Цел за одржлив развој 11
Цел за одржлив развој 11 (скратено ЦОР 11) — единаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел создавање „одржливи градови и заедници“. Официјалниот текст гласи „остварување на инклузивни градови и населби, безбедни, прилагодливи и одржливи“.[1][2] Целите за одржлив развој земаат предвид дека активноста во едно подрачје ќе влијае врз исходот во други подрачја, како и дека развојот мора да бги урамнотежи социјалната, економската и еколошката одржливост.[3] ЦОР 11 се покажала од суштинско значење за време на пандемијата на коронавирус преку осигурување намалена изложеност на оние коишто живеат во густо населените подрачја.[4] Пандемијата исто така покажала дека ваквите подрачја и натаму се предизвик имајќи предвид дека 90% од заразените случаи се забележани во нив.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
- ↑ „What are the Sustainable Development Goals?“. United Nations Development Programme. Архивирано од изворникот на 2020-08-08. Посетено на 6 септември 2020.
- ↑ „SDGs still offer best option to reduce worst impacts of COVID-19 and to recover better“.
- ↑ „The sustainable development reports 2020“ (PDF).