Отвори го главното мени

Луис Енрике Мартинес Гарсија (шпански изговор: [lwis enˈrike]; роден на 8 Мај 1970), познат како Луис Енрике, е шпански поранешен професионален фудбалер, и актуелен менаџер.

Луис Енрике
2015 UEFA Super Cup 66.jpg
Луис Енрике со Барселона во 2015
Лични податоци
Полно име Луис Енрике Мартинес Гарсија
Роден на 8 мај 1970 (1970-05-08) (49 г.)
Роден во Хихон, Шпанија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред / напаѓач
Младинска кариера
1981–1988 Спортинг Хихон
1984–1988 → Ла брања (позајмица)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1990 Спортинг B 27 (5)
1989–1991 Спортинг 36 (14)
1991–1996 Реал Мадрид 157 (15)
1996–2004 Барселона 207 (73)
Вкупно 427 (107)
Репрезентација
1990–1991 Шпанија под 21 5 (0)
1991–1992 Шпанија под 23 14 (3)
1991–2002 Шпанија 62 (12)
1999–2000 Астурија 2 (0)
Раководител на екипите
2008–2011 Барселона
2011–2012 Рома
2013–2014 Селта Виго
2014–2017 Барселона
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Разноврсен играч, со добра техника, тој бил способен да репродуцира во неколку различни позиции, но воглавно играл како играч од средниот ред или како напаѓач, и исто така бил препознатлив по својот темперамент и издржливост. Почнувајќи од 1991 година, а завршуваќи во 2004 година, тој настапувал за Реал Мадрид и Барселона со еднакви индивидуални и тимски успеси, и одиграл повеќе од 500 официјални натпревари со постигнати повеќе од 100 гола. Тој ја претставувал репрезентацијата на Шпанија на три Светски Првенства и едно Европско Првенство.

Луис Енрике започнал да работи како менаџер во 2008 година со Барселона Б , додека три години подоцна, се преселил во Рома. Во сезоната 2013-14 тој го предводел тимот на Селта Виго, пред да се врати во Барселона со која ја освоил тројната круна во неговата прва сезона и двојна во втората.


Играчка кариераУреди