Жан Филип де Шезо
Жан Филип Лоа де Шезо (француски: Jean-Philippe Loys de Chéseaux; 4 мај 1718 – 30 ноември 1751) — истакнат швајцарски астроном од Лозана. Во 1746 г. претставил список на маглини (од кои осум сопствени откритија) на собир на Француската академија на науките, објавен за пошироката јавност дури во 1892 г. од Гијом Бигурдан. Шезо бил меѓу првите што го поставил тврдењето за конечноста на вселената, подоцна познат како Олберсов парадокс, кој вели дека ако вселената бескрајна, ноќното небо би било светло.
Помалку позната е неговата работа на полето на библискиот времеслед, во обид точно да го утврди денот на Христовото распнување според астрономските набљудувања во старозаветната книга „Даниил“. Ова дело е објавено посмртно во неговите спомени (Mémoires posthumes de M. de Cheseaux, 1754).
Наводи
уреди- ↑ „Maik Meyer. Catalog of comet discoveries“. Архивирано од изворникот на July 16, 2008. Посетено на 2008-05-15.
Надворешни врски
уредиОваа биографска статија за личност од Швајцарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за астроном е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |