Економија на Грузија
Економијата на Грузија — новорастечки слободен пазар. Нејзиниот бруто-домашен производ опаднал по падот на Советскиот Сојуз, но се повратил вонагорна линија во средината на 2000-тите, растејќи со двоцифрени бројки благодарение на економските и демократските реформи што ги донесела мирнородената Револуција на розите. Грузија го продолжила својот економски напредок бидејќи, „се движи од речиси неуспешна држава во 2003 година кон релативно добро функционална пазарна економија во 2014 година“[17]. Во 2007 година, Светската банка ја прогласила Грузија за светски економски реформатор број еден[18][19], и постојано ја рангирал земјата на врвот за водење бизнис.
Економија на Грузија | |
---|---|
TBC Bank во Тбилиси | |
Валута | Грузиски лари (GEL) 1₾ = 100 tetri |
Фискална година | 1 јануари - 31 декември |
Трговски организации | СТО, ГУАМ, ОЦС |
Статистика | |
БДП | ▲ $16.716 милијарди (ном, 2018.)[1] ▲ $43.037 милијарди (ПКМ, 2018.)[1] |
Пораст на БДП | 2.8% (2016) 4.8% (2017) 5.3% (2018e) 5.0% (2019f) [2] |
БДП/жит. | ▲ $4,505 (2018.)[1] ▲ $11,600 (2018.)[1] |
БДП по сектор | Индустрија – 24.6%; Трговија – 12.4%; Градежништво - 11.3%; Сообраќај & Комуникации - 9.5%; Земјоделство - 8.1%; Останато - 34.1% (2015)[3] |
Инфлација | -0.6%[4] |
Сиромашно население | 11.49% (2013)[5] |
Џиниев коефициент | 40.0 (2013)[6] |
Работна сила | 1.959 милиони (2011) |
Работна сила по занимање | Земјоделство: 52,2%; Услуги: 41.3%; Индустрија: 6.5% (2011) |
Стапка на невработеност | 12.4%[7] (2014) |
Водечки индустрии | Производство (Производство на прехранбени производи, пијалаци и производи од тутун), електрична енергија, гас и вода, рударство и вадење на камен, челик, електрична опрема, хемикалии, вино |
Ранг според Индекс на леснотија | ▲6-то (2019)[8][9] |
Надворешност | |
Извоз | $3.533 милиони (2017.) |
Извозни добра | Моторни возила, минерални или хемиски ѓубрива, орев, злато, бакарни руди, пијалаци, вино од свежо грозје |
Главни извозни партнери |
|
Увоз | $7.846 милиони (2017.) |
Увозни добра | нафтени масла, моторни возила, гас, лекови, пченица, шеќер, цигари, машини за обработка на податоци |
Главни увозни партнери |
|
Странски директни инвестиции | $980,6 милиони (2011) |
Бруто надворешен долг | $13.36 милиони (31 декември 2012)[11] |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 29.0% of GDP (2011) |
Приходи | $6.870 милиони (2011) |
Расходи | $7.081 милиони (2011) |
Економска помош | ODA $626.0 million USD (2010[update] ) |
Кредитен рејтинг | Стандард и Пурс:[12] BB- (Domestic) BB- (Foreign) BB (T&C Assessment) Outlook: Stable[13] Мудис:[14] Ba3 Outlook: Stable Fitch:[15] BB- Outlook: Stable |
Девизни резерви | US$2.818 милиони (2011)[16] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Економијата на Грузија е поддржана со релативно слободна и транспарентна атмосфера во земјата. Според извештајот на Транспаренси интернешнал во 2015 година, Грузија била најмалку корумпирана нација во регионот на Црното Море, надминувајќи ги сите свои непосредни соседи, како и блиските држави на Европската Унија[20]. Со мешано медиумско опкружување, Грузија е исто така единствената земја во нејзиното непосредно соседство, каде што печатот не се смета за неслободен[21].
Од 2014 година, Грузија е дел од Зоната на слободна трговија на Европската унија, при што ЕУ и понатаму е најголем трговски партнер во земјата, со повеќе од една четвртина од вкупниот трговски промет на Грузија[22]. Следејќи го трговскиот пакт на ЕУ, 2015 година била обележана со зголемување на билатералната трговија, додека трговијата со Заедницата на независни држави (ЗНД) бил одбележан со пад[23].
Историја
уредиПред XX век Грузија имала голема аграрна економија.
Современата економија на Грузија традиционално се врти околу туризмот на Црното Море, одгледување на агруми, чај и грозје, рударството кое се состои од вадење манган и бакар и производство на вино, метали, машини, хемикалии и текстил.
Како и многу постсоветски држави, Грузија поминала низ период на голем економски пад во текот на 1990-тите, со висока инфлација и големи буџетски дефицити, поради постојаното затајување на даноците. Во 1996 година, буџетскиот дефицит во Грузија се зголемил на 6,2 %. За време на тој период меѓународните финансиски институции одиграле клучна улога во буџетските пресметки на Грузија. Мултилатералните и билатералните грантови и заеми изнесувале 116,4 милиони лари во 1997 година и 182,8 милиони лари во 1998 година.
Економското закрепнување било попречено од сепаратистичките спорови во Абхазија и Јужна Осетија, отпорот на реформите од страна на некои корумпирани и реакционерни фракции, и Азиската финансиска криза од 1997 година. Под раководство на претседателот Едуард Шеварднадзе, владата ги либерализирала сите цени и најголем дел од трговијата и вовела стабилна национална валута (лари).
Во текот на доцните 1990-ти, повеќе од 10.500 мали претпријатија биле приватизирани, и иако приватизацијата на средните и големите фирми била бавна, повеќе од 1.200 средни и големи компании биле трансформирани како акционерски друштва. Законот и декретот за утврдување на правната основа и процедури за приватизација на државниот имот го намалил бројот на компании контролирани од државата.
САД започнале да и помагаат на Грузија во процесот на реформи веднаш по добивањето независност од Советскиот Сојуз. Постепено, фокусот се префрлил од програми за хуманитарна кон техничка и институционална надградба. Обезбедувањето на правни и технички советници било надополнето со можности за обука за парламентарци, службеници за спроведување на законот и економски советници.
Неодамнешни макроекономски перформанси
уредиВо последните неколку години грузиската економија е една од најбрзо растечките од оние од Советскиот Сојуз. Од 2003 година, новата влада на Грузија спровела широки и сеопфатни реформи, кои го допреа секој аспект од животот на земјата. Економските реформи биле насочени кон либерализација на економијата и обезбедување одржлив економски раст, заснован на развојот на приватниот сектор. Воспоставувањето на привлечно деловно опкружување довело до значителен прилив на странски директни инвестиции во земјата, донесувајќи високи стапки на економски раст.
Во 2013 година, Грузија била рангирана во првите десет земји на меѓународно ниво во Индексот на просперитет за раст на енергетската безбедност, кој се појавува во новиот пазар, според еден напис објавен од вестите на CISTRAN Finance. Индексот ги идентификува земјите во развој кои имаат силен потенцијал за раст врз основа на енергетските резерви и БДП[24].
Врз основа на економските реформи, грузиската економија е разновидна, покажувајќи нагорна тенденција со 10% од годишниот БДП реален раст во 2004-2007 и достигнала највисоко ниво - 12,3% во 2007 година. Во целина, во текот на 2004-2007, економијата на Грузија се зголемила за 35%[25].
Поради реформите и либерализација на политиката за економијата, Грузија покажува исклучителна отпорност на надворешни шокови, пред сè ова се однесува на војната со Русија во 2008 година и глобалната финансиска криза. И покрај ова, во 2008 година економијата на Грузија пораснла за 2,3%. По мало забавување на економијата во 2009 година (-3,8%) земјата закрепнала наскоро со 6,3% реален раст на БДП во 2010 година. Во 2011 година БДП реалниот раст достигнал 7,0%.
Стапката на невработеност за 2010 година изнесувала 16,3% и била намалена од 16,9% во 2009 година[25].
Во 2013 година, годишната стапка на инфлација во Грузија изнесувала 2,4%[26]. Таа била значително намалена по онаа од 11,2% во 2010 година[27]. Растот на стапката на инфлација е резултат на зголемувањето на цените на храната во светот, а суштинскиот дел од инфлациските флуктуации влијаело на варијабилноста на цените на храната, бидејќи уделот на храна е релативно висок во потрошувачката кошница на Грузија.
Во 2011 година, проценетиот биланс на тековната сметка на Грузија на ММФ изнесувал -1,489 БН долари[28]. Грузија има умерени дефицити меѓу европските и транскавказските постсоветски земји:
Место | Земја | Состојба на тековната сметка како процент од БДП (2010)[29] |
Проценки на ММФ од 2011 година[30] |
---|---|---|---|
1 | Азербејџан | 27.662 | 22.664 |
2 | Русија | 4.807 | 5.518 |
3 | Украина | -2.091 | -3.893 |
4 | Ерменија | -13.873 | -11.697 |
5 | Белорусија | -15.522 | -13.442 |
6 | Литванија | 1.835 | -1.860 |
7 | Молдавија | -8.300 | -9.897 |
8 | Естонија | 3.565 | 2.424 |
9 | Грузија | -9.618 | -11.700 |
10 | Латвија | -22.938 | -8.320 |
Дефицитите биле неутрализирани од силните приливи на странски капитал[31], овозможувајќи и на грузиската валута да се одржува[32].
Владата успеала да ја зачува финансиската стабилност благодарение на значителната помош обезбедена од американските и меѓународните институции. Аналитичарите на ЕБОР веруваат дека значителната меѓународна финансиска поддршка и дознаки од работниците што живеат во странство ќе го покриваат дефицитот на среден рок[33]. ММФ позитивно ја оценила економската политика на владата.
2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014* l | 2014* ll | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
БДП по тековни цени, милиони лари | 19074.9 | 17986.0 | 20743.4 | 24344.0 | 26167.3 | 26847.4 | 6307.2 | 7162.8 |
БДП во постојани цени во 2003 година, милиони лари | 12555.3 | 12085.5 | 1235.0 | 13757.2 | 14637.7 | 15123.7 | 3504.1 | 3919.4 |
БДП реален раст, проценти | 2.6 | -3.7 | 6.2 | 7.2 | 6.4 | 3.3 | 7.2 | 5.2 |
Дефлатор на БДП, процент | 9.4 | -2.0 | 8.6 | 9.5 | 1.0 | -0.7 | 1.9 | 4.0 |
БДП по глава на жител (по тековни цени), милиони лари | 4352.9 | 4101.3 | 4675.7 | 5447.1 | 5818.1 | 5987.6 | 1404.6 | 1595.1 |
БДП по глава на жител (по тековни цени), американски долари | 2921.1 | 2455.2 | 2623.0 | 3230.7 | 3523.4 | 3599.6 | 802.9 | 905.0 |
БДП по тековни цени, американски долари | 12800.5 | 10767.1 | 11636.5 | 14438.5 | 15846.8 | 16139.9 | 3605.3 | 4064.1 |
Странски директни инвестиции
уредиГолемите приливи на странски директни инвестиции (СДИ) се водечки фактор зад брзиот економски раст во Грузија од 2003 година[35]
Привлечната и либералната инвестициска клима и еднаков пристап кон локалните и странските инвеститори ја прават земјата привлечно одредиште за СДИ.
Стабилен економски развој, либерална и слободна пазарна економска политика, само 6 даноци и намалени даночни стапки, намален број лиценци и дозволи, драматично поедноставени административни процедури, преференцијални трговски режими со странски земји, поволна географска локација, добро развиена интегрирана и сообраќајна инфраструктура, образована, квалификувана и конкурентна работна сила претставува солидна основа за успешен бизнис во Грузија.
Од 2003 до 2011 година, СДИ во Грузија изнесувал 811,5 милиони долари. Најголем обем на СДИ - 2.015,0 милиони долари бил постигнат во 2007 година, со 69,3% годишен раст[36]. Високата стапка на инвестиции се одржувала до 2008 година. Во 2009 година приливите на СДИ биле окарактеризирани со тренд на намалување. Главните причини за намалување биле надворешните шокови - руско-грузиската војна и влијанијата на глобалната финансиска криза.
Табелата подолу го покажува движењето на СДИ како процент од БДП во избрани земји од поранешниот Советски Сојуз[37]. За статистички цели, СДИ се дефинира како странска компанија која поседува 10% или повеќе од обичните акции на инкорпорирана фирма[38]
Место | Земја | СДИ како процент од БДП (2010) |
---|---|---|
1 | Естонија | 85,6 |
2 | Грузија | 67,1 |
3 | Казахстан | 61,1 |
4 | Украина | 42,5 |
5 | Русија | 28,7 |
6 | Ерменија | 18,5 |
7 | Белорусија | 18,3 |
Странски директни инвестиции во земјата на Грузија по година.
Година | Износ (USD - милиони) |
---|---|
2000 | 131.2 |
2001 | 109.8 |
2002 | 167.3 |
2003 | 340 |
2004 | 499.1 |
2005 | 449.7 |
2006 | 1100 |
2007 | 2010 |
2008 | 1500 |
2009 | 658.4 |
2010 | 814[39] |
2011 | 1111[40] |
2012 | 865[41] |
2013 | 914 [42] |
2014 | 1750 [43] |
2015 | 1564 [44] |
2016 | 1565.9 [45] |
2017 | 751 (јануари-јуни) [46] |
Трговија
уредиОд 2014 година, Грузија е дел од Длабока и сеопфатна слободна трговска зона, при што ЕУ и понатаму е најголем трговски партнер во земјата, со повеќе од една четвртина од вкупниот трговски промет на Грузија[22]. Следејќи го трговскиот пакт на ЕУ, 2015 година била обележана со натамошно зголемување на билатералната трговија, додека трговијата со Заедница на независни држави (ЗНД), предводена од Русија, се намалила за 22%[23].
Од 2015 година, по редослед на големината, главниот извоз на Грузија се: бакарни руди и концентрати, феролегури, лешник, лекови, азотни ѓубрива, вино, сурова нафта, минерална вода и алкохол.
Во 2015 година главниот увоз на Грузија, по редослед на големина, се: нафтени производи, возила, јаглеводороди, бакарни руди и концентрати, мобилни телефони и други безжични телефони, пченица, цигари, железни цевки и делови од железни конструкции[23].
Меѓународни трансфери на пари
уредиПарите пренесени од странство во Грузија во 2011 година достигнале рекордно високо ниво од 1,26 милијарди американски долари, што е за 20,5 отсто повеќе од 2010 година, според бројките објавени од Централната банка на Грузија. Трансферите на пари од Русија, кои веќе подолго време се најголем извор на дознаки за Грузија, изнесувале 655,2 милиони САД долари во 2011 година[47]
Меѓу другите најголеми извори на дознаки за Грузија се: Грција со 144,6 милиони американски долари во 2011 година, по што следуваат Италија - 109,1 милиони долари; САД - 75,5 милиони долари; Украина - 52,4 милиони долари; Шпанија - 30,9 милиони долари; Турција - 27,6 милиони долари; Казахстан - 26,1 милион долари; Велика Британија - 14,6 милиони долари; Израел - 14,3 милиони долари; Индија - 13,2 милиони долари и Германија - 12,9 милиони долари[47].
Институционални реформи
уредиПод администрацијата на Михаил Саакашвили, Грузија презела бројни длабоки институционални реформи со цел модернизирање на економијата и подобрување на бизнис климата. Каха Бендукидзе (1956-2014) бил еден од најзначајните членови на тимот за време на неговото владеење, координирајќи го Министерството за економски реформи на Грузија. Спроведените институционални реформи создале делотворен, стручен и транспарентен јавен сектор, мотивиран да ги заштити принципите на демократијата. Поради политиката на економска дерегулација, бројот на државно регулираните сфери значително се намалил, а и постапките за регулирање станале поедноставени.
Грузија успеала во борбата против корупцијата, како една од главните пречки за развој. Успехот на Грузија е признаен од различни рејтинг агенции. Според Транспаренси Интернешнл, Грузија е врвната земја во пост-советскиот регион во поглед на борбата против корупцијата. Според Индексот за перцепција на корупцијата објавен од Transparency International, Грузија била рангирана на 50-то место во 2014 година[48](од 113-та во 2004).[49]. „Глобален барометар за корупција 2010“ ја рангира Грузија како прва меѓу светските земји во смисла на намалување на нивото на корупција[50]. Според Анкетата на Меѓународната финансиска корпорација за 2012 година, само 0,11% од анкетираните (1 испитаник од 920) ја нарекле корупцијата како проблем во односите со јавните установи[51].
Грузија има најлиберална даночна јурисдикција во Европа. Бројот на даноци е намален од 21 на само 6 а исто така се намалени и даночните стапки. Покрај тоа, биле спроведени и значајни процедурални и институционални реформи - воспоставен е поедноставен систем на даночни спорови, системот за даночна администрација бил рационализиран и најголемиот дел од даноците во моментов се плаќаат онлајн.
Поради царинската реформа, царинските постапки биле драстично поедноставени. Реформата на царинските тарифи значително поедноставува и драстично ги намалило трошоците поврзани со надворешната трговија. Бројот на увозни тарифи бил укинат на околу 90% од производите и постојат само 3 тарифни стапки наместо претходните 16. Во моментов, 86% од тарифните линии се беспазливи во споредба со 26% во 2005 година. Исто така биле воспоставени и модерни царински процедури по кое документите се добиваат за 15 минути.
Модернизацијата на системот на лиценци и дозволи резултирало со намалување на бројот на лиценци и дозволи и поедноставување на административните процедури.
