Астероид од типот C
Астероиди од типот C (јаглероден астероид) — најчестиот вид на астероиди, застапен со 75 % од вкупниот број.[1] Се одликуваат со многу мало албедо бидејќи содржат многу јаглерод, покрај камењата и минералите. Најчесто се јавуваат по работ на астероидниот појас, на растојание од 3,5 астрономски единици (ае) од Сонцето, каде 80 % од астероидите се од овој вид; за разлика од ова, истите се застапени со само 40 % 2 ае од Сонцето.[2] Уделот на типот C може да е и поголем бидејќи ваквите астероиди се многу потемни од сите други видови (освен типот D).
Одлики
уредиОваа класа имаа спектри мошне слични на јаглероднохондритски метеорити (типови CI и CM). Второспоменатите имаат хемиски состав многу близок на оној на Сонцето и првобитната сончева маглина, освен тоа што немаат водород, хелиум и други испарливи елементи. Присутни се и водосодржечки (хидратни) минерали.[3]
Астероидите од типот C се крајно темни, со албедо од 0,03 до 0,10. Голем број астероиди од типот S се гледаат со двоглед при противположба, но дури и најголемите астероиди од типот C мора да се гледаат со телескоп. Веројатно најсјајниот од нив е 324 Бамберга, но многу големото занесување не му дава да достигне доволна привидна величина.
Спектрите умерено ја задржуваат ултравиолетова светлина при бранови должини под 0,4-0,5 μм, но при поголеми должини се претежно безлични, со мало руменило. Таканареченото водно браново впивање е при 3 μм, што укажува на веројатно присуство на вода во минералите.
Најголемиот астероид кој недвосмислено му припаѓа на типот C е 10 Хигија, иако класификацијата по SMASS тука ја вбројува 1 Церера (најголемиот астероид воопшто) бидејќи нема класа G.
Астероиди од групата C
уредиГрупа C (Толенова)
уредиВо Толеновата класификација, астероидите од типот C се групираат со три помалобројни типови во пошироката група C на јаглеродни астероиди, каде спаѓаат:
Група C (SMASS)
уредиВо класификацијата по SMASS, пошироката група C ги опфаќа следниве типови:
- типот B, што одговара на Толеновите типови B и F
- основата на типот C за астероиди со најтипични спектри во групата
- типовите Cg и Cgh, што одговараат на Толеновиот тип G
- типот Ch, со впивливост при 0,7 μм
- типот Cb, што одговара на преодните објекти помеѓу типовите C и B по SMASS
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Gradie et al. pp. 316-335 in Asteroids II. edited by Richard P. Binzel, Tom Gehrels, and Mildred Shapley Matthews, Eds. University of Arizona Press, Tucson, 1989, ISBN 0-8165-1123-3
- ↑ „Asteroids: Structure and composition of asteroids“. ESA.
- ↑ Norton, O. Richard (2002). The Cambridge Encyclopedia of Meteorites. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 121–124. ISBN 0-521-62143-7.
- S. J. Bus and R. P. Binzel Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy, Icarus, Vol. 158, pp. 146 (2002).