Страишта (Злести)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Страишта“
| |
Местоположба | 41°17′25″N 20°49′38″E / 41.29028° СГШ; 20.82722° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Злести |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Страишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Злести, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од железното време.
Се наоѓа на околу 700 м северозападно од селото. Претставува издолжен рид во положба северозапад-југоисток, со надморска височина од 894 м. На врвот е зарамнет, а околу зарамнетото плато се забележуваат остатоци од сувоѕидица со ширина од 1,80 м која образува елипсовидно утврдување. По површината има фрагменти од праисториски керамички садови.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 248. ISBN 9989-649-28-6.