Приватизација на државниот имот - започнувајќи од 2004 година, обезбедувањето транспарентна политика на приватизација било една од важните реформи на Владата на Грузија, која била насочена кон денационализација на останатиот државен имот со цел привлекување на странски инвестиции, зголемување и развој на приватниот сектор и делотворна употреба на ресурсите на земјата.
Либералното трудово законодавство ги поедноставило односите меѓу работодавците и вработените. Како резултат на реформите, „Фондацијата Херитиџ“ и другите аналитички центри го нарекле Грузискиот кодекс на трудот како еден од најлибералните во светот, бидејќи значително ги намалил трошоците за вработување и отпуштање.
Грузија ги нуди наједноставните постапки за регистрација на бизнис, сопственост, за добивање на различни документи преку „One-Stop-Shops“, каде што повеќето постапки може да се направат он-лајн. Извештајот на „Doing Business 2012“ ја става Грузија на 16-то место (112 во 2006 година), нарекувајќи ја Грузија како врвен реформатор помеѓу 174-те земји во последните 5 години.
Регулатива за лиценцирање
уредиПоради реформата на системот на лиценци и дозволи, бројот на дозволи е намален за 90%. Во моментов, лиценците и дозволите се користат само за производство на високоризични стоки и услуги, користење на природни ресурси и специфични активности. Процедурите за издавање на лиценци и дозволи биле значително поедноставени, биле воведени принципите на „едношалтерски систем“ кое означува дека ако лицето не е известено со отфрлање на аргументацијата за издавање на лиценца во ограничена рамка, лиценцата се смета дека е издадена од надлежното тело.
Постапките за добивање градежни дозволи биле исто така драстично поедноставени и потребни се само 3 постапки. Времето за добивање на градежни дозволи било намалено. Според Doing Business 2012 (WB) Грузија е најдобриот изведувач во регионот на Источна Европа и Средна Азија (ЕЦА) и се наоѓа на 4-та позиција во светот. Бројот на постапки и денови, трошокот (% од приходот по глава на жител) е многу помал, отколку во регионот на ЕЦА и земјите на ОЕЦД.
Работите се промениле откако бил воведен нов Закон за издавање дозволи во 2005 година. Процесот на одобрување за изградба на складиште во Грузија е сега поефикасен отколку во сите земји на ЕУ, освен во Данска.
Собирање даноци
уредиОд јануари 2011 година, стапил во сила новиот даночен закон, кој ги обединува старите даночни и царински кодови. Новиот даночен законик ја зголемил довербата кон грузискиот даночен систем и ја зголемил довербата во грузиските даночни власти, преку подобрување на комуникацијата помеѓу даночните обврзници и даночните власти, со заштита на правата на даночните обврзници, со зголемување на ефикасноста на администрацијата и усогласување на грузиските закони со најдобрите меѓународни даночни практики и директиви на ЕУ.
Во Грузија постојат само 6 даноци со даночни стапки: Данок на доход (персонален данок на доход) 20%; Данок на добивка (корпоративна такса) - 15%; Данок на додадена вредност - 18%; Акциза - варира; Данок на имот до 1% од самопроценетата вредност на имотот; Царинска такса - 0%; 5%; 12%. Покрај тоа, биле направени значајни процедурални и институционални реформи, поедноставено решавање на даночните спорови, рационализација на даночната администрација го намалило времето и трошоците за плаќање даноци. Грузија го олеснила и плаќањето на даноците за фирмите со поедноставување на известувањето за данокот на додадена вредност и воведување на електронско пополнување и плаќање на даноци[52].
Бројот на увозните тарифи бил укинат на околу 90% од производите, на само три тарифни стапки (0%, 5%, 12%), наместо претходни 16. Грузија ги поставува даноците за увоз на само неколку видови земјоделски и индустриски производи. Покрај тоа, не постојат квантитативни ограничувања (квоти) за увозот и извозот[52].
Регулатива за труд
уредиСо невработеност околу 16% и многу работни места во неформалниот сектор, Грузија презела голема реформа во трудова регулатива. Новиот Закон за работни односи бил усвоен на 17 декември 2010 година. Новиот закон ги олеснил ограничувањата на времетраењето на договорите за мандат и бројот на прекувремени работни часови и ја отфрлаил премијата потребна за прекувремена работа. Исто така, го отстранил и условот да се извести и да добие дозвола од синдикатот за да се отпушти работник што е излишен. Новиот закон предвидува барем 1 месец исплата за отпремнина, заменувајќи ги сложените правила според кои бараните периоди за известување зависеле од стажот и менаџерот морал да напише долги објаснувања кон синдикатите и на релевантното министерство. Генерално, новата регулатива го прави грузискиот пазар на трудот многу пофлексибилен.
Заедно со фактот што Грузија, исто така, ги намалила придонесите за социјално осигурување исплатени на плати од страна на претпријатијата од 31% на 20% во 2005 година и целосно укинување од јануари 2008 година, овие промени ја прават Грузија шеста најлесна земја за вработување на работници на глобално ниво.
Судска постапка
уредиНамалувањето на корупцијата во судовите бил еден од главните приоритети на новата влада. Од 2004 година, кога дошла администрацијата на Сакашвили, седум судии биле притворени за земање мито, а 15 биле поднесени пред кривичните судови. Само во 2005 година, судскиот дисциплински совет ги разгледал случаите против 99 судии, околу 40% од судството и 12 судии биле отпуштени. Во исто време, платите на судиите биле зголемени четирипати, за да се намали зависноста од пари за поткуп.
Според индексот на Global Property Guide index, Грузија моментно има 40 бода од 100[53]. Тоа значи дека „судскиот систем е многу неефикасен, а одложувањата се толку долги што го одвраќаат користењето на судскиот систем. Корупцијата е присутна, а судството е под влијание на други владини гранки. Експропријацијата е исто така можна“[54]. Некои незадоволни одговори во врска со судскиот систем може да се најдат на грузиските мрежни места, иако неговата искреност е контроверзна.
