Going Under“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 9 септември 2003 како втор сингл од нивниот прв студиски албум, Fallen. Оваа песна требало да биде прв сингл, но тоа било песната „Bring Me to Life“. Додека песната не успевала да се искачи на Билборд Хот 100, се искачила на #5 место на Билборд Алтернативни песни табелата. Музичкото видео на песната се нашло на списокот на 15 најстрашни музички видеа некогаш снимени од Билборд.[2] Песната добила златна сертификација од ARIA.[3]

„Going Under“
Сингл од Evanescence
од албумот Fallen
Издаден 9 септември 2003
Формат ЦД сингл,
Снимен 2003
Жанр Алтернативен метал, ну-метал[1]
Должина 3:34
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли, Дејвид Хоџес и Бен Муди
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Bring Me to Life
(2003)
„Going Under“
(2003)
My Immortal
(2003)
„Going Under О.К ДВД“
Сингл од Evanescence

Заднина

уреди

„Going Under“ била последната песна напишана за албумот Fallen. Според Ејми Ли во песната се работи за заздравување од тешка врска, што го кажала во повеќе интервјуа.

Во текстот се работи за излегување од тешка врска, и кога сте на крајот од јажето, кога сфаќате дека нешто мора да се смени и дека не можете да ја издржите ситуацијата во која се наоѓате. Песната е кул. Многу е добра и силна.

— Ејми ЛиMTV News[4]

Демо верзијата, која е снимена пред албумот Fallen, е со изменета музика и вокал на Ли. Акустичната верзија е снимена кратко по издавањето на Fallen, како и повеќето од песните.

Музичко видео

уреди
Ејми Ли пее во видеото.

Спотот за песната Going Under е сниман во Берлин во мај 2003 година и е режиран од Филип Столзи.

Во музичкото видео се прикажано Ејми Ли и бендот како изведуваат на концерт, а обожавателите во публиката се претвораат во зомби и повторно во луѓе. За време на вториот рефрен Ејми ќе се фрли во публиката која ќе се претвори во вода.

Ејми ги дизајнирала двата фустани кои ги носи за време на спотот.

Список на песни

уреди

ЦД сингл (Американска верзија) (издаден 9 септември 2003)

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Going Under“ (Албум верзија)Ли, Хоџес, Муди 3:34
2. „Going Under“ (Акустична верзија во живо)Ли, Хоџес, Муди 3:12
3. Heart-Shaped Box(Песна од Nirvana препеана од Evanescence, акустична верзија во живо)Курт Кобејн 2:47
4. „Going Under“ (Video version)Lee, Hodges, Moody 4:00

Табели

уреди
Табела (2003)[5][6][7] Највисока
позиција
САД Билборд Bubbling Under Hot 100 Singles[8] 4
САД Билборд Модерни Рок Песни[9] 5
САД Билборд Мејнстрим Рок Песни[9] 26
Австралија ARIA Топ 50 Синглови 14
Канада Топ 50 Синглови 11
Франција Топ 100 Синглови 16
Германија Топ 100 Синглови 15
Ирска Топ 50 Синглови 18
Италијанска FIMI Сингл Табела 9
Холандија Топ 40 Синглови 26
Нов Зеланд RIANZ Топ 40 Синглови 4
Шпанија Топ 40 Синглови 17
Обединето Кралство Топ 75 Синглови 8

Наводи

уреди
  1. Sendra, Tim. „Going Under: Review“. Allmusic.com. Посетено на May 28, 2010.
  2. http://www.billboard.com/#/features/the-15-scariest-music-videos-ever-1004124428.story?page=4
  3. „ARIA Charts - Accreditations - 2003 Singles“. ARIA.com.au. 2003. Посетено на 2009-05-06.
  4. D'Angelo, Joe (2003-06-04). „Evanescence Singer Pairs Metal Chains, Fairies For Upcoming Video“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-06-17. Посетено на 2007-10-29.
  5. „Evanescence - Going Under“. MusicSquare.net. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2007-02-02.
  6. „Evanescence - Billboard Singles“. AllMusic.com. Посетено на 2007-02-02.
  7. „Evanescence Going Under @ Top 40 Charts“. Top40-Charts.com. Посетено на 2007-02-02.
  8. „Bubbling Under Top 100 Singles“. Billboard.com. 2003-09-06. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 2007-08-18.
  9. 9,0 9,1 „Evanescence Chart History“. Billboard.com. Архивирано од изворникот 2007-09-29. Посетено на 2007-08-18.