Напади во Париз од ноември 2015
Вечерта на 13 ноември 2015 година, се случија серија на координирани терористички напади, кои вклучуваа пукање, самоубиствени бомбашки напади и задржување на заложници, во Париз, Франција и во северното предградие Сен Дени. Нападите започнале во 21:16 по Средноевропско време.[1] Шест масовни пукања се случиле во централниот дел од Париз, и три самоубиствени бомбашки напади блиску до стадионот Стад де Франс.[1][2] Најголем број жртви имало во нападот на концертната сала Батаклан (Le Bataclan), каде напаѓачите зеле заложници. Исламската држава (ИСИЛ) ја презеде одговорноста за овие напади.[3][4][5]
Ден после нападот, францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба, што е прва после немирите од 2005 година.[6] Најмалку 129 се смртно повредени, од кои 89 лица се погинати на рок концертот, а останатите на другите локации во Париз. Околу 350 лица се повредени, од кои 99 се во критична состојба.[7][8][9][10][11][12] Во знак на солидарност и поддршка, голем број земји прогласија ден на жалост, и ги обоија зградите во боите на француското знаме, а на друштвените мрежи парижани нудеа засолниште на Твитер, со хаштаг #PorteOuverte („#ОтворенаВрата“), додека Фејсбук на своите корисници им понуди транспарентна слика со боите на француското знаме.
Напади
уредиСтад де Франс
уредиПрвата експлозија одекнала околу 21:23, а потоа уште две во наредните десетина минути недалеку од националната арена Стад де Франс, додека траел пријателски натпревар меѓу француската и германската фудбалска репрезентација.[13] Најмалку четири лица погинале, од кои двајца атентатори. Претседателот на Франција Франсоа Оланд, присуствувал на натпреварот, и е одведен на сигурно, неповреден.
Le Petit Cambodge и Le Carillon
уредиРечиси во исто време со експлозиите на Стад де Франс, едно лице отворил оган од автоматско оружје, од автомобил во движење, пукајќи на гостите кои седеле пред рестораните Le Carillon и le Petit Cambodge. Најмалку 14 лица погинале, а 10 се тешко повредени.[14]
Концертаната сала Батаклан
уредиНабрзо по пукањето пред рестораните, четири лица отвориле оган во полната концертна сала „Батаклан“, каде се одржувал концерт на амеркинаската група Иглс оф дед метал (Eagles of Death Metal). Најмалку 80 лица се убиени, а голем број се повредени. Атентаторите останале во салата, и ги зеле за заложници преживеаните. Во 00:25, специјалните сили упаднале во концертната сала, и ги ослободиле заложниците. Еден атентатор е убиен, а останатите тројца се самоубиле.[15]
Останати улични напади
уредиВо 21:45, околу 15 минути после нападот на Батаклан, атентаторите отвориле оган врз Мек Доналдс, каде погинале петмина, а осум се тешко ранети. Девет минути по овој напад, отворен е оган и врз гостите кои седеле пред ресторанот La Belle Équipe. Во овој напад погинале 19 лица, а 14 се тешко повредени.[11][16][16]
Последици
уредиНајмалку 129 лица се убиени, а 352 се поредени, од кои 99 се во критична состојба. Меѓу убиените е Хрват од Белгија,[17] како и двајца Романци, еден Германец, двајца Американци, еден Италијанец, а еден австриски граѓанин е повреден.[18][19][20]
Парискиот јавен обвинител Франсоа Молин изјавил дека седуммина од напаѓачите се мртви и дека сè уште се трага по оние што пукале врз гостите од рестораните.[21] Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба.[22]
По нападите, бројни згради низ светот беа обоени во светла со боите на француското знаме, меѓу кои и: Сиднејската опера, Си-Ен кулата во центарот на Торонто, Сенатот во Мексико, Националната галерија во Лондон, како и зградата во Скопје каде се сместени Археолошкиот музеј, Државниот архив и Уставниот суд.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Soudain, l'une des bombes explose en plein match“. 20 minutes (француски). 2015-11-13. Посетено на 14 November 2015.
On entend clairement, sur cette vidéo, la détonation de 21h16
- ↑ Nossiter, Adam; Gladstone, Rick (13 November 2015). „Paris Attacks Kill More Than 100, Police Say; Border Controls Tightened“. The New York Times. Архивирано од изворникот 14 November 2015. Посетено на 13 November 2015.
- ↑ „ISIS claims responsibility of Paris attacks“. CNN. Посетено на 14 November 2015.
- ↑ „L'organisation État islamique revendique les attentats de Paris“ (француски). France 24. 14 November 2015. Посетено на 14 November 2015.
- ↑ „ISLAMIC STATE RELEASES OFFICIAL STATEMENT: 'WE DID IT AND PARIS IS JUST THE START OF A STORM'“. DiscloseTv. 14 November 2015. Архивирано од изворникот на 2015-11-16. Посетено на 14 November 2015. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ Nossiter, Adam; Breeden, Aurelien; Clark, Nicola (14 November 2015). „Paris Attacks Were an 'Act of War' by ISIS, Hollande Says“. The New York Times. Посетено на 14 November 2015.
- ↑ „Paris attacks latest“. The Telegraph. Посетено на 15 November 2015.
- ↑ BBC staff (November 16, 2015). „Paris attacks: Police seek 'dangerous' Salah Abdeslam“. BBC. Посетено на 16 November 2015.
- ↑ „Paris attacks updates“. BBC News. 13–14 November 2015. Архивирано од изворникот 28 May 2018. Посетено на 21 June 2018.
- ↑ Rawlinson, Kevin (13 November 2015). „Fatal shootings and explosion reported in Paris – live“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 15 November 2015. Посетено на 13 November 2015.
- ↑ 11,0 11,1 „Paris shootings: Casualties in city centre and explosion at the Stade de France“. BBC News. 13 November 2015. Посетено на 13 November 2015.
- ↑ „Paris shootings and explosions near the Stade de France kill 18“. BBC News. 13 November 2015. Посетено на 13 November 2015.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-12-09. Посетено на 2015-11-16.
- ↑ Stanglin, Doug (13 November 2015). „At least 46 dead in attacks in central Paris“. USA Today. Посетено на 13 November 2015.
- ↑ http://telma.com.mk/vesti/povekje-od-100-mrtvi-vo-koncertna-sala-vo-pariz
- ↑ 16,0 16,1 „Paris attacks: What we know“. BBC News. 2015-11-14.
- ↑ „POGINUO U NAPADU Čovek poreklom iz Hrvatske nastradao u Parizu“. 2015-11-14.
- ↑ „NAPAD U PARIZU Među povređenima u Parizu i jedan Austrijanac“. 2015-11-14.
- ↑ „Ein Deutscher bei Attentaten von Paris getötet“.
- ↑ Agnese Ananasso (2015-11-15). „Strage Parigi, i parenti: Valeria Solesin tra le vittime del teatro Bataclan“. Repubblica.it.
- ↑ Claire Phipps (15 November 2015). „Paris attacker named as Ismaïl Omar Mostefai as investigation continues – live updates“. The Guardian. Архивирано од изворникот 15 November 2015. Посетено на 15 November 2015.
- ↑ „Потврдени 7 терористички напади, над 150 мртви, полициски час во Париз“.