна споредба на бугарските и македонските лични заменки:
Лични заменки | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
број | лице | подмет | директен предмет | индиректен предмет | ||||||||||
без предлози | со предлози | |||||||||||||
долга | кратка | долга | кратка
присвојна | |||||||||||
еднина | I | аз (дијал.: я, яз) | јас | мене | мене | ме | ме | (мене) | мене | ми | ми | на мене | мене | |
II | ти | ти | тебе | тебе | те | те | (тебе) | тебе | ти | ти | на тебе | тебе | ||
III | м.р. | той (он) | тој | него | него | го | го | (нему) | нему | му | му | на него | него | |
ж.р. | тя (она) | таа | нея | неа | я | ја | (неи) | нејзе | ѝ | ѝ | на нея | неа | ||
с.р. | то (оно) | тоа | него | него | го | го | (нему) | нему | му | му | на него | него | ||
множина | I | ние | ние | нас | нас | ни | нè | (нам) | нам | ни | ни | на нас | нас | |
II | вие | вие | вас | вас | ви | ве | (вам) | вам | ви | ви | на вас | вас | ||
III | те (они) | тие | тях | нив | ги | ги | (тям) | ним | им | им | на тях | нив |
Присвојни заменки
уредиПрисвојните заменки се заменки што означуваат поседување. Тие имаат род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина) и можат да се членуваат. Заменките се согласуваат по родот и бројот со именката на која се однесуваат.
м.р. | ж.р. | ср.р. | множина | кратка | |
---|---|---|---|---|---|
Аз / Јас | мой (моя, моят) / мој(-от) | моя(-та) / моја(-та) | мое(-то) / мое(-то) | мои(-те) / мои(-те) | ми / ми |
Ти / Ти | твой (твоя, твоят) / твој(-от) | твоя / твоја | твое / твое | твои / твои | ти / ти |
Той/ Тој | негов (неговия, неговият) / негов(-иот) | негова / негова | негово / негово | негови / негови | му / му |
тя / таа | неин (нейния, нейният) / нејзин(-иот) | нейна / нејзина | нейно / нејзино | нейни / нејзини | ѝ / ѝ |
то / тоа | негов (неговия, неговият) / негов(-иот) | негова / негова | негово / негово | негови / негови | му / му |
Ние / Ние | наш (нашия, нашият) / наш(-иот) | наша / наша | наше / наше | наши / наши | ни / ни |
Вие / Вие | ваш (вашия, вашият) / ваш(-иот) | ваша / ваша | ваше / ваша | ваши / ваши | ви / ни |
Те / Тие | техен (техния, техният) / нивен(-иот) | тяхна / нивна | тяхно / нивно | техни / нивни | им / им |
Възвр./Повр. | свой (своя, своят) / свој(-от) | своя / своја | свое / свое | свои / свои | си / си |
Повратни заменки
уредиакузатив | датив | ||
---|---|---|---|
целосна | кратка | целосна | кратка |
себе / себе | се / се | (на) себе / себе | си / си |
Некои примери за нивната употреба:
|
|
Други примери
уреди- кой / кој, коя / која, кое / кое, кои / кои;
- чий / чиј, чия / чија, чие / чие, чии / чии;
- какво / што; какъв / колкав; какъв / каков
- някой / некој , никой / никој
- всеки / секој , всички / сите
- който / којшто
- тоя(този) / тој, тая(тази) / таа, това / тоа, тия(тези) / тие. →(без просторно определување)
- тоя(този) / овој, тая(тази) / оваа, това / ова, тия(тези) / овие →(блиски предмети)
- оня(онзи) / оној, оная(онази) / онаа, онова / она, ония(онези) / оние →(пооддалечени предмети)
Глаголи
уредиСпоред дефинициите на синтаксата, глаголот е поим што искажува дејство, процес или состојба. Во голем број од јазиците основната форма на глаголот е инфинитивот, но во бугарскиот, инфинитивот не постои. Наместо него се користи глаголската форма за прво лице во еднина. Главните карактеристики на глаголот се неговите граматички категории: времето, видот, начинот, залогот, лицето, родот и бројот. Во бугарскиот јазик има девет граматички времиња. Глаголите во бугарскиот јазик имаат два вида: свршен и несвршен. Покрај тоа, бугарскиот глагол има и три начина: исказен, заповеден и условен начин.
