Градиште (Бели)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 41°55′39″N 22°22′50″E / 41.92750° СГШ; 22.38056° ИГД / 41.92750; 22.38056
Основни податоци
Место Бели
Општина Кочани
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во кочанското село Бели. Претставува градиште од доцноантичко време. На 2 км северно од селото се издига висока чука на чиј врв има зарамнето плато со димензии од 220 × 100 м. Од заштитниот бедем се зачувани само делови од темелот, граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. Биле најдени и повеќе монети од III-IV век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069