Саламанка (покраина)
Саламанка (шпански изговор: [salaˈmaŋka])[2] ― покраина во западна Шпанија, во западниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон. Се граничи со покраините Самора, Ваљадолид, Авила и Касерес, а на запад со Португалија. Има површина од 12.349 км² и во 2018 година имала население од 331.473 луѓе. Таа е поделена на 362 општини, 11 окрузи (комарски), 32 здружени општини (манкомунидади) и пет судски области. Од 362 општини,[3] повеќе од половина се села со помалку од 300 жители.
Покраина Саламанка | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Карта на Шпанија со Саламанка во црвено | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Кастиља и Леон | ||
Главен град | Саламанка | ||
Управа | |||
• Претседател | Франсиско Хавиер Иглесјас[1] (НП) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 12,349 км2 (4,768 ми2) | ||
Ранг | 16. по ранг | ||
2.45% од Шпанија | |||
Население (2018) | |||
• Вкупно | 331,473 | ||
• Ранг | 37. по ранг | ||
• Густина | 27/км2 (70/ми2) | ||
0.75% од Шпанија | |||
Демоним | шпански: Salmantino/a, Charro/a | ||
Службен јазик(ци) | Шпански Леонски (признат, но не службен) | ||
Собрание | Собрание на Шпанија | ||
Мреж. место | Матична страница |
Историја
уредиВетоните ги зафатиле областите на сегашните шпански покраини Саламанка и Авила, како и делови од Касерес, Толедо и Самора. Тие биле предримски народ од келтската култура. Нивните бројни археолошки наоѓалиште постојат низ покраината, а неколку имиња на наоѓалишта имаат ветонско потекло, од кои некои се доста важни. Ова е случајот на Саламанка (Салмантика), Ледесма (Блетисама) и Сиудад Родриго (Августобрига). Ветонските села често биле основани на бреговите на реките или на планините. Примерите вклучуваат Саламанка и Ледесма, изградени покрај Тормес,[4][5][6] Бермељар, Ел Кастиљо (Салдеана), Монкалво (Инохоса де Дуеро), Пикон де ла Мора (Пиконес) и Кастро де Јекла ла Виеха (Јекла де Јелтес) веднаш до Уебра, Сиудад Родриго, Ируења (Фуентегиналдо) и Лериља (Замара) на бреговите на Агуеда и Кастро де Лас Мерчанас (Лумбралес), во јамката на Камасес. Областа помеѓу Ла Армуња и Саламанка ја означувала границата помеѓу Ветоните и Вакеите, другите предримски луѓе во покраината. Тие биле сместени во североисточната област на покраината.
Географија
уредиПокраината Саламанка се наоѓа во западна Шпанија, во западниот дел на Кастиља и Леон. Има просечна надморска височина од 823 метри, но има големи варијации низ покраината, со 2,248 м е највисоката точка на врвот на Сеха Канчал во масивот Сиера де Бехар[7] и 116 м е најниската точка во долината на Салто де Саусеље. Забележан е и планинскиот венец Сиера де Франсија. Хидрографската мрежа Саламанка главно била создадена од сливот на Дуеро. Најважните реки се реките Дуеро, Тормес, Агуеда, Уебра и Јелтес.[8]
Регионот е добро наводнуван со голем број брани и акумулации, а со повеќе 3.400 милиони кубни метри, тој е покраина со трет најголем капацитет за складирање вода во Шпанија, втор само по покраината Бадахос и покраината Касерес. За посебно споменување е Алмендранската брана, на пет километри од селото Алмендра. Изградена помеѓу 1964 и 1970 година, браната е дел од хидроелектричниот систем познат како Duero Drops, заедно со Кастро, Рикобајо, Сауселе и Виљалкампо. Тој е еден од најголемите акумулации во Шпанија со површина од 86.5 км2 и 2,5 милијарди кубни метри вода.[9][10] Самата брана е широка повеќе од половина километар и на висина од 202 м, таа е една од највисоките градби во Шпанија.
Знаменитости
уредиПостојат римокатолички катедрали во Саламанка и Сиудад Родриго. Старата катедрала во Саламанка била основана од епископот Јеромеј Перигордски, во 12 век и завршена во романски/готски стил во 14 век. Посветена е на Света Марија од Столицата. Новата катедрала во Саламанка била изградена помеѓу 16 и 18 век во доцноготски и барокни стилови. Изградбата започнала во 1513 година, а катедралата била осветена во 1733 година. Нарачана е од Фердинанд V Арагонски од Шпанија. Со кралски декрет во 1887 година била прогласена за национален споменик.[11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Страница на претседателот на покраинската службена страница Архивирано на 30 септември 2013 г. (шпански)
- ↑ The Gazetteer of the World Prominence given to Great Britain and Colonies, Indian Empire, United States of America (Public domain. изд.). 1887. стр. 271–.
- ↑ „Municipios“ (шпански). Lasalina.es. Посетено на 23 декември 2021. Список на општини на покраинската службена мрежна страница.
- ↑ Ayuntamiento de Salamanca. „Historia“ (шпански). Ayunatamiento de Salamanca. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ Salvador, Diego. „El colectivismo vacceo“ (шпански). Архивирано од изворникот на 16 јули 2013. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ „Ayuntamiento de la Villa de Ledesma“ (шпански). Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ Plikat, Bernd (2011). Sierra de Gredos: Circo de Gredos, Valle del Tiétar, Valle del Jerte ; 56 excursiones y rutas de montaña selectas. Bergverlag Rother GmbH. стр. 179. ISBN 978-3-7633-4716-2.
- ↑ Moreno, M. (1996). Calidad Quimica y Contaminacion Delas Aguas Subterraneas en España, P (шпански). IGME. стр. 63. ISBN 978-84-7840-257-1.
- ↑ Engineering News-record. McGraw-Hill. 1972. стр. 24.
- ↑ The Encyclopedia Americana International Edition. 1970. стр. 325.
- ↑ Garcia Vincente, Jose (2002). „Catedral Nueva“ (шпански). Архивирано од изворникот на 21 август 2008. Посетено на 23 декември 2021.
Надворешни врски
уреди- Саламанка (покраина) на Ризницата ?