Времињата во бугарскиот јазик
уредиВремето е граматичка категорија која се користи за да се искаже кога се случило едно дејство. Во бугарскиот јазик има девет граматички времиња. Повеќето се слични на македонските, но има и некои разлики.
За образување на времињата се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.
Време | несвршен вид | свршен вид | несвршен вид |
---|---|---|---|
Сегашно време | чета | прочета | прочитам |
Минато определено свршено време | четох | прочетох | прочитах |
Минато определено несвршено време | четях | прочетях | прочитах |
Минато неопределено свршено/несвршено време | чел съм | прочел съм | прочитал съм |
Предминато време | бях чел | бях прочел | бях прочитал |
Идно време | ще чета | ще прочета | ще прочитам |
Минато идно време | щях да чета | щях да прочета | щях да прочитам |
Предидно време | ще съм чел | ще съм прочел | ще съм прочитал |
Предидно минато време | щях да съм чел | щях да съм прочел | щях да съм прочитал |
Сегашно време
уредиСегашното време е глаголско време кое се користи за изразување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни суфикси на коренот на глаголот.
Постојат некои неправилни глаголи (съм/сум). Некои примери за формата на сегашното време:
съм | бъда | мога | имам | нямам | пиша | говоря | искам | отварям | (из-)ползвам | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аз / Јас | съм / сум | бъда / бидам | мога / можам | имам / имам | нямам* / немам | пиша / пишувам | говоря / говорам | искам* / сакам | отварям / отворам | (из-)ползвам / користам |
Ти / Ти | си/ си | бъдеш / бидеш | можеш / можеш | имаш / имаш | нямаш / немаш | пишеш / пишуваш | говориш / говориш | искаш / сакаш | отваряш / отвораш | (из-)ползваш / користиш |
Той, тя, то / Тој, таа, тоа | е / е | бъде / биде | може/ може | има / има | няма / нема | пише / пишува | говори / говори | иска / сака | отваря / отвора | (из-)ползва / користи |
Ние / Ние | сме / сме | бъдем / бидеме | можем / можеме | имаме / имаме | нямаме / немаме | пишем / пишуваме | говорим / говориме | искаме / сакаме | отваряме / отвораме | (из-)ползваме / користиме |
Вие / Вие | сте / сте | бъдете / бидете | можете / можете | имате / имате | нямате / немате | пишете / пишувате | говорите / говорите | искате / сакате | отваряте / отворате | (из-)ползвате / користите |
Те / Тие | са / се | бъдат / бидат | могат / можат | имат / имаат | нямат / немаат | пишат / пишуваат | говорят / говорат | искат / сакаат | отварят / отвораат | (из-)ползват / користат |
* Во некои бугарски дијалекти се користи „немам“, „сакам“. Во трето лице множина формите се „немат“ и „сакат.“
Основното значење на сегашното време во бугарскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Исто така тоа означува состојба, повторливо дејствие, случка во блиска иднина.
Во стандардниот јазик наставката за прво лице во множина е -им, -ем, ако формата за прво лице (еднина) не завршува на -ам. Туку во некои диjалекти и во разговорниот стил често се користи -име, -еме: „Ние носиме“ наместо „Ние носим“. Тоа е покажано во табелата подолу:
Деклинацијата на некои глаголи изгледа вака:
|
Примери за некои од употребите на сегашното време:
|
Минато определено свршено време
уредиГраматичко време кое бугарскиот јазик го користи за искажување на минато, завршено и заокружено дејство. За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.
Кај некои бугарски дијалекти „х“ не се изговара или станува „ф“. (Истото важи не само за глаголите.)
