Образование за одржлив развој

Образованието за одржлив развој (ООР) била програма на ООН која се дефинира како образование што поттикнува промени во знаењето, вештините, вредностите и ставовите за да се овозможи поодржливо и поправедно општество за сите.[1] ООР има за цел да ги зајакне и опреми сегашните и идните генерации да ги исполнат нивните потреби користејќи избалансиран и интегриран пристап кон економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој. ООР е термин што најмногу се користи на меѓународно ниво и од ООН.[2] Агендата 21 бил првиот меѓународен документ што го идентификувал образованието како основна алатка за постигнување одржлив развој и ги потенцирал областите на дејствување за образованието.[3][4]

Работилница за образование за одржлив развој во областа Касеше, Уганда
WikiProject ООР претставување

ООР е компонента на мерење во Цел 12 на одржливиот развој (ЦОР) за „одговорна потрошувачка и производство“. ЦОР 12 има 11 задачи, а задачата 12.8 е „До 2030 година, да се осигура дека луѓето насекаде ќе имаат соодветни информации и свесност за одржлив развој и начин на живот во хармонија со природата“.[5]

Концепт и потекло

уреди

Една дефиниција за ООР е „интердисциплинарна методологија на учење која ги опфаќа интегрираните социјални, економски и еколошки аспекти на формалната и неформалната наставна програма“.[6] Брундландската комисијата го дефинира одржливиот развој како исполнување на потребите на сегашната генерација, без да се става во ризик капацитетот на генерациите што доаѓаат да ги задоволат сопствените барања.[7] Оваа агенција порано била Светската комисија за животна средина и развој создадена во 1983 година.[8] Идејата за одржлив развој потекнува од Конференцијата на ООН за човечкото опкружување во Стокхолм (Шведска 1972 година).[9] Оттогаш, имало уште две глобални активности. Тие биле Светската комисија за животна средина и развој на ООН од 1987 година (Извештај за нашата заедничка иднина)[10] и Конференцијата на ООН за животната средина и развој од 1992 година (Самитот во Рио).[11]

За УНЕСКО, образованието за одржлив развој вклучува:

...интегрирање на клучните прашања за одржлив развој во наставата и учењето. Ова може да вклучува и, на пример, упатства за климатските промени, намалување на ризикот од катастрофа, биоразновидност и намалување на сиромаштијата и одржлива потрошувачка. Исто така, се потребни учествувачки методи на предавање и учење кои ги мотивираат и ги поттикнуваат учениците да го променат своето однесување и да преземат активности за одржлив развој. Како резултат на тоа, ООР промовира критичко размислување, замислување за идни сценарија и донесување одлуки на колаборативен начин.[12][13]

Цели на одржлив развој

уреди

Целите за одржлив развој се 17 цели кои се воспоставени од ООН во 2015 година.[14] Цел 4 за одржлив развој се фокусира на образованието, а задачата 4.7 е да се осигура дека на луѓето им се дадени знаења и вештини за промовирање на одржлив развој.[15] Цел 12 за оддржлив развој се концентрира на одговорна потрошувачка и производство, а задачата 12,8 треба да осигура дека секој има информации и „свесност за одржлив развој и начин на живот во хармонија со природата“.[16] Задачата 12. Б според Цел 12 за ОР, исто така, има за цел да ги измери влијанијата на одржливиот развој за одржлив туризам за да создаде работни места и да ја промовира локалната култура и производи.[16]

Видете и:

уреди

Наводи

уреди
  1. https://plus.google.com/+UNESCO (2013-05-10). „Education for Sustainable Development“. UNESCO (англиски). Посетено на 2020-05-24.
  2. „Untitled Document“. Esdtoolkit.org. Посетено на 17 October 2017.
  3. unesdoc.unesco.org https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000261801. Посетено на 2020-05-24. Отсутно или празно |title= (help)
  4. Bernad-Cavero, Olga; Llevot-Calvet, Núria (2018-07-04). New Pedagogical Challenges in the 21st Century: Contributions of Research in Education (англиски). BoD – Books on Demand. ISBN 978-1-78923-380-3.
  5. United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
  6. „Education for sustainable development | Higher Education Academy“. www.heacademy.ac.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-04. Посетено на 2018-07-04.
  7. „The Brundtland Commission“. www.sustainabledevelopment2015.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-04. Посетено на 2018-07-04.
  8. „Education for Sustainable Development | Development“. RESET.to (англиски). Посетено на 2018-07-04.
  9. „UN Conference on the Human Environment .:. Sustainable Development Knowledge Platform“. sustainabledevelopment.un.org (англиски). Посетено на 2018-07-04.
  10. „UN World Commission on Environment and Development, ed., Report of the World Commission on Environment and Development: Our Common Future | Environment & Society Portal“. www.environmentandsociety.org (англиски). Посетено на 2018-07-04.
  11. „The Rio Earth Summit: summary of the United Nations conference on Environment and Development (BP-317E)“. publications.gc.ca. Посетено на 2018-07-04.
  12. „Education for Sustainable Development“. UNESCO. Посетено на 17 October 2017.
  13. Marope, P.T.M; Chakroun, B.; Holmes, K.P. (2015). Unleashing the Potential: Transforming Technical and Vocational Education and Training (PDF). UNESCO. стр. 9, 23, 25–26. ISBN 978-92-3-100091-1.
  14. UN Sustainable Development Goals, https://www.un.org/sustainabledevelopment/
  15. UN Sustainable Development Goal 4: Quality Education, https://www.un.org/sustainabledevelopment/education/
  16. 16,0 16,1 UN Sustainable Development Goal 12: Sustainable Consumption and Production, https://www.un.org/sustainabledevelopment/sustainable-consumption-production/

Литература

уреди
  • Egana del Sol P.A. (2019) Education for Sustainable Development: Strategies and Key Issues. In: Leal Filho W., Azul A., Brandli L., Özuyar P., Wall T. (eds) Quality Education. Encyclopedia of the UN Sustainable Development Goals. Springer, Cham
  • Jones, P., Selby, D., Sterling, S. (2010) Sustainability Education: Perspectives and Practice Across Higher Education. Renouf Publishing.
  • Sims, G. D. (2007) Sustainability Education: where does it belong? Minnesota State University.
  • Li, Z., and Williams, M. (2006) Environmental and Geographical Education for Sustainability: cultural contexts. Nova Publishers.
  • Lang, J. (2007) How to Succeed with Education for Sustainability. Curriculum Corporation.

Надворешни врски

уреди