Чорапи
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Чорапи претставуваат текстилни предмети кои се навлекуваат на стапалата поради затоплување, но и за естетика.
Особености
уредиЧорапите ги чуваат нозете да останат топли на зима, а преку лето да не се потат. Чорапите, исто така, ја чуваат ногата од плускавици кои можат да се добијат од триење со чевлите. Чорапите обично се прават од волна, памук, најлон и различни видови на синтетика, во зависност од предвидената намена. Ако е намена да се заштити ногата од студ, тогаш најчесто се употребува волна; спортските чорапи обично се прават од памук или синтетика; свечените женски чорапи најчесто се направени од најлон. Чорапите можат да бидат и со заштитна, но и со здравствена цел. Заштитните чорапи се носат при специфични работи, а медицинските се најчесто со висока еластичност и штитат повредени или заболени места.
Некогаш постоел обичај да домаќинот, испраќајќи ја својата родбина или пријатели од куќата, да му подари на најмладиот од нив бели чорапи за пат.
Чорапите како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Пипи Долгиот Чорап“ (шведски: Pippi Långstrump) — роман за деца од шведската писателка Астрид Линдгрен од 1945 година.
- „Скинати хулахопки“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[1]
- „Чорапи до колената“ (англиски: Knee Socks) — песна на англиската рок-група Арктик манкис (Arctic Monkeys) од 2013 година.[2]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Чорапи“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 53-54.
- ↑ Discogs, Arctic Monkeys – AM (пристапено на 31 март 2021)