Отвори го главното мени

:За архитектонскиот поим, видете апсида.

Апсидите ги означуваат најблиските и најдалечните точки на орбитрачкото тело околу централното.
(1) најдалеку (3) фокус (2) најблиску
апоцентар централно тело перицентар
афел Сонце перихел
апастрон ѕвезда периастрон
апогеј Земја перигеј
Примери на „периапсида“ и „апоапсида“ во модел со две големи тела кои се движат по елиптични орбити околу нивните тежишта.

Апсида (грчки: ἁψίς) — екстремна точка на орбитата на астрономски објект. Поимот во астродинамиката се однесува на растојанието измерено меѓу тежиштето на централното и орбитирачкото тело. Кога се работи за вселенските латала, поимот и сродните поими обично се употребуваат за означување на орбиталната висина на леталото од површината на централното тело.

ЕтимологијаУреди

Поимот „апсида“ потекнува од грчкиот збор ἀψίς (апсис), со значење „лак“. Кај елиптичните орбити постојат две апсиди, при што се употребува претставката „пери-“ (Шаблон:Ety), со значење „блиску“, и претставката „ап-“ или „апо-“ (Шаблон:Ety), со значење „далеку“.

Видови апсидиУреди

Во зависност од видот на централното и орбитирачкото тело, се разликуваат повеќе сродни поими:

  • кога телото орбитира околу Сонцето, точката на најблиско растојание се нарекува „перихел“, а точката на најдалечното растојание „афел“;
  • кога телото орбитира околу други ѕвезди, точката на најблиско растојание се нарекува „периастрон“, а точката на најдалечното растојание „апастрон“;
  • кога телото орбитира околу Земјата, точката на најблиско растојание се нарекува „перигеј“, а точката на најдалечното растојание „апогеј“;
  • кога телото орбитира околу Месечината, точката на најблиско растојание се нарекува „перицинтион“, а точката на најдалечното растојание „апоцинтион“; и
  • кога телото орбитра околу тежиштето, точката на најблиско растојание се нарекува „перицентар“ или „периапсида“, а точката на најдалечното растојание „апоцинтар“ или „апапсида“.

Линија на апсидиУреди

Правата линија којашто ги поврзува перицентарот и апоцентарот е позната како „линија на апсиди“. Ова всушност е големата оска на елипсата, односно нејзиниот пречник. За систем со две тела, тежиштето на системот лежи на оваа линија во еден или двата фокуса на елипсата. Кога едното тело е значително поголемо од осстанатото, може да се претпостави дека истото се наоѓа во фокусот. Сепак, без оглед на тоа дали ова е случај или не, двете тела се движат по слични елиптични орбити, при што секое од нив има фокус во тежиштето на системот, а нивните линии на апсиди се со должина којашто е обратнопропорционална на нивните маси. Историски, во геометриските системи, апсидите биле мерени од центарот на Земјата. Меѓутоа, во случајот на Месечината, тежиштето на Земјо-месечевиот систем или Земјо-месечевиот барицентар како заеднички фокус за орбитите на Земјата и Месечината една околу друга изнесува околу 74% од растојанието од центарот на Земјата до нејзината површина.

Математички формулиУреди

 
Кеплеровите орбитални елементи: точката F е во перицентарот, точката H во апоцентарот, а црвената линија меѓу нив е линијата на апсидите

Следните формули се однесуваат на перицентарот и апоцентарот на орбитата:

  • периицентар: максимална брзина   на најмало растојание  ,
  • апоцентар: минимална брзина   на најголемо растојание  ,

додека во склад со Кеплеровите закони и зачувувањето на енергијата, овие две големини се константи за дадената орбита, односно:

каде:

Треба да се забележи дека за претворање на височините над површината во растојанија меѓу орбитата и централното тело, полупречникот на централното тело е потребно да се додаде и обратно.

Аритметичката средина на двете растојанија е должината на големата полуоска a. Геометриската средина, пак, на двете растојанија е должината на малата полуоска b.

Геометриската средина на двете брзини е:

 ,

што е брзина на тело во кружна орбита, чиј полупречник е  .

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди