Сива или неформална економија (англиски: grey economy, informal economy) претставува дел од економската активност која не е регистрирана во официјалната статистика.

Уличен продавач во Колумбија

Сивата економија во Македонија

уреди

Според Државниот завод за статистика, во 2013 година, неформалниот сектор учествувал со околу 20% во БДП на Македонија. Во 2011 година, лицата вработени во неформалниот сектор зафаќале 25% во вкупната вработеност, додека во 2013 година, тој процент паднал на 22,5%. Притоа, бројот на неформално вработените бил поголем кај машкото население отколку кај женското, а учеството на младите лица (на возраст од 15 до 24 години) во сивата економија изнесувало 13,4%.[1]

Според „Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2018-2022“ на Министерството за труд и социјална политика, најчести форми на неформална економија се:[2]

  • Затајување на данок
  • Неправилности во примената на Законот за работни односи
  • Висок степен на мито и корупција
  • Недозволена и непријавена прекугранична трговија со добра
  • Високо учество на готовина во масата на пари
  • Извршување на зделки во натура или компензација

Наводи

уреди
  1. „Сивата економија „голта“ 1,5 милијарди евра годишно“, Утрински весник, година XVI, број 4715, 20 февруари 2015, стр. 3.
  2. „Стратегијата за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018-2022“, Министерство за труд и социјална политика, 2018, 15-18 стр.

Надворешни врски

уреди