а - глаголска група прочита |
и - глаголска група и-раздел: прати |
и - глаголска група е-раздел: оздрави |
и - глаголска група а-раздел: издржи | |
---|---|---|---|---|
Јас | прочетох / прочитав | пратих / пратив | оздравях / оздравев | издържах / издржав |
Ти | прочете / прочита | прати / прати | оздравя / оздраве | издържа / издржа |
Тој, таа, тоа | прочете / прочита | прати / прати | оздравя / оздраве | издържа / издржа |
Ние | прочетохме / прочитавме | пратихме / пративме | оздравяхме / оздравевме | издържахме / издржавме |
Вие | прочетохте / прочитавте | пратихте / пративте | оздравяхте / оздравевте | издържахте / издржавте |
Тие | прочетоха / прочитаа | пратиха / пратија | оздравяха / оздравеа | издържаха / издржаа |
е - глаголска група а-раздел: стане |
е - глаголска група е-раздел: сотре |
е - глаголска група о-раздел: дојде |
е - глаголска група раздел без самогласка: измие | |
---|---|---|---|---|
Јас | станах / станав | унищожих* / сотрев | дойдох / дојдов | измих / измив |
Ти | стана / стана | унищожи / сотре | дойде / дојде | изми / изми |
Тој, таа, тоа | стана / стана | унищожи / сотре | дойде / дојде | изми / изми |
Ние | станахме / станавме | унищожихме / сотревме | дойдохме / дојдовме | измихме / измивме |
Вие | станахте / станавте | унищожихте / сотревте | дойдохте / дојдовте | измихте / измивте |
Тие | станаха / станаа | унищожиха / сотреа | дойдоха / дојдоа | измиха / измија |
* Во разговорниот стил и дијалектите се користи например „затрия“: аз затрих, ... той затри
- Погледнах към него. / Погледнав кон него.
- Построиха къщата за шест месеца. / Куќата ја изградија за шест месеци.
- Три дни лежах болен. / Три дни лежев болен.
- Една вечер спах отвън. / Една вечер спиев надвор.
Минато определено несвршено време
уредиМинатото определено несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.
а - глаголска група | и - глаголска група | е - глаголска група | ||
---|---|---|---|---|
Јас | бях / бев | гледах / гледав | ловях / ловев | ядях / јадев |
Ти | беше / беше | гледаше / гледаше | ловеше / ловеше | ядеше / јадеше |
Тој, таа, тоа | беше / беше | гледаше / гледаше | ловеше / ловеше | ядеше / јадеше |
Ние | бяхме / бевме | гледахме / гледавме | ловяхме / ловевме | ядяхме / јадевме |
Вие | бяхте / бевте | гледахте / гледавте | ловяхте / ловевте | ядяхте / јадевте |
Тие | бяха / беа | гледаха / гледаа | ловяха / ловеа | ядяха / јадеа |
- Всички бяха доволни. / Сите беа задоволни.
- Той беше млад. / Тоj беше млад.
Минато неопределено свршено/несвршено време
уредиМинато неопределено време е сложена глаголска форма во бугарскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект.
За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид. Ова време се образува со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма. Македонската глаголска форма „има-конструкција“ не е типична за бугарскиот јазик.
а - раздел прочита |
и - раздел износи |
е - раздел испее | ||
---|---|---|---|---|
Јас | съм бил(-а,-о) / сум бил(-а,-о) | съм прочел / сум прочитал | съм износил / сум износил | съм изпял / сум испеал |
Ти | си бил / си бил | си прочел / си прочитал | си износил / си износил | си изпял / си испеал |
Тој Таа Тоа |
е бил / бил | е прочел / прочитал е прочела / прочитала е прочело / прочитало |
е износил / износил е износила / износила е износило / износило |
е изпял / испеал е изпяла / испеала е изпяло / испеало |
Ние | сме били / сме биле | сме прочели / сме прочитале | сме износили / сме износиле | сме изпяли / сме испеале |
Вие | сте били / сте биле | сте прочели / сте прочитале | сте износили / сте износиле | сте изпяли / сте испеале |
Тие | са били / биле | са прочели / прочитале | са износили / износиле | са изпяли / испеале |
- Никога не съм бил в Лондон. / Никогаш не сум бил во Лондон.
- Той ми каза, че никога не сте яли пица. / Тој ми рече дека никогаш не сте јаделе пица.
- Много си пораснала. / Многу си пораснала.
- Сигурно вече е изпил млякото. / Сигурно веќе го испил млекото.
- Той е бил първи. / Тој бил прв.
Идно време
уредиИдното време во се користи за искажување на идно дејство. Идното време во бугарскиот јазик се образува со честичката „ще“ и со глаголот што се менува. Глаголот ги зема соодветните форми од сегашното време.
