Царина — јавна давачка којашто се наплатува при премин на стоката од едно во друго царинско подрачје. Царината е една од најстарите форми на ограничување на меѓународната трговија. Царината е инструмент за заштита на домашното стопанство и непосредно влијае на цената на производот кој се увезува. Колкаво ќе биде нејзиното влијание врз цената зависи од ценовната еластичност на понудата и побарувачката.

Царинска управа на Р Македонија

Видови царини

уреди

Воопшто царините може да се поделат на неколку начини. Тие се делат на увозни царини и извозни царини според насоката на движење на стоката. Доколку царините се наплаќаат при влез на стока во едно царинско подрачје се работи за извозни царини, доколку пак се наплаќаат при излез на стока од едно царинско подрачје се работи за увозни царини. Извозните царини се доста ретки и тие најчесто се при извоз на стратешки ресурси за една национална економија - или кога се сака непоравдано да се влијае на цената на светските пазари(пример земјите на ОПЕК и нафтата).

Поделба според методот на наплата

уреди
  • Ad valorem царините се царини коишто се наплаќаат како процент од вредноста на стоката со која се тргува. Царинските стапки се одредени во соодветен царински тарифник. Ad valorem царините се единствен вид на трговски бариери дозволени од Светската трговска организација. Во современите услови на сложено производство проблемот со ad valorem царините е појава на царинска ескалација. Имено, во услови на сложено производство, високо развиените земји и со ниски номинални царински стапки постигнуваат голем ефект врз цените. На пример: Ако една земја произведува еден автомобил, и притоа безцарински увезува компоненти за производство на истиот во вредност од 900 илјади денари. По составувањето на деловите во матичната земја, автомобилот се продава за 1000 илјади денари, односно новосозодадената вредност во матичната економија е 100 илјади денари. Доколку царинската стапка пропишана во царинскиот тарифник за автомобили е 20%, увезените автомобили би се продавале по цена од 1000x1.2 = 1200 илјади денари. Но, делотворната царинска стапка не е само 20%, имено номиналната каматна стапка(20%) се наплатува на целата вредност со цел да се заштити само новосоздадената вредност во матичната економија. Од таму, новосоздадената вредност е 100 илјади денари, а наплатената царина 200 илјади денари - и делотворната каматна стапка е (200царинска давчка / 100новосоздадена вредност) * 100(%) = 200%. Онаму каде што се јавуваат високи ефективни царински стапки се јавува т.н царинска ескалација. Царинската ескалација се јавува во земји со сложено производство и со увозни компоненти во производството. Причина за царинската ескалација е тарифирањето на целата вредност која се увезува со цел да се заштити само новосоздадената вредност која по правило помала.
  • Специфични царини се царини кои се наплаќаат во вид на паушал на одредена количина стока. Пример 10 денари царина по килограм увезени пиперки. Проблемот со специфичните царини е што не го земаат предвид квалитетот на производите, и одтаму трговијата со понеквалитетни производи станува неисплатлива.
  • Комбинирани' се царини кои се комбинација на ad valorem и специфичните царини. Пример, 20% и 10 денари по килограм увезени пиперки. Ефектот на царинска ескалација може да се јави и кај комбинираните царини.

Ефекти од царините

уреди

Царините предизвикуваат бројни ефекти врз понудата и побарувачката, производството, цените и потрошувачката. Во прв ред, бидејќи царината претставува давачка (данок) на увозниот прозивод, неговата цена се зголемува, а тоа предизвикува намалување на побарувачката за тој производ (во согласност кривата на побарувачката која има опаѓачки наклон). Но, истовремено, заради повисоката цена, производството на тој производ станува поисплатлив за некои домашни фирми и така се зголемува понудата на тој производ (во согласност со кривата на понудата која има растечки наклон). Како што може да се забележи, царините предизвикуваат економска неефикасност, зашто тие ја зголемуваат цената на производот и така им овозможуваат на домашните неефикасни фирми (кои имаат повисоки трошоци од цената на производот пред воведувањето на царината) да се вклучат во производството и во продажбата на тој производ. Исто така, царините им предизвикуваат загуба на купувачите (потрошувачите) кои плаќаат повисока цена за производот, со што им се намалуваат потрошувачкиот вишок и нивната благосостојба. Сепак, дали потрошувачите ќе бидат оштетени зависи и од тоа како државата ќе ги искористи приходите собрани од царините (кои се приход во буџетот): ако тие се искористат за јавни услуги (патишта, училишта, болници итн.), царините индиректно им се враќаат на потрошувачите.[1]

Царината како тема во уметноста

уреди
  • „Цариници“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 462-464.
  2. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 88-92.