Lithium“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 8 јануари 2007 како втор сингл од нивниот втор студиски албум, The Open Door. Песната е напишана од Ејми Ли и нема никакава врска со истоимената песна од бендот Nirvana. Неколку обожаватели помислиле дека тие ја препеале истоимената песна од Nirvana пред нејзиното издавање.

„Lithium“
Lithium (1 Дел)
Сингл од Evanescence
од албумот The Open Door
Страна Б „The Last Song I'm Wasting On You“
Издаден 8 јануари 2007
Формат ЦД сингл,
Снимен 2006
Жанр Алтернативен метал
Должина 3:44
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Call Me When You're Sober
(2006)
Lithium
(2007)
Sweet Sacrifice
(2007)

Заднина

уреди

Ејми ја опишала песната како песна која „ги прегрнува чувствата преку парализирање“. Песната ја напишала инспирирана од врската со нејзиното бившо момче Шон Морган, член на групата Seether. За време на интервју, Ејми изјавила,

Го напишав рефренот на песната кога имав 16 години. Секогаш мислев дека е убав рефрен, но никогаш не го употребував за ништо. Почнав да ја свирам на пијано и нотите произлегоа сами. На некој начин ова е стара песна, но тоа не е така. Таа порасна.[1]

Музичко видео

уреди

Музичкото видео за песната е режирано од Паул Федор помеѓу 31 октомври и 1 ноември во 2006 година. Во спотот се појавуваат Ејми Ли и другите членови на бендот кои се наоѓаат во снежна шума и во него е прикажана Ејми како ги покажува чувствата на среќа и тага. На крајот од спотот таа ќе потоне во црна течност. Сцените кои се одвиваат под водата се слични на оние во спотот за песната „Going Under“ со исклучок на медузите.

Во интервју за MTV News, Ејми Ли рекла,

Таму сум јас целата облечена во бело и навистина е зима, а потоа таму сум и другата јас целата облечена во црно покрај езерото во шумата. Што занчи дека е за тагата и среќата што речиси си ги пееме една на друга, пробувајќи да сфатиме дека како и двете можеме да работиме.[2]

Музичкото видео е премиерно покажано на канадската публика на MuchMusic.com на 24 ноември 2006 година, а подоцна се нашол и на страниците како YouTube и Myspace. Потоа е тргната од MuchMusic.com, и била подоцна издадена на 4 декември. Издавачката куќа на бендот, Wind-up Records го ставила музичкото видео за песната на официјалната страница на бендот на 27 ноември.[3] Песната е овозможена за дигитално спуштање на iTunes на 19 декември. Ејми Ли гостувала на TRL на 24 декември, за да го промовира видеото на MTV.

Список на песни

уреди

Сингл (Дел 1)

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Lithium“  Ли 3:44
2. „The Last Song I'm Wasting On You“  Ли 4:07

Макси (Дел 2)

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Lithium“  Ли 3:44
2. „The Last Song I'm Wasting On You“  Ли 4:07
3. „All That I'm Living For“ (Акустична верзија)Ли, Лекомп 4:33
4. „Lithium“ (Видео/Акустична верзија)Ли 3:50

7" Винил Диск

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Lithium“  Ли 3:44
2. „The Last Song I'm Wasting On You“  Ли 4:07

Табели

уреди
Табела
(2006/2007)
Највисока
позиција
САД Билборд Bubbling Under Hot 100 Singles[4] 24
САД Билборд Хот Мејнстрим Рок Песни[5] 39
САД Билборд Хот Модерни Рок Песни[6] 37
Австралија (ARIA)[7] 26
Австрија (Ö3 Austria Top 75)[8] 41
Белгија (Ultratip Валонија)[9] 13
Чешка (IFPI)[10] 18
Германија (Media Control AG)[11] 44
Ирска (IRMA)[12] 30
Италија (FIMI)[13] 2
Нов Зеланд (RIANZ)[14] 16
Холандија (Мега Сингл Топ 100)[15] 55
Шведска (Sverigetopplistan)[16] 23
Швајцарија (Media Control AG)[17] 40
Британски Синглови (The Official Charts Company)[18] 32

Наводи

уреди
  1. Bottomley, C. (2006-09-18). „Evanescence: Amy Lee Explains the New Songs“. VH1.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 2006-11-06.
  2. Moss, Corey (2006-11-02). „After Facing Big Bad Wolf, Amy Lee Faces Herself In Evanescence Clip“. MTV News via VH1.com. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 2006-11-02.
  3. „New "Lithium" Video“. Evanescence.com. 2006-11-27. Посетено на 2006-11-27.
  4. „Bubbling Under Top 100 Singles“. Billboard.com. 2007-02-10. Архивирано од изворникот 2007-09-29. Посетено на 2009-11-06.
  5. „Evanescence Chart History“. Billboard.com. Архивирано од изворникот 2007-09-29. Посетено на 2007-08-18.
  6. „Evanescence Chart History“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2008-11-02.
  7. "Australian-charts.com – Evanescence – Lithium". ARIA Топ 50 Синглови. Hung Medien.
  8. "Evanescence – Lithium Austriancharts.at" (in German). Ö3 Austria Top 40. Hung Medien.
  9. "Ultratop.be – Evanescence – Lithium" (на француски). Ultratip. ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch.
  10. "ČNS IFPI" (на чешки). Hitparáda – Radio Top100 Oficiální. IFPI Czech Republic. Note: insert 200722 into search.
  11. "Die ganze Musik im Internet: Charts, News, Neuerscheinungen, Tickets, Genres, Genresuche, Genrelexikon, Künstler-Suche, Musik-Suche, Track-Suche, Ticket-Suche - musicline.de" (на германски). Media Control Charts. PhonoNet GmbH.
  12. "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK.
  13. "Italiancharts.com – Evanescence – Lithium". Top Digital Download. Hung Medien.
  14. "Charts.org.nz – Evanescence – Lithium". Top 40 Singles. Hung Medien.
  15. "Dutchcharts.nl – Evanescence – Lithium" (на холандски). Mega Single Top 100. Hung Medien / hitparade.ch.
  16. "Swedishcharts.com – Evanescence – Lithium". Singles Top 60. Hung Medien.
  17. "Evanescence – Lithium swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien.
  18. "Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company.