Луго (покраина)
Луго (шпански и галисиски: Lugo) — покраина во североисточниот дел на автономната заедница Галисија, северозападна Шпанија. Се граничи со покраините Оуренсе, Понтеведра и А Коруња, кнежевството Астурија, Леон и Кантабриското Море (Бискајскиот Залив) на север. Административен центар е истоимениот град Луго.
Луго Lugo | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Галисија | ||
Седиште | Луго | ||
Управа | |||
• Претседател | Дарио Кампос Конде | ||
Површина | |||
• Вкупна | 9.856 км2 (3,805 ми2) | ||
Население (2022)[1] | |||
• Вкупно | 323.989 | ||
• Густина | 33/км2 (85/ми2) | ||
Пошт. бр. | 27--- | ||
Мреж. место | deputacionlugo.gal |
Во 2022 г. населението броело 323.989 жители[1] од кои една четвртина живеат во главниот град. Градот потекнува од древно келтско време и наречен е по богот Луг (како што е и градот Лион). Подоцна името му е латинизирано во Лукус Августи и станал еден од трите најважни римски центри во Галисија заедно со Бракара Августа (денешна Брага) и Астурика Августа (денешна Асторга). Покраината има 67 општини.
Јазици
уредиНајвеќето жители го говорат галисискиот јазик како мајчин. Постарите лица знаат само галисиски. Помладите знаат и шпански, но само 10.000 жители ги владеат подеднакво добро.
Население
уредиОва е населението на покраината низ историјата:
Географија
уредиРеки
уредиПоважни реки во покраината се Мињо, Сил, Ландро, Оуро и Масмо.
Градови
уредиБр. | Грб | Град | Население |
---|---|---|---|
1 | Луго | 98.025 | |
2 | Монфорте де Лемос | 19.546 | |
3 | Вивеиро | 16.238 | |
4 | Вилалба | 15.437 | |
5 | Сарија | 13.508 | |
6 | Рибадео | 9.983 | |
7 | Фос | 9.970 | |
8 | Бурела | 9.381 | |
9 | Чантада | 9.014 | |
10 | Гитирис | 5.896 |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Луго (покраина) на Ризницата ?
- Службен портал на Луго