Отвори го главното мени
Карта на покраините во Шпанија

Шпанија и нејзините автономни заедници се делат на 50 покраини, чии граници (со мали измени) датираат од преподелбата на Шпанија во 1833 г. Единствената крупна промена оттогаш наваму е поделбата на Канарските Острови на две покраини.

Важноста на покраините се има значајно намалено со усвојувањето на автомните заедници при демократизацијата на Шпанија. Денес тие играат улога на изборни области и географски одредници, на пр. за поштенски и повикувачки броеви. Помалите места се наведуваат по покраината наместо по автономната заедница. Автономните заедници се создадени врз основа на покраините, апа затоа нема покраини што припаѓаат на повеќе од една автономна заедница.

Највеќето покраини го носат името на најважниот град во нив. Исклучок од ова се Алава, Астурија, Бискаја, Кантабрија, Гипускоа, Балеарските Острови, Риоха и Навара. Само два главни града на автономните заедници не се воедно главни на својата покраина: Мерида во Екстремадура и Сантјаго де Компостела во Галиција. Седум автономни заедници опфаќаат повеќе од една покраина: Астурија, Балеарските Острови, Кантабрија, Риоха, Мадрид, Мурсија и Навара. Овие понекогаш се нарекуваат „непокраински“ заедници.

Список на покраиниУреди

Во табелата подолу се наведени покраините во Шпанија, и тоа по азбучен ред. До секоја е наведен главниот град, автономната покраина и список на општини во покраината[1].

Име Седиште Автономна заедница Списоци на општини
  Авила Авила Кастиља и Леон Општини
  Алава Виторија Баскија Општини
  Албасете Албасете Кастиља-Ла Манча Општини
Аликанте Аликанте Валенсија Општини
  Алмерија Алмерија Андалузија Општини
  Астурија Овиедо Астурија Општини
  Бадахос Бадахос Екстремадура Општини
  Балеарски Острови Палма Балеарски Острови Општини
  Барселона Барселона Каталонија Општини
  Бискаја Билбао Баскија Општини
  Бургос Бургос Кастиља и Леон Општини
Валенсија Валенсија Валенсија Општини
  Ваљадолид Ваљадолид Кастиља и Леон Општини
  Гвадалахара Гвадалахара Кастиља-Ла Манча Општини
  Гипускоа Сан Себастијан (Доностија) Баскија Општини
  Гранада Гранада Андалузија Општини
  Жирона Жирона Каталонија Општини
  Самора Самора Кастиља и Леон Општини
  СарагоСа Сарагоса Арагон Општини
  Кадис Кадиз Андалузија Општини
  Кантабрија Сантандер Кантабрија Општини
  Касерес Касерес Екстремадура Општини
Кастељон Кастељон де ла Плана Валенсија Општини
  Кордоба Кордоба Андалузија Општини
  Куенка Куенка Кастиља-Ла Манча Општини
Ла Коруња (А Коруња) Ла Коруња (А коруња) Галиција Општини
  Лас Палмас Лас Палмас де Гран Канарија Канарски Острови Општини
  Леон Леон Кастиља и Леон Општини
  Љејда Љејда Каталонија Општини
  Луго Луго Галиција Општини
  Мадрид Мадрид Мадрид Општини
  Малага Малага Андалузија Општини
  Мурсија Мурсија Мурсија Општини
  Навара Памплона Навара Општини
  Орсенсе Оренсе Галиција Општини
  Паленсија Паленсија Кастиља и Леон Општини
  Понтеведра Понтеведра Галиција Општини
  Риоха Логроњо Риоха Општини
  Саламанка Саламанка Кастиља и Леон Општини
  Санта Крус Санта Круз Канарски Острови Општини
  Севиља Севиља Андалузија Општини
  Сеговија Сеговија Кастиља и Леон Општини
  Сјудад Реал Сјудад Реал Кастиља-Ла Манча Општини
  Сорија Сорија Кастиља и Леон Општини
  Тарагона Тарагона Каталонија Општини
  Теруел Теруел Арагон Општини
  Толедо Толедо Кастиља-Ла Манча Општини
  Уелва Уелва Андалузија Општини
  Уеска Уеска Арагон Општини
  Хаен Хаен Андалузија Општини


ПоврзаноУреди

НаводиУреди