Веларизирана венечна странична приближна согласка

Веларизираната венечна странична приближна согласка (наречена „темно л“) е вид на согласка присутна во некои јазици. Пропишаниот симбол во меѓународната фонетска азбука за овој глас е ⟨⟩, но почесто се среќава наменскиот симбол ⟨ɫ⟩.

Веларизирана венечна странична приближна согласка
ɫ
МФА-бр.209
Шифрирање
Единица (дек.)ɫ
Уникод (хекс.)U+026B
X-SAMPA5
Киршенбаумl<vzd>

 

Во македонскиот јазик, темното л се среќава пред задните самогласки (/a o u/) и на крајот од слогот. Пример е зборот „лук“.

Зависно од јазикот и дијалектот, овој глас може да претрпи фарингализација наместо веларизација. Веларизацијата и фарингализацијата најчесто се врзани за позабни творби на преднојазичните согласки, така што темното л обично е забно или забно-венечно, додека чистото л е повлечено на венечна положба.[1]

Особености

уреди

Веларизираната венечна странична приближна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
  • Местото на творба е забно или венечно, што значи дека се создава со врвот (или, поретко,[2] со рамнината) на јазикот во допир со забниот венец. Како споредна творба има веларизација или фарингализација, што значи дека задниот дел (основата) на јазикот се доближува до мекото непце, односно задниот дел од грлото.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

уреди
Јазик Збор МФА Значење Белешки
албански halla [ˈhaɫa] тетка
англиски[3] британски и американски peel [pʰiːɫ] лупка Може секогаш да е темна со Северна Америка, Шкотска, Австралија и Нов Зеланд.
шкотски англиски loch [ɫɔx] лох
арапски литературен[4] الله ‘Аллах [ʔɑɫˈɫɑːh] Бог Also transcribed as ⟨⟩. Многу наречја го немаат овој глас, туку го изговараат со [l].
башкирски ҡала [ˈqɑˈɫɑ] град
бугарски ъгъл [ˈɤ̞ɡɐɫ] агол
велшки северно наречје lol [ɫɔɫ] глупости
грчки северно наречје[5] μπάλα бáла [ˈbaɫa] топка Алофон на /l/ пред /a o u/.
западнофризиски lân [ɫɔːn] земја
исландски sigldi [sɪɫdɪ] пловеше Ретко се јавува.
ирски lá [ɫɑː] ден
каталонски[6] источно наречје cel•la [ˈsɛɫːə] ќелија
западно наречје alt [ˈaɫ(t)] висок
лилует qao [qáɫ] лош
македонски лук [ɫuk] лук Само пред задните согласки (/a o u/ и на крајот од слогот.
норвешки југоисточно наречје tale [ˈtʰɑːɫə] говор, зборува Алофон по [ɑ(ː)], [ɔ] и [oː] во југоисточниот дел.
северно наречје spelle [spæɫːe] игра
осетски Алани [aˈɫaːni] Аланија
полски источно наречје łapa [ˈɫapa] шепа Соодветствува на /w/ во литературниот полски.
португалски европски[7] mil [miɫ̪] илјада
руски[8] малый [ˈmɑɫ̪ɨj] мал
таошки [kīǣˈwǣɫmã̄] да се биде силен
турски kızıl [kɯzɯɫ] црвен
холандски[9][10] bal [bɑɫ] топка Алофон на /l/ кога стои по самогласки. Погл. Фонологија на холандскиот јазик
шкотски гелски Mallaig [ˈmaʊɫækʲ] Малег
шкотски германски fluir [fɫyːr] под

Наводи

уреди
  • Cruz-Ferreira, Madalena (1995), „European Portuguese“, Journal of the International Phonetic Association, 25 (2): 90–94, doi:10.1017/S0025100300005223
  • Daniel, Jones; Dennis, Ward (1969), The Phonetics of Russian, Cambridge University Press
  • Recasens, Daniel; Espinosa, Aina (2005), „Articulatory, positional and coarticulatory characteristics for clear /l/ and dark /l/: evidence from two Catalan dialects“, Journal of the International Phonetic Association, 35 (1): 1–25, doi:10.1017/S0025100305001878
  • Roca, Iggy; Johnson, Wyn (1999), A Course in Phonology, Essex: Blackwell Publishing, ISBN 0-631-21346-5
  • Verhoeven, Jo (2005), „Belgian Standard Dutch“, Journal of the International Phonetic Association, 35 (2): 243–247, doi:10.1017/S0025100305002173
  • Watson, Janet (2002), The Phonology and Morphology of Arabic, Oxford University Press

Поврзано

уреди


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.