Меѓународна финансиска корпорација
Меѓународна финансиска корпорација или Меѓународна корпорација за финансирање (англиски: International Finance Corporation, IFC) — меѓународна финансиска организација во состав на групата на Светската банка.
Опис
уредиИФЦ e основана во 1956 година, како подружница на Светската банка, со цел да се поттикне економскиот развој преку инвестиции во приватниот сектор. Во 1989 година била формирана Советодавната служба за странски инвестиции со цел да им помогне на земјите во развој во привлекувањето и промовирањето на странските директни инвестиции. ИФЦ има статус на специјализирана агенција на ОН во групата на Светска банка. Сепак, ИФЦ е посебен правен субјект и нејзините средства се одвоени од Светската банка. ИФЦ има 174 членки при што членството во оваа организација е условено од членство во Светската банка. Седиштето на Меѓународната финансиска корпорација се наоѓа во Вашингтон. ИФЦ обезбедува:[1]
- средства за инвестирање во приватниот сектор во земјите во развој,
- мобилизирање на капитал на меѓународните финансиски пазари,
- помош на клиентите за подобрување на социјалната и економската одржливост,
- техничка помош,
- советодавни услуги на владите и компаниите.
Наводи
уреди- ↑ Michael A. Clemens, Michael Kremer, „The new role of the world bank“, Center for Global Development, Washington, D.C., November, 2015, p. 61.