Цел за одржлив развој 10
Цел за одржлив развој 10 (скратено ЦОР 10) — десетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „намалена нееднаквост“. Официјалниот текст гласи „намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите“.[1][2][3] Целта бара намалување на нееднаквоста по основ на доход, пол, попреченост, раса, народност, потекло, религија или економски статус.[4] Таа има 10 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон нивното постигнување се мери со помош на 11 показатели. Постигнувањето сеопфатност, осигурувањето еднаква можност и намалувањето на нееднаквоста се клучен дел од постигнувањето на оваа цел.[5]
Доходовата нееднаквост продолжува да се зголемува во многу делови на светот дури и во услови кога најсиромашните 40% од населението во многу земји бележи раст на сопствениот доход.[2]:42
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ 2,0 2,1 United Nations (2015) Resolution adopted by the General Assembly on 25 September 2015, Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/70/1)
- ↑ United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
- ↑ United Nations Office for Outer Space Affairs. „Sustainable Development Goal 10: Reduced Inequalities“. Посетено на 23 септември 2020.
- ↑ un.org. „Goal 10: Reduce inequality within and among countries“. Посетено на 23 септември 2020.