Korn
| |||
Лево кон десно, старата постава на KoЯn: Хед, Дејвид Силверија, Џонатан Дејвис, Манки, Филди. | |||
Информации | |||
Потекло | Бејкерсфилд, Калифорнија, САД | ||
Жанрови | Ну метал Алтернативен метал | ||
Активни | 1993 - досега | ||
Издавач | Epic Emi/Virgin Sony BMG Music Entertainment | ||
Мрежно место | www.korn.com | ||
Членови | |||
Џонатан Дејвис Џејмс „Манки“ Шафер Реџиналд „Филди“ Арвизу Дејвид Силверија | |||
Поранешни членови | |||
Брајан „Хед“ Велч |
KoЯn е американска ну метал група позната по својата експлицитна лирика и по религиозната (не)припадност на бендот.[1] Тие се исто така познати по своите седум-жичени гитари и хип-хоп ритамот. KoЯn е посветена на алтернативна музика или поспецифично ну метал музика. Бендот броеше пет члена на своите минати албуми, и тоа: Џонатан Дејвис (вокали и гајда), Брајан (Хед) Велч (гитара, следечки вокал), Џејмс (Манки) Шафер (гитара), Реџиналд (Филди) Арвизу (бас гитара) и Дејвид Силверија (тапани), и има соработувано со повеќе хип-хоп музичари.[2] Но, во 2004, бендот го напушти Хед. Најновиот сингл е насловен Twisted Transistor.
Историја
уредиKoЯn е само еден од многуте калифорниски бендови посветени на метал музиката покрај Anthrax, Deftones, Megadeth, MetallicA, Slayer, System of a Down и многу други. Првото име на бендот беше LAPD (Love And Peace Dude), кое подоцна беше променато во Creep, а додека конечното име KoЯn бендот го доби по доаѓањето на пејачот Џонатан Дејвис, кој не беше во примарната постава на бендот. Бендот доаѓа од Бејклерсфилд, Калифорнија, САД. Првиот нивни албум наречен по името на бендот - KoЯn е издаден во октомври 1994 година од страна на Епик Рекордс. 22 февруари 2005 Брајан (Хед) Велч го напушта бендот поради неговата ненадејна промена, при што тој започна да верува во Господ. KoЯn го снима својот најнов албум со постава од останатите четири членови.
Дискографија
уреди- Korn (1994) (Immortal/Epic копродукција)
- Life Is Peachy (1996) (Immortal/Epic копродукција)
- Follow the Leader (1998) (Import продукција)
- Issues (1999) (Sony продукција)
- Untouchables (2002) (Sony продукција)
- Take a Look in the Mirror (2003) (Sony продукција)
- Greatest Hits Vol. No.1 (2004) (Sony/Epic копродукција)
- See You on the Other Side (2005) (Sony продукција)
- Untitled (2007)
- Korn III: Remember Who You Are (2010)
- The Path of Totality (2011)
- The Paradigm Shift (2013)
- The Serenity of Suffering (2016)
- The Nothing (2019)
- Requiem (2022)
Опрема
уредиХед, Манки и Филди користат опрема од јапонскиот производител на гитари и гитарски ефекти Ibanez. Одлика за стилот на свирење на Хед и Манки е што тие користат гитари со седум жици и имаат свој посебен модел Ibanez® K-7, наштиман за еден степен пониско од стандардното штимање на седумжичените гитари. Што значи наместо по распоред B,E,A,D,G,B,E тие се наштимани по распоред A,D,G,C,F,A,D. Нивнит басист Филди исто така свири на неконвенционална бас гитара со пет жици, и исто така има свој посебен модел Ibanez® K-5, наштиман 2 степени пониско од стандардното штимање, што значи наместо по распоред B,E,A,D,G тој е наштиман по распоред A,D,G,C,F. Се смета дека KoЯn ја револуционира алтернативната музика со своите неверојатно ниски звуци.
Наводи
уреди- ↑ Биографија за Корн[мртва врска]
- ↑ „Биографија за Корн“. Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2013-01-10.
Надворешни врски
уреди„Korn“ на Ризницата ? |
- Официјалното мрежно место на KoЯn Архивирано на 27 мај 2005 г.
- KoЯn на MTV Архивирано на 27 мај 2005 г.
- Подетална дискографија на KoЯn Архивирано на 18 мај 2005 г.
- Најнови вести за KoЯn Архивирано на 23 мај 2005 г.