Патен сообраќај или копнен сообраќај — движење на луѓе, предмети, енергија и информации од едно место на друго со искористување на патишта. Патниот сообраќај е еден од најчестите видови сообраќај и е од посебно значење затоа што се користи како дополнителен сообраќај на поморскиот и железничкиот. Главна конкурентска предност на овој вид на превоз е високата еластичност и флексибилност.

Патничко превозно средство

Сообраќајна дејност уреди

Нерамномерната распределба на природните богатства и различните услови за производство ја предизвикале потребата стоките да се пренесуваат од едно на друго место, т.е од местото на производство воместото на потрошувачите. Така настанале првите размени, а со тоа и патничкиот сообраќај. Како општествена дејност, патничкиот сообраќај има голема улога и значење придонесувајќи да се остварат контакти помеѓу луѓето, а со тоа и пренос на економски и технолошки придобивки. Под поимот сообраќај се подразбира пренос на материјални добра. Пошироката дефиниција, покрај материјалните добра, опфаќа превоз на луѓе и информации. Сообраќајната дејност претставува продолжување на произвотствениот процес преку превезување на готови производи до потрошувачите. За спроведување на патничкиот сообраќај потребна е транспортна инфраструктура во која спаѓаат: патиштата, градежни објекти и уреди за врски. Од гледна точка на претпријатијата постојат два вида на патен сообраќај, и тоа: внатрешен (сообраќај во рамките на самото претпријатие) и надворешен (од претпријатието до потрошувачите). Притоа, во современата надворешно-трговска размена големо влијание имаат превозните трошоци. Од висината на превозните трошоци најчесто зависи која стока и од која земја ќе се извезува. Системот на превезување претставува физичка врска којашто ги поврзува потрошувачите на едно претпријатие, снабдувачите на суровини, фабриките (производните погони), складиштата и членовите на каналот, т.е. сите фиксни точки во рамките на логистичкиот снабдувачки синџир. Со движењето на добрата и производите од една до друга точка, патничкиот сообраќај создава просторна корист. Сообраќајното работење се манифестира преку извршувањето на задачи за преземање, внатрешен превоз и испорачување на стоките.

Поврзано уреди