Автономни заедници во Шпанија
Автономната заедница (шпански: comunidad autónoma, баскиски: autonomia erkidego, каталонски: comunitat autònoma, галисиски: comunidade autónoma) е првостепена политичко-административна единица во Шпанија, создадена согласно Уставот на Шпанија од 1978 г, со цел да ја гарантира автономијата на народностите и регионите во државата.[1][2][3] Бидејќи суверенитетот го има само државата како целина (а не заедниците), Шпанија не е федерација, туку мошне децентрализирана[4][5] унитарна дражва[1] која им ги отстапува правата на самоуправа на заедниците согласно пропишаното во уставот.[1] Денес постојат 17 автономни заеднии и 2 автономни града, со збирен назив „автономии“ (autonomías). Двата автономни града имаат право да се прогласат за автономни заедници, но тоа досега не го имаат направено.
Автономни заедници и градови
уредиАвтономна заедница | Главен град | Површина (км2) |
Население (2011) |
Густина (жит/км2) |
Службени јазици |
Покраини |
---|---|---|---|---|---|---|
Андалусија | Севиља | 87.268 | 8.371.268 | 95,92 | шпански | Алмерија, Гранада, Кадис (покраина)Кадис, Кордоба, Малага, Севиља, Уелва и Хаен |
Арагон | Сарагоса | 47.719 | 1.344.502 | 28,17 | шпански | Сарагоса, Теруел и Уеска |
Астурија | Овиедо | 10.604 | 1.075.179 | 101,39 | шпански, астурски | (Астурија)[6] |
Балеарски Острови | Палма | 4.992 | 1.100.503 | 220,45 | шпански, каталонски | (Балеарски Острови) |
Баскија | Виторија | 7.234 | 2.185.405 | 302,10 | шпански, баскиски | Алава, Бискајаи Гипускоа[7] |
Канарски Острови | Лас Палмас и Санта Крус де Тенерифе | 7.447 | 2.082.655 | 279,66 | шпански | Санта Крус де Тенерифе и Лас Палмас |
Кантабрија | Сантандер | 5.321 | 592.543 | 111,36 | шпански | (Кантабрија)[8] |
Кастиља-Ла Манча | Толедо | 79.463 | 2.106.349 | 26,50 | шпански | Албасете, Гвадалахара, Куенка, Сиудада Реал и Толедо |
Кастиља и Леон | Вањадолид и Бургос | 94.223 | 2.540.251 | 26,95 | шпански, леонски | Авила, Бургос, Ваљадолид (покраина)Ваљадолид, Самора, Леон, Паленсија, Саламанка, Сеговија, Сорија |
Каталонија | Барселона | 32.114 | 7.519.838 | 234,16 | шпански, каталонски, арански | Барселона, Жирона, Љеида и Тарагона |
Мадрид | Мадрид | 8.028 | 6.421.878 | 799,93 | шпански | (Мадрид) |
Екстремадура | Мерида | 41.634 | 1.104.521 | 26,52 | шпански | Бадахос и Касерес |
Галисија | Сантјаго де Компостела | 29.574 | 2.772.927 | 93,76 | шпански, галисиски | А Коруња, Луго, Оуренсе и Понтеведра |
Ла Риоха | Логроњо | 5.045 | 321.171 | 63,66 | шпански | (Риоха)[9] |
Мурсија | Мурсија | 11.313 | 1.462.125 | 129,24 | шпански | (Мурсија) |
Навара | Памплона | 10.391 | 640.125 | 61,60 | шпански, баскиски | (Навара)[10] |
Валенсија | Валенсија | 23.255 | 5.009.930 | 215,43 | шпански, валенсиски (каталонски) | Аликанте, Валенсија и Кастељон |
Град | Површина (км2) |
Население (2011) |
Густина (жит/км2) |
Службени јазици |
---|---|---|---|---|
Сеута | 18,5 | 83.517 | 4.514,43 | шпански |
Мелиља | 12,3 | 81.323 | 6.611,62 | шпански |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Organización territorial. El Estado de las Autonomías“ (PDF). Recursos Educativos. Instituto Nacional de Tecnologías Educativas y de Formación del Profesorado. Ministerio de Eduación, Cultura y Deporte. Посетено на 19 октомври 2012.
- ↑ Член 2. Cortes Generales (1978). „Título Preliminar“. Устав на Шпанија. Посетено на 29 септември 2012.
- ↑ Член 143. Cortes Generales (1978). „Título VIII. De la Organización Territorial del Estado“. Устав на Шпанија. Посетено на 29 септември 2012.
- ↑ Bacigalupo Sagesse, Mariano (јуни 2005). „Sinópsis artículo 145“. Constitución española (con sinópsis). Congress of the Deputies. Посетено на 28 јануари 2012.
- ↑ Ruíz-Huerta Carbonell, Jesús; Herrero Alcalde, Ana (2008). Bosch, Núria; Durán, José María (уред.). Fiscal Equalization in Spain. Fiscal Federalism and Political Decentralization: Lessons from Spain, Germany and Canada. Edward Elgar Publisher Limited. ISBN 9781847204677. Посетено на 15 октомври 2012.
- ↑ Порано: Овиедо.
- ↑ Официјално наречени „Историски територии“ (territorios históricos, баск. lurrande historiok).
- ↑ Порано: Сантандер.
- ↑ Порано: Логроњо.
- ↑ Порано: Памплона.
Надворешни врски
уреди- Автономни заедници во Шпанија — rulers.org (англиски)
- „Државата и регионите: Искуството на Шпанија“ Архивирано на 30 јуни 2007 г. — Дејвид Брајти (англиски)