Род (социологија)
Родот се однесува на општествено конструирани улоги, однесувања, дејствувања и атрибути кои одредено општество ги смета за соодветни за мажите и жените. Различните улоги и однесувања можат да доведат до полови нееднаквости, односно разлики помеѓу мажите и жените кои систематски ја фаворизираат едната група.[1]
Родовата рамноправност е една од најважните теми на модерното општество, и е најбитно човеково право.
Разлика помеѓу род и пол
уредиКога зборуваме за пол, зборуваме за биолошките и физиолошките разлики меѓу мажите и жените. На пример, разликите во хормоните, разликите во половите органи и секундарните полови одлики (брада, мустаќи и истакнато Адамово јаболко кај мажите, гради кај жените).
Кога зборуваме за род, зборуваме за општествените, културно одредените разлики меѓу мажите и жените, врските меѓу нив и различните очекувања и улоги кои им се наметнуваат на мажите и на жените. Овие разлики не се фиксни, се менувале и ќе се менуваат со текот на времето. Исто така, не се вродени. На пример, очекувањата дека жените се грижат за децата, а мажите заработуваат или дека жените се нежни, а мажите се насилни. Од овие разлики произлегуваат и родовите улоги и родовата нееднаквост. Тие се еднакво штетни за психосоцијалниот развој и на мажите и на жените.
Родовиот идентитет се однесува на личното чувство, на сопственото доживување како маж, жена, ниту едното или и двете. Кај повеќето луѓе личното чувство за родот се совпаѓа со полот назначен при раѓањето, т. е. повеќето биолошки мажи се чувствуваат како мажи. Овие луѓе се цисродови. Луѓето кај кои личното чувство за родот не се совпаѓа со полот назначен при раѓањето се трансродови. Некои од трансродовите луѓе сакаат медицински да го приспособат својот пол со помош на хормонска терапија и/или хируршки зафати (познати во минатото како терапии за промена на полот). Медицинското приспособување на родот не е својствено за сите трансродови луѓе, некои сакаат само делумна физичка трансформација или само промена на личните документи.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Gender“. World Health Organization. Посетено на 2009-09-29.
Користен материјал
уредиhttps://hera.org.mk/wp-content/uploads/2018/12/LGBT_broshura_web.pdf