15760 Албион
15760 Албион (1992 QB1) — првиот заднептунец откриен по Плутон и неговата месечина Харон. Пронајден е во 1992 г. од астрономите Дејвид Џуит и Џејн Лу во опсерваторијата „Мауна Кеја“ на Хаваите. Ова е класичен објект од Кајперовиот Појас или кубевано — класа на објекти наречена по ова тело, чиј назив е изведен од QB1 во неговата ознака.[8] Во јануари 2018 г. биле познати преку 2.400 заднептунци, од кои добар дел се кубевана.
Орбитите на четирите надворешни планети (црвено) споредено со онаа на 15760 Албион (сино) | |
Откривање [1][2] | |
---|---|
Откривач | Дејвид Џуит Џејн Лу |
Откриено во | Мауна Кеја |
Откриено | 30 август 1992 |
Ознаки | |
Наречена по | Албион [3] (во митологијата на Вилијам Блејк) |
1992 QB1 | |
заднептунец [1] · кубевано [4][5] далечен [3] | |
Орбитални особености [1] | |
Епоха 4 септември 2017 (ЈД 2458000,5) | |
Параметар на неодреденост 3 | |
Лак на набљудување | 21,10 г. (7.707 дена) |
Афел | 46,566 ае |
Перихел | 40,843 ae |
43,704 ae | |
Занесеност | 0,0655 |
288,93 г (105.531 дена) | |
31,005° | |
0° 0м 12.24с дневно | |
Наклон | 2,1877° |
359,44° | |
0,6029° | |
Физички особености | |
Среден пречник | 108 км[6] 167 км[4] |
0,2 (претп.)[6] | |
~23,4[7] | |
7,1[1] | |
Откривачите го предложиле името „Смајли“.[9] но истото веќе било зафатено од астероидот 1613 Смајли, наречен по американскиот астроном Чарлс Хју Смајли. Телото го добило бројот 15760[5] и останало безимено сè до јануари 2018 г. кога било наречено по земјата Албион (Британија) во митологијата на англискиот писател Вилијам Блејк.[10]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Прелистувач по базата на мали тела на JPL: 15760 Албион (1992 QB1)“ (2013-10-06 last obs.). Лабораторија за реактивен погон. Посетено на 6 February 2018. (англиски)
- ↑ „IAUC 5611: 1992 QB1“. Центар за мали планети. 14 September 1992. Посетено на 2011-07-05. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 „15760 Албион (1992 QB1)“. Центар за мали планети. Посетено на 6 February 2018. (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 Вилијам Роберт Џонстон (28 December 2015). „Список на познати заднептунци“. Џонстонов архив. Посетено на 2015-01-03. (англиски)
- ↑ 5,0 5,1 Марк Б. Бује (30 ноември 1999). „Орбитна складност и астрометриски запис за 15760“. SwRI, Оддаление за вселенски науки. Посетено на 2008-09-28. (англиски)
- ↑ 6,0 6,1 Колку џуџести планети постојат во надворешниот Сончев Систем?, Мајк Браун (англиски)
- ↑ „AstDys: Ефемериди на (15760) 1992QB1“. Математички факултет, Универзитет во Пиза. Посетено на 2010-03-03. (англиски)
- ↑ Д-р Дејвид Џуит. „Класични објекти од Кајперовиот Појас“. Дејвид Џуит/UCLA. Архивирано од изворникот на July 5, 2013. Посетено на July 1, 2013. (англиски)
- ↑ Што се крие во надворешниот Сончев Систем? (Сајенс@НАСА, 13 септември 2001) (англиски)
- ↑ „(15760) Албион = 1992 QB1“. Центар за мали планети. Посетено на February 3, 2018. (англиски)