Опинок

(Пренасочено од Опинци)

Опинок (множ. опинци) — обувки од свинска, говедска или биволска кожа, со опути (кожени врвци). Поедноставниот тип, наменети за секојдневна употреба, селаните сами ги изработувале. Опинците наменети за децата се изработувале од свинска кожа. [1]

Опинците се традиционална македонска, српски, хрватска и бугарска обувка. Се носат и низ остатокот од Балканот. Тие се прават од кожа и немаат врвки, се одликуваат со издржливост и трајност, а обично (но не секогаш) имаат роголик завршеток. Самиот збор опинок води потекло од праиндоевропскиот јазик. Изработувачот на опинци е занаетчија, наречен опинчар.

Средновековните опинци се разликуваат од подоцнежните по тоа што немале врвови и не биле накрсно направени. Тие изгледале како гума во облик на чевел. Врвците биле додавани, но често се кинеле.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Македонска Енциклопедија - II издание“.

Поврзано

уреди