The Open Door
The Open Door e вториот студиски албум издаден од американската рок група Evanescence, издаден во септември 2006. година. Продадени се повеќе од 5 милиони копии од албумот ширум светот. Синглови од албумот се „Call Me When You're Sober“, „Lithium“ , „Sweet Sacrifice“, „Good Enough“ и „Weight of the World“ кој бил издаден како сингл само во Колумбија. Албумот е номиниран за 50-те Греми Награди, Најдобра Хард Рок Изведба со синглот "Sweet Sacrifice".
„The Open Door“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Evanescence | ||||
Издаден | 25 септември 2006 | |||
Снимен | Септември 2005–Март 2006 | |||
Жанр | Алтернативен метал | |||
Траење | 54:15 | |||
Издавачка куќа | Wind-up Records | |||
Продуцент | Дејв Фортман | |||
Evanescence — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од The Open Door | ||||
|
Детали за албумот
уредиИздавања и продажби
уредиThe Open Door е издаден ширум светот почнувајќи од Полска на 25 септември 2006 година, во Јапонија на 27 септември, во Ирска и Германија на 29 септември, во Австралија на 30 септември, во Европа на 2 октомври 2006, а во Северна Америка и Аргентина на 3 октомври.
Целосниот албум бил спуштен на интернет на 4 септември 2006,[1] а на 24 септември, албумот можел да се спушти на AOL Music.[2]
Дигиталната верзија на албумот можела да се нарача на 15 август 2006 година на iTunes и Walmart.com. Ако овој албум се нарачал пред 3 октомври, во него можело да се најде интервју со Ејми Ли, а исто така и бонус песната "The Last Song I'm Wasting on You" (која подоцна станала Б-страна на синглот "Lithium").[3]
The Open Door се искачил на првото место во САД, Австралија, Германија, Грција и Швајцарија, а бил во топ пет во Австрија, Канада, Франција, Хонгконг, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Шведска и во Обединетото Кралство. Според САД-ската Билборд 200 табела за албуми, албумот продал повеќе од 447 000 копии само првата недела; а бил и во списокот на 700 топ албуми тогаш. За само две недели на списокот на САД, од албумот се продадени 725 000 копии. Дуплата платинска сертификација ја добил на 24 јуни 2009.[4] Во споредба од Fallen имало 142,000 копии и се продадени 7 милиони копии само во САД.
The Open Door освоил во категоријата "Албум на годината" на MTV Australia Awards во 2007 година.[5]
Според National Music Publishers Association, од 10 јуни 2008, албумот има продадено две милиони копии во САД,[6] а според официјалната страна на бендот, Evanescence.com од албумот се продадени пет милиони копии ширум светот.[7]
Синглови и други песни
уредиПрвиот сингл од албумот бил "Call Me When You're Sober", имал ограничено радио издавање на 31 јули 2006 година. Целосната верзија на "Call Me When You're Sober" е пуштена на интернет неколку дена пред официјално да биде издадена на радио. Откако ова се случило, издавачката куќа им дозволила на радио станиците да почнат да ја пуштаат песната. Музичкото видео за песната е режирано од Марк Веб во јули 2006 година.[8]
Вториот сингл од албумот The Open Door бил "Lithium", кој е издаден во Обединетото Кралство на 8 јануари 2008 година.[9]
Третиот сингл од албумот требало да биде "All That I'm Living For"; но според реакциите на обожавателите и на самиот бендот, издавачката куќа решила тоа да биде "Sweet Sacrifice".[10]
Четвртиот сингл од албумот бил Good Enough. Музичкото видео за "Good Enough" е снимано помеѓу 11 и 14 јуни 2007 година во Будимпешта, Унгарија и режирано е од Марк Веб и Рич Ли, а продуцент била продуцентската куќа, DNA.[11][12] Како и во албумот Fallen, овој албум содржи и жичени и вокални ансамбли. The Millennium Choir, хорската група за песните од Fallen како "Everybody's Fool", "Haunted" и "Whisper", се појавува на песните "Lacrymosa" и "Your Star".