Невработеност
уредиНевработеноста е постојан проблем во Грузија уште од независноста на земјата во 1991 година. Според податоците на Државниот завод за статистика (Грузија) стапката на невработеност во 2011 година изнесувала 15,1% и е намалена од 16,3% во 2010 година[55]. Во 2014 година стапката на невработеност се намалила на 13,7%.
Речиси половина од грузиското население живее во руралните средини, каде што самостојното земјоделство со низок интензитет обезбедува главен извор на средства за живот[56]. Грузиската статистичка служба става поединечни лица во категоријата самовработени работници. Од 2007 година, 416.900 лица биле наведени како самовработени во земјоделството[57]. За големи семејства, раководителите на домаќинствата обично се опишуваат како „поединечни претприемачи“, членовите на семејството кои помагаат да се посветат на земјиштето се класифицираат како „неплатени семејни деловни работници“. Употребата на оваа методологија произведува релативно ниски стапки на невработеност за руралните области, во урбаните области и во Тбилиси[58]
2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Активно население (работна сила) (во илјади) | 2023.9 | 2021.8 | 1965.3 | 1917.8 | 1991.8 | 1944.9 | 1959.3 | 2029.1 | 2003.9 | 1991.1 | 2021.5 |
Вработено население (во илјади) | 1744.6 | 1747.3 | 1704.3 | 1601.9 | 1656.1 | 1628.1 | 1664.2 | 1724.0 | 1712.1 | 1745.2 | 1779.9 |
Невработено население (во илјади) | 279.3 | 274.5 | 261.0 | 315.8 | 335.6 | 316.9 | 295.1 | 305.1 | 291.8 | 246.0 | 241.6 |
Процент на невработеност | 13.8 | 13.6 | 13.3 | 16.5 | 16.9 | 16.3 | 15.1 | 15.0 | 14.6 | 12.4 | 12.0 |
Структура на економијата
уредиЕнергија
уредиВо последниве години Грузија целосно го дерегулирала својот електричен сектор, а сега има слободен и отворен пристап до пазарот.
Грузија има значителен хидроелектричен капацитет, фактор кој станал сè повеќе важна компонента на нејзините енергетски резерви и политики. Топографијата на земјата и изобилството на хидроенергии даваат сериозен потенцијал на доминација на хидроелектричните пазари во регионот на Кавказ. Грузиското Министерство за енергетика проценува дека има околу 26.000 реки на територијата на Грузија, при што околу 300 од тие реки се значајни во однос на производството на енергија. Министерството, исто така, тврди дека тековните проекти за хидроцентралите вредат околу 2,4 милијарди американски долари[60]. Александар Хетагури, поранешен грузиски министер за енергетика, предложил нови хидроелектрични проекти вредни повеќе од 22.000 мегавати капацитет, кој ќе чини над 40 милијарди американски долари и ќе бидат приватно финансирани. Само овие проекти ќе ја трансформираат Грузија во вториот најголем светски производител на хидроенергија[61].
Во 2007 година, Грузија генерирала 8,34 милијарди киловат-часови електрична енергија, додека потрошила 8,15 милијарди kWh[62]. Поголемиот дел од производството на електрична енергија од Грузија доаѓа од хидроцентралите. Во 2005 година, земјата произвела 6,17 милијарди kWh хидроенергија или 86% од вкупното производство на електрична енергија[63]. Во 2006 година брзиот раст на производството на хидроелектрични емисии (за 27%) соодветствувал со подеднакво силен раст на топлинска енергија (за 28%)[64] . Оттогаш уделот на хидроенергијата растел уште повеќе, кога централата на река Енгури достигнала целосен капацитет во ноември 2007 година[65]. Покрај државната Енгури, која има инсталиран капацитет од 1.300 мегавати, грузиската хидроелектрична инфраструктура се состои од многу мали приватни централи[66].
Во последниве години, Грузија станала главен извозник на електрична енергија во регионот, со извоз од 1,3 милијарди KWh во 2010 година. Хидроцентралите на Грузија произведуваат 80-85% од искористената електрична енергија во земјата, останатите 15-20% се произведени од станиците за топлинска енергија. Според Министерството за енергија и природни ресурси, досега Грузија искористила само 18% од својот потенцијал за хидро ресурси[67].
Опоравувањето на хидроенергијата на Грузија ја остава земјата ранлива од климатските флуктуации, што бара увозот да ги задоволи сезонските недостатоци, но исто така ја отвора можноста за извоз за време на повлажни услови. Грузија сè уште има потенцијал да ја зголеми хидро генерираната моќ, преку реновирање на постојните објекти, како и изградба на нови хидроцентрали.
Една од потешките реалности со кои се соочуваат многу поранешни советски републики било губењето на советски субвенционирани горивни и комунални трансфери. Пред 2004 година, преносната мрежа на Грузија била во критична состојба, при што прекинот на електричната енергија бил вообичаен низ целата земја. Како одговор на зголемените притисоци, грузиската влада иницирала серија законодавни реформи во 1998 и 1999 година за да започнат со развој на енергетскиот сектор и пазарите на електрична енергија. Додека биле преземени мерки за одвојување и либерализација на енергетскиот сектор, исто така бил изготвен нов закон и бил формиран независен регулаторен орган на Грузија: Грузиска национална регулаторна комисија за енергетика (ГНЕРК). Покрај обезбедувањето на владините субвенции, ГНЕРК има можност да ги зголемува цените на електричната енергија и природниот гас во Грузија за да ги ублажи трошоците за закрепнување од реформскиот процес на државата[68]. Следејќи ги овие реформи, дистрибуцијата е сè посигурна, приближувајќи се кон постојани 24-часовни услуги на ден. Исто така, направени се и инвестиции во инфраструктурата. Во моментов, во приватна сопственост, Енерго-Про Грузија контролира 62,5% од пазарот за дистрибуција на електрична енергија[69].
