Информациски и комуникациски технологии
Информациски и комуникациски технологии (скратено ИКТ) — збирен назив којшто ја нагласува улогата на обединетите коомуникации,[1] интегрирањето на телекомуникациите (телефонски линии и безжични сигнали) и сметачите, како и потребната програмска опрема и системи на складирање коишто им овозможуваат на корисниците да пристапат, да ги складираат, да ги пренесуваат и да ги менуваат информациите.[2]
Терминот ИКТ исто така се користи за да се означи конвергенцијата на аудио-визуелни и телефонски мрежи со сметачките мрежи преку единствен систем за поврзување со кабли или врска. Постои голема економски користи од спојувањето на телефонската мрежа со сметачкиот мрежен систем, користејќи единствен обединет систем за каблирање, распределба и управување со сигнали.
Историја
уредиРазвојот на телекомуникациите во XX век се одвивал на начин што за да се обезбеди секоја услуга била потребна соодветна инфраструктура. Ова било причина за изградба на јавните мрежи за телефонски услуги, телеграфски услуги и пренос на податоци. Односот помеѓу телефонските претплатници и нивните предаватели во најголем дел се пренесуваат преку бакарна жица. Така до крајот на 2001 година, во светот постоеле околу една милијарда телефонски линии. Имајќи ги предвид огромните инвестиции во оваа локална инфраструктура и на зголемената побарувачка од корисниците за нови услуги, развојот телекомуникациските услуги во насока на подобрување на постоечката инфраструктура бил очекуван. Првиот чекор којшто е преземен во однос на технологијата е воспоставувањето на [[дигитална мрежа на интегрирани услуги|дигиталната мрежа на интегрирани услуги, но во средината на 1990-тите, со распространувањето на интернетот се зголемила потребата за нешто што ќе овозможи голем проток на податоци од и до услугите на крајните корисници. На ова барање се одговорило со развој на нови технологии коишто овозможуваат постојната инфраструктура (бакарни парови) да им обезбеди на крајните ккорисници пристап до фиксната телефонска мрежа и услугите кои ги нуди, како и пристапот до интернет со висок проток.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Murray, James (18 декември 2011). „Cloud network architecture and ICT - Modern Network Architecture“. TechTarget =ITKnowledgeExchange. Архивирано од изворникот на 20 септември 2017. Посетено на 18 август 2013.
- ↑ „Information and Communication Technology from“. FOLDOC. 19 септември 2008. Архивирано од изворникот на 17 септември 2013. Посетено на 29 септември 2010.