Алија Сиротановиќ
Алија Сиротановиќ (Трториќи, кај Бреза, 14 август 1914 — Бреза, 16 - ти мај 1990), ― рудар-ударник и јунак на социјалистичкото работење, кој го надминал светскиот рекорд во копање јаглен.
Алија Сиротановиќ | |
---|---|
Сиротановиќ на банкнотата од 20.000 југословенски динари, издадена во 1987 година | |
Роден(а) | 14 август 1914 Трториќи кај Бреза, Кондоминиум Босна и Херцеговина, Австроунгарија |
Починал(а) | 16 мај 1990 Трториќи кај Бреза, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ | (возр. 75)
Биографија
уредиПосле Втората светска војна во земјите на социјализмот, на иницијатива на СССР биле покренати акциии за рушење на рекордот во производство на: копање јаглен, градење куќи, косење трева и сл. Прв тоа во СССР, го направил Алексеј Стаханов, па така неговите следбеници биле наречени стахановци.
Анджеј Вајда, познатиот полски режисер, снимил антологиски филм „Човек од мермер“, овој пат во Полска.
На советувањето со стручниот кадар на рудникот и копачите, кое било одржано во јули 1949 година, копачот Алија Сиротановиќ предложил да биде овозможено на неговата бригада работа на три места за работење и дал обврска дека ќе го надмине рекордот на познатиот советски рудар Алексеј Стаханов, рудар кој имал рекорд од 102 тони ископан јаглен во текот на седмочасовниот работен ден.[1] Предлогот бил прифатен, а бригада на Алија веќе утредента на 24 јули 1949 година, започнала со соборување на рекордот. Претседателот на комисијата која ја надгледувала работата објавила:
Алија Сиротановиќ, со своите осум коморати, за осум сати работа ископал 152 тони јаглен (253 рударски колички), префрлил норма за 215%, и го срушил дотогашниот рекорд на Стаханов за 50 тона и постигнал свој светски рекорд во ископување на јаглен.
Алија Сиротановиќ умрел на 16 мај 1990 година.
Една мала улица на периферијата на Бреза, го носи името на Алија Сиротановиќ, а во кругот на рудникот стои негова биста.[2]
Банкнота
уредиАлија бил насликан на југословенската банкнота од 20.000 динари издадена во 1987 година, набрзо повлечена од употреба во периодот на монетарите реформи на Анте Марковиќ. Многу често, но и погрешно, Алија го мешаат со Ариф Хералиќ, леар од Зеница, кој се наоѓал на познатата југословенска банкнота од 10 динари.
Наводи
уреди- ↑ Психологија: Алија Сиротановић, 25. 10. 2008. Архивирано на 18 април 2012 г., на 21 октомври 2023.
- ↑ Радио Сарајево: Јунаци без улица - Алија Сиротановић, 19. мај 2012 Архивирано на 14 мај 2013 г., Пристaпено на 21 октомври 2023.