Грузија има далекуводи што ја поврзуваат својата електроенергетска мрежа со Русија, Турција, Ерменија и Азербејџан. Во јули 2008 година Грузија почнала да извезува електрична енергија во Русија преку каналот Кавкасиони[70]. Подоцна во 2009 година, грузискиот министер за енергетика Александар Кетагури поттикнал скандал за деловниот договор постигнат со руското енергетско претпријатие Интер РАО за заедничко управување со хидроелектраната на Егури за 10 години[71]. Предлогот на Кетагури вклучувал паричен тек од околу 9 милиони американски долари во Грузија за користење на фабриката. Меѓутоа, тензиите се зголемиле, бидејќи хидроцентралата обезбедува скоро 40 до 50 % од електричната енергија во земјата и се наоѓа на административната граница на рускиот окупиран регион Абхазија[72].
Грузиската потрошувачка на природен гас изнесувала 1,8 милијарди кубни метри во 2007 година. Природниот гас во Русија бил испорачан во Грузија. Сепак, во последниве години, Грузија успеала да ја елиминира зависноста од увозот од Русија, благодарение на зголеменото производство на хидроелектрична енергија и достапноста на извори на природен гас од Азербејџан. Покрај тоа, целиот извоз на руски гас во Ерменија поминува низ грузискиот гасовод. Грузија зема 10% од тој гас како транзитна такса[73].
Грузија е партнер на енергетската програма INOGATE, која има четири клучни теми: подобрување на енергетската безбедност, конвергенција на енергетските пазари на земјите-членки врз основа на принципите на внатрешен енергетски пазар на ЕУ, поддршка на одржливиот енергетски развој и привлекување инвестиции за енергетски проекти од заеднички и регионален интерес[74].
Земјоделство
уредиВо моментов, околу 55% од вкупната работна сила е вработена во земјоделството, иако голем дел од тоа земјоделство е за секојдневниот живот[75].
Грузиското земјоделско производство започнало да закрепнува по уништувањето предизвикано од граѓанските немири и неопходното реструктуирање по распадот на Советскиот Сојуз. Производството на добиток започнува да се враќа, иако продолжува да се соочува со мали и спорадични болести. Домашното производство на жито се зголемува постојано, а владата инвестира во подобрување на инфраструктурните подобрувања за да обезбеди соодветна дистрибуција и приходи за земјоделците. Производството на чаеви, лешници и цитруси силно страдало како резултат на конфликтот во Абхазија, клучна област за садење на последните култури.
Околу 7% од грузискиот БДП (2011) е генериран од аграрниот сектор.
Лозарството и винарството се најважните полиња на земјоделството во Грузија. Во Грузија се одгледуваат над 450 видови локални лози, а земјата се смета за едно од најстарите места за производство на врвни вина во светот. Русија традиционално е најголемиот извозен пазар за грузиското вино. Меѓутоа, ова се променило во 2006 година, кога Русија го забранила увозот на вино и минерална вода од Грузија, пред која биле претставени изјавите на грузиските владини претставници за ниските барања за квалитет на рускиот пазар[76]. Оттогаш грузиските производители на вино се обидуваат да го задржат производството и да се пробијат на нови пазари.
Во 2011 година Грузија продала вино во вкупен износ од 54 милиони американски долари во 48 земји и алкохолни пијалаци во вкупен износ од 68 милиони американски долари во 32 земји. Вината и алкохолните пијалаци се наоѓаат на топ 10 списокот на извозни добра со 2,5% и 3,1%, соодветно[77]. Според Националната винска агенција на Грузија извозот на грузиско вино се зголемува. Извозот во 2011 на вино е 109% повисок од извозот во 2007 година. Според информациите за 2012 година, Грузија тргува со вино со 43 земји, продавајќи повеќе од 23 милиони шишиња. Најголеми извозни партнери за Грузија во винската индустрија се Украина (47,3% од извозот на вино), Казахстан (18,9%) и Белорусија (6,9%)[78]. Во 2011 година извозот на винова лоза, минерални води и алкохолни пијалаци го надминал извозот на сите години по 2006 година. Грузија е богата со изворски води, а производството на минерални води е една од главните сфери на индустријата. Извозот на минерални води во 2011 година изнесувал 48 милиони долари во 35 земји. Уделот на минерална вода во вкупниот извоз изнесува 2,1%[77]. Прехранбената индустрија се развива усогласена со примарното земјоделско производство и извозот на преработени производи се зголемува од година на година. Извозот на ореви претставувал околу 6% од грузискиот извоз (2011 година) и е меѓу 10-те врвни извозни стоки со вкупен износ од 130 милиони американски долари. Ореви се извезуват во 53 земји[77].
Руралното население како процент од вкупното население во Грузија било 48,2% во 2011 година и се намалило на 46,3% во 2014 година[79].
Туризам
уредиТуризмот во Грузија е еден од најбрзорастечките сектори на локалната економија, кој има голем потенцијал за понатамошен развој. Во последниве години бројот на посетители во Грузија значително се зголемил и истиот придонел за растот на другите сектори поврзани со туризмот. Во 2011 година, повеќе од 3 милиони посетители ја посетиле Грузија, кое е за 40% повеќе, отколку во 2010 година[80]. За да се поттикне развојот на туристичкиот сектор, Владата на Грузија инвестира многу во развојот на транспортот и основната инфраструктура, реновирањето и развојот на туристичките одредишта, што е стимул за генерирање на приватни инвестиции. Во 2011 година, вкупното производство на услуги поврзани со туризмот се зголемило за 77% во однос на 2006 година и претставувало 7,1% од вкупното производство на економијата[81].
Следната табела ги покажува првите пет земји на посетеност во Грузија[82].