Одречните форми на идното време се образуваат со „не ще“ или со „няма да“.
Кај некои дијалекти за образување на идното време се користат честичките „ше“, „же“, „че“ и „ке“.
игра | носи | везе | |||
---|---|---|---|---|---|
Јас | ще съм /ќе сум | ще бъда /ќе бидам | ще играя / ќе играм | ще нося / ќе носам | ще бродирам (везя) / ќе везам |
Ти | ще си / ќе си | ще бъдеш /ќе бидеш | ще играеш / ќе играш | ще носиш / ќе носиш | ще бродираш (везеш) / ќе везеш |
Тој, таа, тоа | ще е / ќе е | ще бъде /ќе биде | ще играе / ќе игра | ще носи / ќе носи | ще бродира (везе) / ќе везе |
Ние | ще сме /ќе сме | ще бъдем /ќе бидеме | ще играем / ќе играме | ще носим / ќе носиме | ще бродираме (везем)/ ќе веземе |
Вие | ще сте /ќе сте | ще бъдете /ќе бидете | ще играете / ќе играте | ще носите / ќе носите | ще бродирате (везете)/ ќе везете |
Тие | ще са / ќе се | ще бъдат /ќе бидат | ще играят / ќе играат | ще носят / ќе носат | ще бродират (везат) / ќе везат |
- Марко ще ходи в Охрид. / Марко ќе оди во Охрид.
- Преди една седмица ми казаха, че Мария ще ходи в Охрид. / Пред една недела ми кажаа дека Марија ќе оди во Охрид.
- ... ще бъда вечно твоя. / ... вечно твоја ќе бидам.
- Каквото посееш, това ще пожънеш / Што ќе посееш, тоа ќе жнееш.
Предминато време
уредиПредминатото време се користи за дејствија кои се случиле пред друго минато дејствие. Формите на предминатото време јазик се образуваат со употреба на сум конструкцијата во минато време и со глаголската л-форма.
прочита | прати | излезе | |
---|---|---|---|
Јас | бях прочел / бев прочитал | бях пратил / бев пратил | бях излязъл / бев излегол |
Ти | беше прочел / беше прочитал | беше пратил / беше пратил | беше излязъл / беше излегол |
Тој, таа, тоа | беше прочел(а,о) / беше прочитал (а)* | беше пратил(а,о) / беше пратил (а)* | беше излязъл (излязла,излязло) / беше излегол (излегла)* |
Ние | бяхме прочели / бевме прочитале | бяхме пратили / бевме пратиле | бяхме излезли / бевме излегле |
Вие | бяхте прочели / бевте прочитале | бяхте пратили / бевте пратиле | бяхте излезли / бевте излегле |
Тие | бяха прочели / беа прочитале | бяха пратили / беа пратиле | бяха излезли / беа излегле |
- Когато ги потърсихме, те вече бяха излезли от къщи. / Кога ги побаравме, тие веќе беа излегле од дома.
- Беше се облякъл като за сватба. / Беше се облекол како за на свадба
Минато-идно време
уредиМинатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него. Минатото-идно време се образува со ставање на помошниот глагол „ща“ (во минато време) пред глаголот. Глаголот кој следи по „ща“ е во сегашно време.
вика | крои | пече | |
---|---|---|---|
Јас | щях да викам/ ќе викав | щях да кроя/ќе кроев | щях да пека/ќе печев |
Ти | щеше да викаш/ќе викаше | щеше да кроиш/ ќе кроеше | щеше да печеш/ќе печеше |
Тој, таа, тоа | щеше да вика/ќе викаше | щеше да крои/ќе кроеше | щеше да пече/ќе печеше |
Ние | щяхме да викаме/ќе викавме | щяхме да кроим/ќе кроевме | щяхме да печем/ќе печевме |
Вие | щяхте да викате/ќе викавте | щяхте да кроите/ќе кроевте | щяхте да печете/ќе печевте |
Тие | щяха да викат /ќе викаа | щяха да кроят/ќе кроеја | щяха да пекат/ќе печеа |
- Щях да ходя още вчера до Охрид, но колата ми е повредена. / Ќе одев уште утре за Охрид, но колата ми е расипана.
