1741 — роден Али-паша Јанински, османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел.
1741 — роден Јосиф II, ладетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство.
1743 — роден Жан Пол Мара, доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на француската буржоаска револуција.
1748 — роден Јохан Фридрих Гмелин, германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог..
1748 — родена Олимпија де Гуж, француски драмски писател и политички активист.
1748 — роден Жак-Луј Давид, француски сликар, претставник на неокласицизмот.
1748 — роден Антоан Лоран де Жисје, француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес.
1749 — роден Јохан Волфганг фон Гете, германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар.
1749 — роден Едвард Џенер, англиски лекар, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1740 — почината Ана Ивановна, царица на Русија во периодот од 1730 до 1740 година.
1740 — починат Карло VI, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и крал на Германија (1711-1740), војвода од Тишен (1711–1722), надвојвода од Австрија, крал на Хрватска (како Карло III), крал на Бохемија (како Карло II) и крал на Унгарија (како Карло III) (1711–1740) и претендент кон шпанскиот престол до 1711 година.
1740 — починат Папа Климент XII, римски папа од 12 јули 1730 до 6 февруари 1740.
1741 — починат Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор од времето на барокот, како и познат виолинист.
1741 — починат Шарл Ролен, француски историчар и просветител.
1743 — починат Ијасент Риго, француски барокен сликар од каталонско потекло.
1745 — починат Карло VII, владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и Изборен кнез на Баварија (1726–1745).
1745 — починат Џонатан Свифт, најголем англиски критичар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси.
1746 — починат Филип V, француски и крал на Шпанија, прв претставник од Бурбонската династија во Шпанија кој се качил на престолот.
1747 — починат Ален Рене Лесаж, француски писател, основоположник на модерниот реалистички роман.