Петтиот сингл од албумот, "Weight of the World", има ограничено издавање. Од октомври 2007 година овој сингл е издаден само во Колумбија.[13] Овој случај е сличен како и случајот со песната "Imaginary" од албумот, Fallen која е издадена само во Шпанија. Ејми Ли кажала дека песната "Weight of the World" е одговор на притисокот кој таа го чувствува кога обожавателите бараат од неа да ги одговара прашањата поврзани со нивните лични искуства.[14]
Песната "Like You" е напишана за мртвата сестра на Ејми Ли, исто како и песната "Hello" од албумот Fallen.[15] Бендот инспириран од песната на Моцарт насловена како "Lacrimosa" секција од Моцартовиот "Реквием", направил своја песна која се викала "Lacrymosa", а истото го направил и за песната од White Zombie, "Ratfinks, Suicide Tanks and Cannibal Girls" за својата песна наречена "Snow White Queen".
"Together Again", e исто така песна од албумот The Open Door која можела да се спушти од јануари 2010 година, со цел да се соберат пари за донирање на обновувањето на Хаити после земјотресот.[16] Песната е издадена за дигитално спуштање на 23 февруари 2010 година. Според Ејми Ли, песната била напишана за филмот Нарнија и инспирацијата дошла од истоимениот филм.
Информации за турнејата
уредиПрва етапа
уредиПрвата етапа за The Open Door светската турнеја почнала на 5 октомври 2006, во Торонто, Канада и траела до 15 декември 2006, во Њујорк Сити. После турнејата во Северна Америка за време на октомври, бендот патувал во Европа во ноември, пред повторно да се врати во САД за да изведува во големи арени. Оваа етапа од нивната турнеја продолжила на 5 јануари 2007, со други бендови изведувајќи во локации во Канада, Јапонија, и Австралија.[17] За време на настапите во САД,бендот бил поддржан од Revelation Theory, од бендовите Stone Sour и The Black Maria кога биле во Канада, и од Shihad во Австралија.[18]
Втора етапа
уредиВтората етапа од нивната светска турнеја започнала на 16 март 2007, во Фресно, Калифорнија. Турнејата продолжила и во САД, Јужна Америка, Јужна Африка, повторно во САД,[19] и завржила во Европа.
За отворањето во САД, за време на оваа етапа, бендот го поддржувале Chevelle и Finger Eleven. Додека биле во Буенос Аирес, Evanescence зеле учество во рок фестивал со Aerosmith, Velvet Revolver и Ratones Paranóicos.[20] За време на Европската секција, бендот зел учество во Family Values Tour 2007 заедно со бендот Korn.[21][22] После Family Values, бендот продолжил со турнеите низ Мексико и САД.[23]
Трета етапа
уредиПоследната етапа за турнејата почнала на 23 октомври 2007, во Корал Габлс, Флорида. Бендовите Sick Puppies и Julien-K го поддржувале Evanescence, додека Shiny Toy Guns направиле специјална гостинска појава на 1 декември 2007, во University Park, Pennsylvania. После турнејата за албумот која траела повеќе од една година, последното шоу на бендот било во Кингстон, Род Исланд, а турнејата завршила на 9 декември 2007.[24]
Новите песни кои биле додадени за изведбите на последната етапа од албумот биле "Lose Control", "Missing", и "Understanding".[25]
Список на песни
уредиБр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Sweet Sacrifice“ | Ли, Балсамо | 3:05 |
2. | „Call Me When You're Sober“ | Ли, Балсамо | 3:34 |
3. | „Weight of the World“ | Ли, Балсамо | 3:37 |
4. | „Lithium“ | Ли | 3:44 |
5. | „Cloud Nine“ | Ли, Балсамо | 4:22 |
6. | „Snow White Queen“ | Ли, Балсамо | 4:22 |
7. | „Lacrymosa“ | Ли, Балсамо | 3:37 |
8. | „Like You“ | Ли | 4:16 |
9. | „Lose Control“ | Ли, Балсамо | 4:50 |
10. | „The Only One“ | Ли, Балсамо | 4:40 |
11. | „Your Star“ | Ли, Балсамо | 4:43 |
12. | „All That I'm Living For“ | Ли, Лекомп | 3:48 |
13. | „Good Enough“ | Ли | 5:31 |
Јапонска едиција
уредиДвата диска на Јапонската ограничена едиција е издадена на 27 септември 2006, и го вклучува музичкото видео за "Call Me When You're Sober". Музичкото ЦД содржи бонус песни.[26]
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
14. | „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) | Ли, Балсамо | 3:39 |
Извадоци
уредиТабели
уреди
Постава на групатауреди
Наводиуреди
|