- Щях да падна, но ти ме хвана. / Ќе паднев, но ти ме фати.
- Нямаше да ... / не ќе ...
Предидно време
уредиПредидно време („Бъдеще предварително време“) нема директен еквивалент во македонскиот јазик. Ова време се формира со честичката „ще“ со кое се искажува идноста на времето и минато неопределено време на глаголот. По форма тоа е слично на македонското идно прекажано време, но има друго значење.
Поимот „Бъдеще предварително време“ може да се преведе како „идно свршено време“ или „предидно време“. Се користи за дејство кое ќе се заврши некогаш во иднината пред друго дејство во иднината.
чека | носи | каже | |
---|---|---|---|
Јас | ще съм чакал / ќе сум чекал | ще съм носил / ќе сум носел | ще съм казал / ќе сум кажел |
Ти | ще си чакал / ќе си чекал | ще си носил / ќе си носел | ще си казал / ќе си кажел |
Тој, таа, тоа | ще е чакал(а,о) / ќе чекал (а)* | ще е носил(а,о) / ќе носел (а)* | ще е казал(а,о) / ќе кажел (а)* |
Ние | ще сме чакали / ќе сме чекале | ще сме носили / ќе сме носеле | ще сме казали / ќе сме кажеле |
Вие | ще сте чакали / ќе сте чекале | ще сте носили / ќе сте носеле | ще сте казали / ќе сте кажеле |
Тие | ще са чакали / ќе чекале | ще са носили / ќе носеле | ще са казали / ќе кажеле |
- Идно прекажано време „ќе + сум + ...-л“ одговара на бугарското „щял да + глагол“ (буг.:Преизказно наклонение/прекажан начин [1])
- Когато дойдеш утре, вече ще съм дошъл. / Кога ќе дојдеш утре, веќе ќе бидам дојден.
- След един месец всичко ще е свършило. / За еден месец, се ќе биде готово.
Заповеден начин
уредиОсновна функција на заповедните форми во бугарскиот јазик се давање заповед или наредба. Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина. Се образува со наставките -й,-и (еднина) и -йте, -те (множина).
Заповеден начин:
- гледам / гледа - гледай / гледај, пия / пие - пийте / пијте, стои / стои - стой / стој
- казвам / каже - кажи / кажи, мълча / молчи - мълчете / молчете
- чети / читај - пей / пеј - учи / учи - мисли / мисли - работи / работи
- четете / читајте - пейте / пејте - учете / учете - мислете / мислете - работете / работете
- Два пъти мери, един път режи. / Двапати мери, еднаш сечи.
- Иди и подреди стаята. / Оди и среди ја собата!
Индиректната заповед се образува со „да“ и „нека (да)“ + сегашно време од глаголот.
- Нека купи крушки (лампи) в магазина. / Нека купи светилки во продавницата!
- (Той) да дойде! / Тоj да доjде!
При искажување на заповеден начин со негативно значење, тогаш се употребуваат зборовите „не“ или „недей“ + да конструкцијата.
- не ходи / не оди, недей да ходиш / немој да одиш
- Не убивай! / Не убивај!
- Не кради! / Не кради!
- Не пожелавай жената на ближния си и не пожелавай дома на ближния си, нито нивата му, нито роба му, ни робинята му, ни каруцата му, ни осела му, (нито никакъв негов добитък) нито нещо друго, което е на ближния ти. / Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.
Можен начин
уредиМожниот начин искажува глаголско дејство за кое се претполага дека е можно да се изврши под некој услов. Се образува со бих, би, ... и глаголската л-форма. Во бугарскиот формите на „бих“ имаат лице и број (еднина или множина).
еднина | множина | |
---|---|---|
1. | бих говорил / би зборувал | бихме говорили / би зборувале |
2. | би говорил / би зборувал | бихте говорили / би зборувале |
3. | би говорил(а,о) / би зборувал / -ла / -ло* | биха говорили / би зборувале |
- Бих казал, че е така / Би рекол дека е така.
- На твое място бих взел парите. / Да сум на твое место, би ги зел парите.
Глаголска именка
уредиВо бугарскиот јазик глаголската именка се образува од глаголи со додавање на наставките -не, -ние. Таа има еднина и множина и се членува.
