Енергетска мешавина
Енергетска мешавина се однесува за група на различни примарни извори на енергија од кои се произведува секундарна енергија за директна употреба - како што е електричната енергија.[1] Енергетската мешавина се однесува на сите директни употреби на енергија, како што се транспортот и домувањето, па затоа не треба да се помеша со терминот „мешано производство на енергија“, што се однесува само на производството на електрична енергија.[2][3]
Глобална енергетска мешавина
уредиВо 2007 година, светската енергетска потрошувачка беше 12,5 милиони тони нафтен еквивалент, или 145,375 гигават-часови (523,350 ТЈ/тераЏули). Според „Меѓународната Енергетска Агенција“ (МЕА), 13,6% од светската примарна енергија е искористена од Европската унија (ЕУ). Во рамките на ЕУ, 75,9% од енергијата се добива од фосилните горива, 14,1% од јадрената енергија, 7% од биогоривата и 2,9% од обновливи извори.[4]
Вкупната потрошувачка на првична енергија во САД во 2015 година најмногу се потпира на нафтата (35 quadrillion British thermal units (3.7×1016 kJ)), природниот гас (29 quadrillion British thermal units (3.1×1016 kJ)) и јагленот (16 quadrillion British thermal units (1.7×1016 kJ)). Обновливите извори придонеле за 9 quadrillion British thermal units (9.5×1015 kJ) и јадрената енергија за 8 quadrillion British thermal units (8.4×1015 kJ).[5] Истата година, во САД се генерирани околу 4,000,000 GWh електрична енергија, од кои 67% се производ од фосилни горива (јаглен, природен гас и <1% нафта), 20% од јадрена енергија, 6% хидроенергија и 7% обновливи извори.[6]
Во 2018 година, глобалната употреба на примарната енергија била 33,6% нафта, 27,2% јаглен, 23,9% природен гас, 6,8% хидроенергија, 4,4% јадрена и 4% обновливи извори, како што се ветерната енергија, топлинските извори, биоенергиите, сончевата енергија и отпадот. Потрошувачката на енергија ширум светот се зголеми за 2,9%, што е најголемото зголемување од 2010 година. Европа користела помалку нафта од глобалниот процент, а повеќе јадрени и обновливи извори, со тоа што Франција користела помалку гас и повеќе јадрена енергија. Северна Америка ја има најголемата потрошувачка по жител, со Русија на второ место, а следни се Европа и Средниот Исток. Додека Северна Америка користела 240 гигаџули по глава на жител, Африка користела само 15 гигаџули по глава на жител.[7]
Одржливост
уредиКако што се зголемува потрошувачката на енергија, вниманието се врти кон одржливи и еколошки практики. 2018 година забележа најголемо зголемување на потрошувачката на енергија во светот од 2010 година, со 27,2% од таа енергија произведена од јаглен. Ослободувањето на CO
2 од горење на јагленот за да се произведе енергија, претставува 44% од светските емисии. Производството на сурова нафта сочинува скоро 1/3 од светските емисии на CO
2. Ова придонесува за глобалното зголемување на температурата.[8]
Многу земји, како Пакистан[9] и Малезија[10] започнаа да разгледуваат опции за поодржливи енергетски практики. Некои од овие опции го вклучуваат ветерот, за мали и средни проекти, сончева енергија, и биомаса, што значи енергија произведена од биолошки отпад како што се лушпите од ориз, животинскиот измет и остатоци од житни култури.[11]
МЕА разви план, наречен „сценарио за одржлив развој“ (СОР), што би довело до 800 Mtoe (милиони тони нафтен еквивалент) намалување на глобалната потрошувачка на енергија со промените во секторите на станбената и транспортната енергија. Следејќи го ова сценарио, употребата на фосилни горива би опаднала значително, но за тоа е потребно драматично зголемување на употребата на обновливите извори, особено во Азија.[12]
Видете и:
уредиНаводи
уреди- ↑ „About the Energy Mix“.
- ↑ „What is the Energy Mix?“. Посетено на 2020-09-16.
- ↑ „What is the Power Generation Mix?“. Посетено на 2020-09-16.
- ↑ „Energiemix nach Staaten (Energy mix by country)“. Bundeszentrale für politische Bildung.
- ↑ „Changing U.S. energy mix reflects growing use of natural gas, petroleum, and renewables“. July 21, 2016. Посетено на 2016-08-15.
- ↑ „FAQ: What is U.S. electricity generation by energy source?“. U.S. Energy Information Administration (EIA). Посетено на 2016-08-15.
- ↑ „Primary Energy Consumption in 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 2020-09-16.
- ↑ „Fossil fuels, explained“. Посетено на 2020-09-16.
- ↑ „Life cycle sustainability assessment of electricity generation in Pakistan: Policy regime for a sustainable energy mix“ (PDF). Посетено на 2020-09-16.[мртва врска]
- ↑ „Renewable energy for continuous energy sustainability in Malaysia“ (PDF). Посетено на 2020-09-16.[мртва врска]
- ↑ [hhttps://www.researchgate.net/profile/Muhammad_Asif55/publication/223421753_Sustainable_energy_options_for_Pakistan/links/5b179a6aa6fdcc6d3e058175/Sustainable-energy-options-for-Pakistan.pdf „Sustainable energy options for Pakistan“] (PDF). Посетено на 2020-09-16.
- ↑ „The World's Projected Energy Mix, 2018-2040“. Посетено на 2020-09-16.