Босанскохерцеговски динар

Босанскохерцеговскиот динар - поранешна независна валута на Република Босна и Херцеговина помеѓу 1992 и 1998 година.

Босанскохерцеговски динар
Bosanskohercegovački dinar
Босанскохерцеговачки динар
ISO 4217
КодBAD
Составници
Подединица
 1/100пари
СимболBAD
Банкноти10, 25, 50, 100, 500, 1000 динари
Монетине
Демографија
Корисник/циБосна и Херцеговина
Издавач
Централна банкаЦентрална банка на Босна и Херцеговина
 Мреж. местоcbbh.ba
Вредност
Врзан соГерманска марка = 100 динари
Инфоутијава ја прикажува последната состојба на валутата пред да биде укината.

Историја

уреди

Босна и Херцеговина прогласија независност од Југославија во март 1992 година. Првиот босанскохерцеговски динар бил издаден во јули 1992 година, заменувајќи ја верзијата од 1990 година на југословенскиот динар по стапка 1 босанскохерцеговски динар = 10 југословенски динари. Последователно, босанскохерцеговскиот динар бил во вредност со верзијата од 1992 година на југословенскиот динар кога бил воведен.

Првите изданија биле препечатоци на југословенските банкноти. Откако страдал од висока инфлација, воведен бил втор динар во 1994 година, заменувајќи го првиот со стапка од 1 „нов“ динар = 10 000 „стари“ динари. Двата динари биле ограничени во нивниот оптек во областите под бошњачка контрола. Хрватските области користеле хрватски динари и куни, додека српските области го користеле динарот на Република Српска.

Конвертибилната марка го заменила динарот во 1998 година. Како што било наведено во името, марката била конвертибилна (претворена) во германската марка сè додека последната не била заменета со еврото.

Поврзано

уреди