- гледам - гледане / гледа - гледање
- викам - викане / вика - викање
- мия - миене / мие - миење
- кося - косене / коси - косење
- възпитавам - възпитание / воспитува - воспитување
- решавам - решение / решава - решение
- ядене / јадење
- пиене / пиење.
Глаголски прилог
уредиГлаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со додавање на наставката -йки. Глаголскиот прилог е неменлива глаголска форма.
- гледайки / гледајќи
- носейки / носејќи
- миейки / миејќи
- Гледайки те тъжен, обмислям как да ти помогна. / Гледајќи те тажен, размислував како да ти помогнам
- Отивайки на работа, Бобан видял фойерверки. / Одејќи на работа, Бобан видел огномет
Да-конструкциja
уредиВо бугарскиот јазик постои таканаречената „да-конструкциja“. Оваа се образува со честичката „да“ и некој глагол, кој најчесто е во сегашно време. Да-конструкцијата може да ги има едно од следните значења: заповед, желба и здравица, клетва:
- Веднага да ми донесеш кафе! / Одма да ми донесеш кафе!
- Да си жив и здрав! / Да си жив и здрав!
Модални глаголи
уредиМодалниот глагол означува можност, желба, потреба, неизвесност, способност или дозвола. Во модалните глаголи спаѓаат следниве глаголи: мога / може, трябва / (мора,треба) , искам / сака. Тие се користат со втори глагол во да-конструкција.
мога | искам | трябва | |
---|---|---|---|
Аз / Јас | мога/ можам | искам* / сакам | трябва / треба |
Ти / Ти | можеш / можеш | искаш / сакаш | трябва / треба |
Той, тя, то / Тој, таа, тоа | може / може | иска / сака | трябва / треба |
Ние / Ние | можем / можеме | искаме / сакаме | трябва / треба |
Вие / Вие | можете / можете | искате / сакате | трябва / треба |
Те / Тие | могат / можат | искат / сакаат | трябва / треба |
* Во некои бугарски дијалекти се користи „сакам“. Во трето лице множина формата е „сакат.“
„Мога“ / може изразува возможност, давање дозвола, способност.
- Може да няма ... / може да нема ...
- Може ли да кажа нещо? / Може нешто да кажам?
- Никой не може да ме убеди, че ... / не може никој да ме убеди дека ...
- Как може да няма? / Како може да нема?
- Не може така. / Не може така.
Како модален се јавува и глаголот „трябва“ / треба, кој е безличен и се јавува само во трето лице еднина. „Трябва“ изразува дека е потребност или веројатност.
- Вие трябва да познавате нашата история. / Вие треба да ја знаете нашата историја
- Би трябвало да знаят. / Би требало да го знаат.
- Аз трябва да дойда. / Јас треба да дојдам.
- Трябва да четете повече. / Треба да читате повеќе.
„Трябва“ може да се преведе приближно и со „мора“ (изразува неопходност, убеденост).
- Днес трябва да уча. / Денес морам да учам.
- Трябва да дойда. / Јас морам да дојдам.
„Искам“ / сака изразува желба, потреба.
- Той искаше да знае. / Тој сакаше да знае.
- Искаме да бъдем ... / сакаме да бидеме ...
- Искаше да каже нещо. / Сакаше да каже нешто.
- Не смеем да бягаме от час. / Не смееме да бегаме од час;
Придавки
уредиПридавките се дел од говорот кои служат да го изменат на некој начин значењето на именката. Најчестите придавки се описните кои се користат за опишување на некој предмет или лице. Во бугарскиот јазик, придавките имаат три рода (машки, среден и женски) и два броја (еднина и множина). Се согласуваат по родот и бројот со именката на која се однесуваат. Придавките во бугарскиот јазик обично стојат пред именката која тие ја менуваат.
|
|
- Също така ... / Исто така
- В същото време ... / Во истото време
Образување
уредиДел од придавките се образуваат од други зборови со наставки. Некои примери се дадени подолу:
1. Образување од именки Овој вид на придавки се добиени од именки.
2. Од глаголи
|
3. Од други придавки
4. Од прилози
5. Од бројни основи
|
- ... но много видове от другите семейства също така се наричат „крастави жаби“. / ...но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“.
