Џган
Џган - македонски филм, во режија на Вардан Тозија, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски-Упа, Сара Климоска, Горан Стојановски, Ристо Бурзаденов, Ѓорѓи Тодоровски, Марија Кондовска, Андон Јовановски, Саша Чиникиќ и Мартин Живковски.
„Џган“ | |
---|---|
Режисер | Вардан Тозија |
Сценарист | Вардан Тозија |
Главни улоги | Никола Ристановски Мартин Ѓоргоски Дениз Абдула Љупчо Тодоровски-Упа Сара Климоска Горан Стојановски Ѓорѓи Тодоровски Марија Кондовска Ристо Бурзаденов Саша Чиникиќ Мартин Живковски |
Премиера | 2016 |
Времетраење | 100 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Мартин Ѓоргоски | Филип |
Дениз Абдула | Петар |
Никола Ристановски | Горан |
Љупчо Тодоровски-Упа | Инспектор Ристо |
Горан Стојановски | Менаџерот |
Мартин Живковски | Оги |
Ристо Буразденов | Бурак |
Сара Климоска | |
Ѓорѓи Тодоровски | Социјален работник |
Борис Дамовски | |
Марија Кондовска | Магдалена |
Игор Стојчевски | Тони зенга |
Тамер Ибрахим | Возач на автобус |
Предраг Павловски | Таткото на Јана |
Адем Караѓа | Милош |
Владимир Тулиев | Ноќен чувар |
Андон Јовановски | Полицаец |
Ирена Ристиќ | Главна новинарка |
Никола Колев | Дете затвореник |
Наџи Шабан | Вратарот |
Техничка екипа
уредиВо реализацијата на филмот учествувале:[1]
- костимографија: Жаклина Крстевска
- шминка: Горан Игњатовски
- монтажа: Атанас Георгиев
- сценографија: Кирил Спасески и Наташа Димитриевска
- дизајн на звукот: Игор Поповски
- музика: Алек Пејовски
- директор на фотографија: Владимир Самоиловски
- продуцент: Огнен Антов
Учество на фестивали
уредиНа 16 ноември 2016 година, филмот бил прикажан на фестивалот „Exground filmfest“ во Висбаден, во натпреварувачката селекција.[2]
Содржина
уредиКритички осврт кон филмот
уредиЃорѓи Јаневски го оценува филмот како „преполн со сурова енергија и адреналин од кои режисерот често не успева да се дистанцира. Покажува виртуозност во изведувањето на сцените со акција и насилство, но почнува премногу да ужива во нив градејќи климакс и онаму каде што е потребна драматуршка издишка. На моменти филмот е обременет со прекумерна експликација на очигледното, која продуцира иритирачки општи места кои го заробуваат демократскиот простор за слободна интерпретација и рефлексија.“[1]