Земја | 2013 - Посетители | 2014 - Посетители | Промена на процент |
---|---|---|---|
Турција | 1 248 748 | 1 109 032 | -11.19% |
Азербејџан | 789 918 | 974 313 | 23.34% |
Ерменија | 940 187 | 939 312 | -0.09% |
Русија | 597 606 | 639 985 | 7.09% |
Украина | 93 968 | 113 785 | 21.09% |
Останати | 429 269 | 411 168 | -4.22% |
Вкупно | 4 099 696 | 4 187 595 | 2.14% |
Логистика
уредиГрузија е една од клучните членови во меѓународната програма ТРАСЕКА поради нејзината важна географска и политичка местоположба. Бидејќи се наоѓа токму помеѓу Европа и Азија, земјата треба да стане преоден центар на модерниот пат на свилата во блиска иднина. На 11 март 2015 година, грузиските медиуми објавиле дека кинеските и грузиските компании постигнале договор во Пекинг за развојот на длабочината на пристаништето во Анаклаја, што постоењето е од клучно значење за ТРАСЕКА[83]. Пристаништето ќе биде изградено на парцела од над 1.000 хектари и ќе има пристап до длабокиот кањон на море[84]. Подоцна US-Based SSA Marine била избрана да инвестира и да управува со контејнерски терминал на длабокото пристаниште Анаклаја, потпишувајќи договор на 1 август 2017 година[85].
Првиот воз кој содржи 82 контејнери и 41 платформи, бил донесен од Кина до Баку, Азербејџан на 28 јули. Било планирано прв превоз со овој пат преку Грузија до Истанбул во септември 2015 година[86]. Пругата Баку-Тбилиси-Карс станала достапна на 30 октомври 2017 година[87].
Повторното извезување на возила што е еден од изворите за приходи во Грузија значително се намалило за време на стагнација од 2014-2015, најзабележително во Азербејџан: тоа станало 5,1 пати помалку (на 10 337 автомобили) во споредба со претходната година[88].
Финансии
уредиКако и повеќето други постсоветски држави, во грузискиот финансиски сектор доминираат банките. Од 2015 година, имало 21 комерцијални банки, од кои 5 големи банки контролирале најголем дел од финансиските средства[89]. Постојат некои главни предизвици со кои се соочува банкарскиот сектор. На пример, банките имаат ограничена улога во финансирањето на реалната економија и инвестирањето во активности кои се потребни за стабилизирање на постојаната трговија во земјата.
Индекс на човековиот развој на Грузија
уредиИндексот на човековиот развој е сложен статистички показател за очекуваното траење на животот, образованието и индексот на приход кој се користи за рангирање на земјите во четири нивоа на човековиот развој. Вредноста на показателот во Грузија за 2012 година изнесува 0,745 - во категоријата за висок човеков развој - позицијата на земјата во 72 од 187 земји и територии. Помеѓу 2005 и 2012 година, вредноста на ИЧР во Грузија се зголемил од 0,713 на 0,745, што претставува зголемување од 5 проценти или просечно годишно зголемување од околу 0,6 проценти. Рангирањето на ИЧР за Грузија за 2011 година врз основа на податоците достапни во 2012 година и методите кои се користат во 2012 година било 75 од 187 земји. Во 2011 година, Грузија била рангирана на 75 место од 187 земји. Сепак, погрешно е да се споредат вредностите и рангирањата со оние на претходно објавените извештаи, бидејќи основните податоци и методи се промениле[90]
Очекувано траење на животот | Очекувани години на школување | Средни години на школување | ИЧР по глава на жител (2005$) | ИЧР | |
---|---|---|---|---|---|
1980 | 69.7 | 12.9 | N/A | 6849 | N/A |
1985 | 70 | 12.9 | N/A | 8136 | N/A |
1990 | 70.5 | 12.9 | N/A | 6134 | N/A |
1995 | 70.7 | 10.9 | N/A | 1684 | N/A |
2000 | 71.8 | 11.7 | N/A | 2064 | N/A |
2005 | 72.8 | 12.5 | 12.1 | 3650 | 0.713 |
2010 | 73.5 | 13.2 | 12.1 | 4460 | 0.735 |
2011 | 73.7 | 13.2 | 12.1 | 4727 | 0.740 |
2012 | 73.9 | 13.2 | 12.1 | 5005 | 0.745 |
.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „World Economic Outlook Database, October 2018“. IMF.org. International Monetary Fund. Посетено на 16 March 2019.
- ↑ „January 2019 Global Economic Prospects -- Darkening Skies p. 74“ (PDF). openknowledge.worldbank.org. World Bank. Посетено на 16 March 2019.
- ↑ „Gross Output, at current prices“. Geostat.ge. Посетено на 18 June 2016.
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-16. Посетено на 2016-05-25.
- ↑ https://ourworldindata.org/world-poverty/
- ↑ http://data.worldbank.org/indicator/SI.POV.GINI
- ↑ http://geostat.ge/?action=page&p_id=145&lang=geo
- ↑ World Bank (2018). Doing Business 2019 (PDF). World Bank Publications. стр. 5. ISBN 1464813264.
- ↑ „Ease of Doing Business in Georgia“. Doingbusiness.org. Посетено на 2017-11-21.
- ↑ 10,0 10,1 „Georgia – WTO Statistics Database“. World Trade Organization. Архивирано од изворникот на 2018-03-20. Посетено на 19 March 2018.
- ↑ „External Debt of Georgia“. CIA World Factbook. 2012. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 2013-07-19.
- ↑ „Sovereigns rating list“. Standard & Poor's. Посетено на 26 May 2011.
- ↑ „S& - Ratings Sovereigns Rating List - Americas“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „PBC_124089“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „Fitch ratings, updated 15/12/2011“. Архивирано од изворникот на 2012-03-26. Посетено на 2012-02-24.
- ↑ „National Bank Of Georgia“. nbg.ge. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ United States Department of State, Georgia: Executive Summary, Retrieved: 5 May 2016
- ↑ World Bank, Georgia Архивирано на 6 октомври 2016 г., Retrieved: 4 May 2016
- ↑ Russia Today, Georgia’s reforms please World Bank, 17 June 2007
- ↑ Transparency International, Corruption Perceptions Index 2015 Архивирано на 13 ноември 2019 г., Retrieved: 4 May 2016
- ↑ Freedom House, Freedom of the Press - 2016, Retrieved: 4 May 2016
- ↑ 22,0 22,1 European Commission, Georgia, Retrieved: 7 May 2016
- ↑ 23,0 23,1 23,2 Civil Georgia, Georgia’s 2015 Foreign Trade, 20 January 2016
- ↑ Barron, Lisa (December 17, 2013). „Emerging market growth index published by Bisignis Institute“. CISTRAN Finance. Chicago, Ill. Посетено на January 3, 2014.
