Марин Стојанов Дринов (бугарски: Марин Стоянов Дринов, руски: Марин Степанович Дринов; 20 октомври 183813 март 1906) — Руски историчар и филолог од Бугарија во периодот на преродбата, кој поголемиот дел од својот живот го поминал и работел во Русија.[1] Бил еден од зачетниците на бугарската историографија[2] и основач на Бугарската академија на науките (тогашно Бугарско книжевно друштво), како и нејзин прв претседател.

Марин Стојанов Дринов
Марин Стоянов Дринов
Роден(а)Марин Стоянов Дринов
20 октомври 1838(1838-10-20)
Панаѓуриште, Одрински Пашалак, Османлиска Империја
Починал(а)13 март 1906(1906-03-13) (возр. 67)
Харков, Руска Империја
ПочивалиштеЦентрални софиски гробишта
42°42′44.6″N 023°19′57.9″E / 42.712389° СГШ; 23.332750° ИГД / 42.712389; 23.332750
Занимањеисторичар, филолог

Животопис

уреди
 
Бугарски студенти во Москва во 1861 год. меѓу кои и Марин Дринов

Роден е во Панаѓуриште во 1838 година. Заминал во Русија во 1858 година да го продолжи школувањето. Студирал историја и филологија во Киев и на Московскиот државен универзитет, патувал и работел во Австрија и Италија помеѓу 1865 и 1871. Во 1869 станал еден од основачите и активен член на Бугарското книжевно друштво. Започнал да работи како редовен професор на Харковскиот универзитет кон крајот на 1876 година.

За време на времената руска управа во Бугарија (1878 — 1879) Дринов бил министер за народна просвета и духовно дело. Учествувајќи активно во организирањето на новоослободената бугарска држава, Марин Дринов е познат како еден од авторите на Трновскиот устав, како личност која ја предложила Софија наместо Трново (кое било фаворизирано од австриските дипломати) за нова бугарска престолнина и личност која го вовела стандардизираното издание на кирилицата од триесет и две букви кое се користело во Бугарија до правописната реформа од 1945. Одиграл пресудна улога во стандардизацијата на бугарскиот јазик. Веќе во 1870 година го отфрлил предлогот на Кузман Шапкарев за мешана источна и западна бугарска-македонска основа за стандардниот јазик, наведувајќи: „Таков вештачки склоп на пишаниот јазик е нешто невозможно, недостижно и не е чуено дека тоа се случило некаде“.[3][4][5] Овај став на Дринов го критикувале некои современи бугарски лингвисти како Благој Шклифов.[5]

Во една статијата објавена во „Периодичното списание на бугарското книжевно друштво“ од 1876 година како одговор на критиките на г-н Крстович, Дринов, бранејќи ги своите ставови за новобугарската азбука, како и употребата на двете букви, ъ и ѫ, нагласува дека ги користи на тој начин поради разликите со македонските говори. Имено, Крстович сметал дека бугарскиот јазик имал потреба само од буквата ѫ во средината на зборовите, со кој се бележи темниот вокал, но Дринов имал добро познавање дека во македонските говори тој полуглас е целосно вокализиран.

И двете тие букви се оставени затоа што тоа го бараат на само Панаѓурци и Копривштани, но и помногубројните Македонци Бугари, кои [буквата] ъ ја изговараат како о, a [буквата] ѫ како глув глас, а понекаде како ън. – Разбира ли неговото господство што ќе произлезе, ако ја исфрлиме ъ од средината на зборовите?

Тој ќе пишува, на пример: сѫбирамъ, сѫздаденъ, синѫтъ (и тука, пред членот ѫ доаѓа во средината), конецѫтъ, народѫтъ, коренѫтъ итн.

А Македонецот никогаш нема да се согласи така да ги пишува тие зборови, затоа што тој ѫ ја изговара како глув глас, туку ќе ги пишува: собирамъ, создаденъ, синотъ, конецотъ, народотъ, коренотъ итн., затоа што тој ги изговара со о.

— Марин Дринов, "Още една отбрана на новобългарското азбуке (отговоръ на г-на Кърстьовича, на „Училище“ и „Знание“) заедно съ една поправка въ него", Периодическо списание на Българското книжовно дружество (1876)

Првиот правопис на стандардниот бугарски јазик, воведен со одлука на министерот за просвета Тодор Иванчов во 1899 година, му се припишува на Дринов. Бугарскиот јазик претрпел три правописни реформи во: 1921, 1923 и 1945.

Наследство

уреди
 
Спомен претстава на Марин Дринов во Историскиот музеј Панаѓуриште

Кон крајот на 19 век, жителите на селото Бахшишлар, денешно Дриновско, решиле да го преименуваат во чест на познатиот професор Марин Дринов, испраќајќи му посебна делегација. Со негова согласност, делегацијата се врати во Дриново со подароци од професорот - црковни книги, прибор и црковни одежди за свештеникот.

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. J. D. B. (1910). „Bulgaria“. The Encyclopaedia Britannica; A Dictionary of Arts, Sciences, Literature and General Information. IV (BISHARIN to CALGARY) (11. изд.). Cambridge, England: At the University Press. стр. 786. Посетено на 11 September 2018 – преку Internet Archive.
  2. Crampton, R. J. (2005). A Concise History of Bulgaria (2. изд.). Cambridge, New York, Melbourne, Madrid, Cape Town, Singapore, São Paolo: Cambridge University Press. стр. 48.
  3. Makedoniya 31 July 1870
  4. Tchavdar Marinov. In Defense of the Native Tongue: The Standardization of the Macedonian Language and the Bulgarian-Macedonian Linguistic Controversies. in Entangled Histories of the Balkans - Volume One. DOI: https://doi.org/10.1163/9789004250765_010 p. 443
  5. 5,0 5,1 Благой Шклифов, За разширението на диалектната основа на българския книжовен език и неговото обновление. "Македонската" азбука и книжовна норма са нелегитимни, дружество "Огнище", София, 2003 г. . стр. 7-10.