Цел за одржлив развој 1
Цел за одржлив развој 1 (скратено ЦОР 1) — прва од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел да „нема сиромаштија“. Официјалниот текст гласи: „да си стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде“.[1][2] Преку заложувањето „никој да не заостане“, земјите се обврзуваат да им овозможат забрзан напредок на оние коишто заостануваат за водечките.[3]:54
ЦОР 1 има за цел да го искорени секој облик на екстремна сиромаштија. Овие облици ги вклучуваат најосновните човечки потреби како што се храна, чиста вода за пиење и санитација, но исто така и некои нови потреби предизвикани од глобалното затоплување и судирите. ЦОР 1 не се однесува само на мажите, жените и децата, туку и на основните човечки ресурси, услуги и заедници погодени од судири и природни непогоди.[4] И покрај тековниот напредок, околу 10% од светското население живее во сиромаштија и се бори да ги задоволи основните потреби, како што се здравство, образование и пристап до вода и санитација.[5]
Екстремната сиромаштија и натаму преовладува во нискодоходните земји, особено во оние погодени со судири и политички немири, како што се земјите во Потсахарска Африка, Латинска Америка и Карибите.[6], and other conflict-prone regions. Without significant shift in policies, extreme poverty will double in digits by 2030.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
- ↑ United Nations (2017) HLPF Thematic Review of SDG , New York
- ↑ „Goal 1: No Poverty“. United Nations Development Programme (UNDP). Посетено на 17 September 2020.
- ↑ „Decline of Global Extreme Poverty Continues but Has Slowed“. World Bank (англиски). Посетено на 26 август 2020.
- ↑ „Latin America & Caribbean (excluding high income) | Data“. data.worldbank.org. Посетено на 2020-09-22.
- ↑ „Goal 1 - End poverty in all it forms,everywhere“. United Nations, Department of Economic and Social Affairs, Statistics Division. Посетено на 26 август 2020.