- Кашкавалът е ... съответно жълто твърдо сирене, което може да бъде овче, краве или от коза. / Кашкавалот е ..., соодветно жолто тврдо сирење кое може да биде овчо, кравјо или козјо
Степенување
уредиПостојат три степени на компарација: позитивна, компаративна и суперлативна форма. Во бугарскиот јазик меѓу честичките („по“, „най“) и придавката се пишува црта.
Степенување на придавки:
- Моята книга е интересна / Мојата книга е интересна.
- Моята книга е по-интересна от твоята / Мојата книга е поинтересна од твојата.
- Моята книга е най-интересна / Мојата книга е најинтересна.
(И) Во бугарскиот јазик придавката „много“ / „многу“ е неправилна:
- много / многу
- повече / повеќе
- най-много / најмногу
Броеви
уредиБроеви во бугарскиот јазик се зборови со кои се означува количеството на предметите. Броевите имаат три рода (машки, женски и среден) и можат да се членуваат. Членувањето на броевите зависи од родот на именката. Подолу се споредени бугарските и македонските броеви:
|
|
Некои примери за нивната употреба:
- Нулева кръвна група / Нулта крвна група
- За първи път / За прв пат
- Пръв сред равни / Прв меѓу еднаквите
- Деветият кръг на ада (пъкъла) / Деветтиот круг на пеколот
Предлози
уредиЗначењата кои другите словенски јазици ги искажуваат со падеж, во бугарскиот се искажуваат преку предлози. Така на пример предлогот „на“ се користи често за искажување припадност (генитив) и дативен предмет. Предлогот „с“ (или „със“) често означува инструмент или средство (инструментал). Многу предлози имаат пространствено значење (локатив).
Некои примери за предлози во бугарскиот јазик се дадени подолу:
Без
В и във Пред именки кои почнуваат на 'в' или 'ф' се користи само формата „във“.
Вместо
До
За
Зад
Заради
Като
Към
|
Край и покрай
Между
На
Над
От
Пред
С и със Пред именки кои почнуваат на 'с' или 'з' се користи само формата „със“.
|
Синтакса
уредиСинтаксата е дел од граматиката која се занимава со проучување на правилата според кои речениците се добиваат. Самата синтакса почнува со зборовите, потоа со комбинирање на повеќе зборови се добиваат зборовните групи. Со комбинирање на повеќе зборовни групи се добиваат прости реченици кои пак доведуваат до создавање на сложени реченици. Крајна цел е создавањето на врзан текст:
|
|
Според нивната употреба, речениците во бугарскиот јазик може да бидат например:
Расказна реченица
уредиРечениците со кои се соопштува нешто (се разкажува) се викаат расказни реченици. Зад овие реченици се пишува знакот точка.
- Петре е отличен ученик.(Точка) / Петре е одличен ученик.(Точка)
- Ние сме ученици от четвърти клас. / Ние сме ученици во четврто одделение.
Прашална реченица
уредиРечениците со кои се прашува нешто се викаат прашални реченици. Зад овие реченици се пишува знакот прашалник. Се користат прашални заменски зборови или прашални честици (дали, ли).
- Кой ученик е дежурен днес? (Питанка, въпросителен знак) / Коj ученик е дежурен денес? (Прашалник)
- На колко години си? / Колку години имаш?
- Защо се скарали Лиле и Цветанка? / Зошто Лиле и Цветанка се скарале?
- Ходиш ли често на кино? / Одиш ли често во кино?
- А имате ли ...? / А имате ли ...?
- Носиш ли подарък? / Носиш ли подарок?
- Харесва ли ти професията учител? / Ти се допаѓа ли професијата учител?
Извична реченица
уредиРечениците со кои искажуваме заповед или желба се викаат извични реченици. Зад овие реченици се пишува знакот извичник.
- Не говори високо! (Удивителна, възклицателна) / Не зборуваj гласно! (Извичник)
- Честит рожден ден! / Среќен роденден!
- Честита нова година! / Среќна Нова Година!
- През новата 20хх година ви пожелаваме много незабравими моменти на щастие, радост и успех заедно с най-близките ви. Честити празници! / Во Новата 20хх година ви посакуваме многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски. Среќни празници!
Споредбена лексикологија
уредиЛексиката на бугарскиот јазик има многу сличности со оние на српскиот и македонскиот јазик. Сите три јазици се дел од јужнословенските јазици и имаат заедничко потекло. Подолу се споредени некои зборови и текстови:
Бугарски јазик | Македонски јазик | Хрватски јазик | Српски јазик |
---|---|---|---|
Сравнение | Споредба | Usporedba | Поређење |
Европа | Европа | Europa | Европа |
Холандия | Холандија | Nizozemska | Холандија |
Италианци | Италијанци | Talijani | Италијанци |
Вселена | Вселена | Svemir | Васиона |
Гръбнак | ’Рбет | Kralježnica | Кичма |
Въздух | Воздух | Zrak | Ваздух |
Образование | Образование | Odgoj | Васпитање |
Седмица | Седмица | Tjedan | Седмица |
История | Историја | Povijest | Историја |
Панталони | Панталони | Hlače | Панталоне |
Корем | Стомак | Trbuh | Стомак |
Наука | Наука | Znanost | Наука |
Лично | Лично | Osobno | Лично |
Личност | Личност | Osoba | Лице |
Обединени нации | Обединети Нации | Ujedinjeni Narodi | Уједињене Нације |
Хляб | Леб | Kruh | Хлеб |
Изкуствено | Вештачко | Umjetno | Вештачки |
Кръст | Крст | Križ | Крст |
Демокрация | Демократија | Demokracija | Демократија |
Съзнание | Сознание | Spoznaja | Сазнање |
Остров | Остров | Otok | Острво |
Офицер | Офицер | Časnik | Официр |
Пътен транспорт | Патен сообраќај | Cestovni promet | Друмски саобраћај |
Автомагистрала | Автопат | Autocesta | Аутопут |
Дължина | Должина | Duljina | Дужина |
Сдружение | Здружение | Udruga | Удружење |
Фабрика | Фабрика | Tvornica | Фабрика |
Общо | Општо | Opće | Опште |
Христос | Христос | Krist | Христoс |
Извинете | Извини | Oprosti | Извини |
География | Географија | Zemljopis | Географија |
Януари | Јануари | Siječanj | Јануар |
Паспорт | Пасош | Putovnica | Пасош |
Пенсионери | Пензионери | Umirovljenici | Пензионери |
Съвет за сигурност | Совет за безбедност | Vijeće sigurnosti | Савет безбедности |
Външно | Надворешно | Vanjski | Спољашњи |
Собствено | Сопствено | Vlastito | Сопствено |
Ниво | Ниво | Razina | Ниво |
Печат | Печат | Tisak | Штампа |
Работник | Работник | Djelatnik | Радник |
Декада, век, милениум | Декада, век, милениум | Desetljeće stoljeće tisućljeće | Деценија, век, миленијум |
Общуване/съобщение | Општење | Priopćenje | Саопштење |
Книжовна форма на майчиния език | Стандард на мајчиниот јазик | Materinski jezićni standard | Матерњи језички стандард |
Член първи от „Декларацията за правата на човека“ |
Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Члан 1. „Декларација о људским правима“ |
|
|
|
|
|
|
Литература
уреди- П. Пашов(2005). Българска граматика. Издателска къща „Хермес“.
- Ст. Стойков (2002). Българска диалектология. София: Акад. изд. "Проф. Марин Дринов“.
- З. Бошковски, И. Каранфили (2009). Македонски јазик за четврто одделение. Скопје: Логос-А.
- М. Леонтиќ (2018). Контрастивна граматика на турскиот и на македонскиот јазик. Штип.
- Т. Бояджиев, И. Куцаров, Йо. Пенчев (1999). Съвременен български език. София:ИК Петър Берон.
- И. Станојоски. ФОРМИТЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТА ВО МАКЕДОНСКИОТИ ВО БУГАРСКИОТ ЈАЗИК НИЗ ПРИЗМАТА НА БУГАРСКАТА ЛИНГВИСТИЧКА ТРАДИЦИЈА. KNOWLEDGE –International Journal Vol. 23.5 Budva, Montenegro, May, 2018
Надворешни врски
уредиБългарски език
Српски језик
Речник
|