Усман Дембеле
Масур Усман Дембеле (роден на 15 мај 1997 година) — професионален француски фудбалер, напаѓач на Барселона и на француската репрезентација.
Усман Дембеле | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 15 мај 1997 | ||
Роден во | Вернон, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[1] | 1,78||
Позиција | напаѓач, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Париз Сен Жермен | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
2010-2015 | Рен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2015 | Рен 2 | 22 | (13) |
2015-2016 | Рен | 26 | (12) |
2016-2017 | Борусија Дортмунд | 32 | (6) |
2017-2023 | Барселона | 71 | (15) |
2023- | Париз Сен Жермен | 26 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2013-2014 | Франција 17 | 8 | (0) |
2014-2015 | Франција 18 | 5 | (0) |
2015 | Франција 19 | 3 | (1) |
2016- | Франција 21 | 4 | (0) |
2016- | Франција | 21 | (2) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Роден во Вернон, Дембеле ја започнал својата кариера во Рен пред да се приклучи на Борусија Дортмунд во 2016 година. Тој го освоил Купот на Германија со Борусија Дортмунд во сезоната 2016-2017, постигнувајќи погодок во финалето. Една година подоцна, тој бил купен од страна на Барселона за сума од €105 милиони, влегувајќи во списокот на најскапите фудбалери како втор најскап фудбалер заедно со својот сонародник Пол Погба. Во првата сезона играјќи во Шпанија, Дембеле ги освоил Примера Дивисион и Купот на Шпанија иако дел од сезоната му била попречена поради повреди.
По 20 настапи, постигнувајќи пет погодоци за различни младински селекции, Дембеле дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 2016. Тој бил повикан во француската репрезентација за Светското првенство 2018, на кое триколорите ја освоиле титулата.
Животопис
уредиДембеле е роден во Вернон од мајка од мавританско потекло и татко од Мали.[2][3]
Клупска кариера
уредиРен
уредиДембеле го направил своето деби играјќи за вториот тим на Рен во Втората француска аматерска лига на 6 септември 2014, влегувајќи на местото на Зана Али во победата со 2-0 над резервниот тим на Генгамп со 2-0.[4]
Своето деби за првиот тим на Рен го имал на 22 ноември 2015 во натпреварот против Бордо (2-2) во Лига 1 и во истиот го постигнал својот прв професионален гол.[5]
Борусија Дортмунд
уредиНа 12 мај 2016 потпишал петгодишен договор со Борусија Дортмунд.[6]
Барселона
уредиНа 25 август 2017 година, тој се преселил во шпанската Ла Лига, а тимот на Барселона објавила дека постигнала договор со Борусија Дортмунд за Дембеле, во вредност од €105 милони евра плус бонус додатоци,[7][8] додека медицинските прегледи биле закажани за 28 август.Тој потпишал петгодишен договор и неговата клаузула за откуп била поставена на 400 милиони евра. Овој договор резултирал со тоа да стане негов втор најскапиот играч (во евра), по поранешниот играч на Барселона Нејмар.[9] Рен добил 20 милиони евра од Борусија Дортмунд како резултат на продажбата.[10]
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 20 декември 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2015-2016 | Рен | Л1 | 26 | 12 | КФ+ЛКФ | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 12 |
2016-2017 | Борусија Дортмунд | БЛ | 17 | 4 | КГ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 1 | СГ | 1 | 0 | 26 | 5 |
Вкупно во кариерата | 43 | 16 | 5 | 0 | 6 | 1 | 1 | 0 | 55 | 17 |
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
1-9-2016 | Бари | Италија | 1 – 3 | Франција | Пријателска | - | 63' | |
6-9-2016 | Борисов | Белорусија | 0 – 0 | Франција | Квал. за СП 2018 | - | 69' | |
15-11-2016 | Ленс | Франција | 0 – 0 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | 46' | |
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-08-25. Посетено на 2017-02-05.
- ↑ Aarons, Ed (2016-03-23). „Ousmane Dembélé: football's hottest property, if you can convince his mother“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-01-31.
- ↑ „Qui est Ousmane Dembélé, la nouvelle étoile d'origine africaine du football français ? - JeuneAfrique.com“. JeuneAfrique.com (француски). 2016-08-30. Посетено на 2017-01-31.
- ↑ „Guingamp were inadequate“. Le Télégramme (француски). 7 September 2014. Посетено на 13 May 2016.
- ↑ Crossan, D. (22 November 2015). „Carrasso saves point for Bordeaux“. Ligue 1. Посетено на 23 November 2015.
- ↑ KGaA, Borussia Dortmund GmbH & Co. „Borussia Dortmund signs top talent Ousmane Dembélé“. www.bvb.de. Архивирано од изворникот на 2016-05-18. Посетено на 12 May 2016.
- ↑ „Ousmane Dembele: Barcelona close to signing Borussia Dortmund forward“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 25 August 2017. Посетено на 25 August 2017.
- ↑ „Borussia Dortmund confirm Barcelona close to Ousmane Dembele deal“. ESPN FC. 25 August 2017. Посетено на 25 August 2017.
- ↑ „Ousmane Dembélé, FC Barcelona's new signing“. FC Barcelonaccess-date=2017-08-25.
- ↑ „Barcelona signs Ousmane Dembele, its Neymar replacement in more ways than one“ (англиски). Посетено на 2017-08-25.
Надворешни врски
уреди„Усман Дембеле“ на Ризницата ? |