Во статистиката, хистограм е низа од правоаголници поставени еден до друг во правоаголен координатен систем. Едната страна лежи на x-оската и истата се совпаѓа со интервалот во кој се наоѓаат дел од вредностите на бројчените податоци, а другата страна е со должина еднаква на честотата на бројчените податоци што соодветствува на тој интервал.