Лек
Лек[1], медикамент[2] или архаично иљач[3] — претставува производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.
Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена доза и низ соодветни мерки на претпазливост. Затоа секој лек може да биде отров, но секој отров не мора да биде и лек.
Фармацевтска дрога, уште позната и како лек, може да се дефинира како било која хемиска супстанција, наменета за употреба во медицинска дијагноза, лекување, третман или спречување на болести.
Класификација
уредиЛековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на пример според [[хемиско својство|хемиските својства, начинот на употреба, засегнатоста од биолошкиот систем или терапевтските ефекти. Детален и широко употребуван систем за класификација е Анатомскотерпевтско хемиски систем на класификација (АТХ-систем). Светската здравствена организација чува список на неопходни лекови.
Историја
уредиАнтичка фармакологија
уредиСе верува дека користењето на растенија и супстанции од растенија за третирање на различни видови на болести и медицински случаи датира од праисториската медицина.
Кахунскиот гинеколошки папирус е најстариот познат медицински текст, кој датира околу 1800 година п.н.е. и претставува првото документирано користење на каков било лек. Тој и многу други медицински папируси ги опишуваат медицинските пракси на стариот Египет, како што е употребата на мед при лечење на инфекции.
Лекот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Лековита“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]
- „Проспект“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
- „Претстава со лекови“ (англиски: Medicine Show) — песна од истоимениот албум на американската рок-група Дрим синдикејт (The Dream Syndicate) од 1984 година.[6]
- „Валц на лошиот лек“ (англиски: Bad Medicine Waltz) — песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1984 година.[7]
- „Лек за болка“ (англиски: Cure for Pain) — песна од истоимениот албум на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1993 година.[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „лек“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „медикамент“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „иљач“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 13.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 141-142.
- ↑ The Dream Syndicate – Medicine Show (посетено на 12.6.2022)
- ↑ Discogs, The Cult – Dreamtime (пристапено на 17.5.2020)
- ↑ YouTube, Morphine - Cure for Pain (Full Album) (посетено на 16.6.2017)