- ↑ 25,0 25,1 „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „National Bank Of Georgiaინფორმაცია თქვენთვის“.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „Report for Selected Countries and Subjects“. imf.org.
- ↑ IMF, World Economic Outlook Database, April 2012
- ↑ IMF, World Economic Outlook Database, April 2012
- ↑ IMF, Transcript of a Conference Call on Georgia Request for Standby Arrangement September 15, 2008
- ↑ „National Bank Of Georgia“. nbg.ge. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ EBRD, Georgia economic overview Архивирано на 30 март 2009 г.
- ↑ „National Statistics Office of Georgia“.
- ↑ „Statement at the Conclusion of a IMF Mission to Georgia“. IMF. 2007-09-13. Посетено на 2008-09-22.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „unctad.org - Country Fact Sheets 2014“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ International Monetary Fund (IMF), 1993. Balance of Payments Manual, fifth edition (Washington, DC).
- ↑ Прямые иностранные инвестиции в Грузию в 2010 году составили 814 млн. долларов 24.08.2011 Архивирано на 24 март 2016 г. Грузия-Online
- ↑ Прямые иностранные инвестиции в Грузию в 2011г. выросли на 37% 16.08.2012 Архивирано на 19 април 2016 г. // RBC.ru
- ↑ Грузинская экономика в 2012-2013 годах: цифры и тенденции Архивирано на 10 март 2014 г. // ИА REGNUM
- ↑ http://sputnik-georgia.ru/economy/20140317/216451370.html
- ↑ http://www.apsny.ge/2015/eco/1439852233.php
- ↑ http://www.apsny.ge/2016/eco/1471308614.php
- ↑ https://regnum.ru/news/2310886.html
- ↑ https://regnum.ru/news/2319658.html
- ↑ 47,0 47,1 „National Bank Of Georgia“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ Corruption Perceptions Index 2014 Архивирано на 29 септември 2014 г.. Transparency International.
- ↑ Corruption Perceptions Index 2004. Transparency International.
- ↑ Global Corruption Barometer 2010 Архивирано на 1 јуни 2012 г.
- ↑ Georgia Business Perception Survey 2012. International Finance Corporation. pdf
- ↑ 52,0 52,1 Georgia_Pocket_Tax_Book Архивирано на 20 мај 2011 г., Ministry of Finance
- ↑ http://www.globalpropertyguide.com/Asia/Georgia/property-rights-index
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-12-09. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ Rural poverty in Georgia
- ↑ „Government press release on unemployment in 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-19. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 24 April 2018.
- ↑ Projected Hydropower Plants in Georgia http://www.minenergy.gov.ge/index.php?m=305[мртва врска]
- ↑ Georgia Looks to Tap Hydropower Potential „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на 2012-04-03.
- ↑ „The World Factbook“. cia.gov. Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ „International Energy Annual 2005nbxn“. Energy Information Administration. 2007-09-13. Архивирано од изворникот на 2008-05-14. Посетено на 2008-09-22.
- ↑ „Georgia“. Infoplease.com. Посетено на 2013-04-22.
- ↑ Russia and Georgia: economy as a battlefield en.rian.ru
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2008-09-22., Ministry of Energy of Georgia
- ↑ Dmitry Bondarenko (2011-02-08). „Турция и Грузия покроются дамбами и ГЭС“ [Turkey and Georgia will be covered with dams and hydroelectric plants]. Economicheskiye Izvestiya. Архивирано од изворникот на 2011-09-02. Посетено на 2011-03-30.
- ↑ Revisiting Reform http://documents.worldbank.org/curated/en/2003/12/3219271/revisiting-reform-energy-sector-lessons-georgia
- ↑ New foreign investors are entering the Georgian market, caucaz.com
- ↑ Inter RAO UES begins importing energy from Georgia en.rian.ru
- ↑ Georgia’s Energy Minister Is Assailed for Deal With Russia https://www.nytimes.com/2009/01/14/world/europe/14georgia.html
- ↑ Managing Enguri: A Russian Hydropower Play? http://www.eurasianet.org/departments/insightb/articles/eav011609e.shtml Архивирано на 27 април 2014 г.
- ↑ en.rian.ru
- ↑ „INOGATE“. inogate.org. Архивирано од изворникот на 2019-11-18. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ Main Indicators of Agriculture Development Архивирано на 29 септември 2008 г. investingeorgia.org
- ↑ [1] Архивирано на 12 март 2007 г.
- ↑ 77,0 77,1 77,2 „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ „::N W A:::“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07.
- ↑ „GeoStat.Ge“. Посетено на 3 March 2015.
- ↑ Arrivals of non-resident visitors at national borders of Georgia by country of citizenship[мртва врска]
- ↑ „Total Output of Production in Tourism“. Архивирано од изворникот на 2013-05-17. Посетено на 2012-05-14.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-15. Посетено на 2014-10-21.
- ↑ http://www.jamestown.org/single/?tx_ttnews%5Btt_news%5D=43699&tx_ttnews%5BbackPid%5D=228#.VdyeFyV6TMw
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ https://www.businesswire.com/news/home/20170801006198/en/Anaklia-Development-Consortium-Signs-Agreement-US-Based-SSA
- ↑ http://bizzone.info/transportation/2015/1440444961.php
- ↑ https://dnd.com.pk/btk-railway-track-becomes-operational-to-carry-chinese-goods-to-europe/134952
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ Aaron Batten, Poullang Doung, Enerelt Enkhbold, Gemma Estrada, Jan Hansen, George Luarsabishvili, Md. Goland Mortaza, and Donghyun Park, 2015. The Financial Systems of Financially Less Developed Asian Economies: Key Features and Reform Priorities. ADB Economics Working Paper Series No. 450
- ↑ „GEO.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-20. Посетено на 2019-03-21.